Смеам јас?
Ја пуштив песнава чекајќи нешо добро да чујам, кога хаус -.-
Али nvm, ќе ти коментирам објективно, колку толку нешто знам за правење музика, во случајов компјутерско компонирање.
Во песната ти фали мелодија, прво.
Значи секоја песна, каква и да е, треба да има еден лајтмотив, една тема, нешто по што ќе биде карактеристична таа песна.
Ти си го ставил лајтмотивот на крајот, околу 4тата минута. Најубаво е на почеток, за да биде интересно, а после тоа можеш да го повторуваш.
Второ, многу лоша продукција.
Ова не знам да ти го објаснам пошо не се разбирам многу, ама може некој поискусен ќе сака.
Продукција е уствари обработката на една песна што се прави откако ќе се направи.
Тебе како што ти е сега песнава, треба некој што се разбира во продукција да земе и да ти ја среди.
Што се дешава од 6та, до 20та секунда?
И зошто на некои делови е тивко, па после се враќа на нормала?
Околу 2.20 почнува нешто да се дешава, ама никој нема да ти ја слуша траката што е досадна на почеток 2 минути, скрати го почетокот.
Исто, околу 2.50, што се случува? Почнува друга песна? Не ти се добро споени? Што е работата?