Компир револуција во Грција

  • Креатор на темата Креатор на темата arakenx
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
Локација
јужно од бурегџилницата на аголот
Овие од југ ги фати криза и одма почнаа да наоѓаат решенија

http://observers.france24.com/conte...rs-supermarkets-produce-katerini-thessaloniki

Во кратки црти
Фармерите излегуваат на протести поради ниските откупни цени на компирот....и во знак на протест делат бесплатно компир....ова го забележуваат група студенти и нудат решение....прават веб-страна на која луѓето можат да нарачаат компир директно од фармерите.....кога ќе се соберат доволно нарачки фармерот го доставува компирот на најблискиот паркинг....купецот плаќа двапати поголема цена отколку откупувачите но трипати помала цена отколку да го купи во супермаркет.....задоволен фармер, задоволен купувач, последица намалени цени во супермаркети

Ние секоја година го имаме истиот проблем.....откупувачите за смешни пари им го собираат трудот на земјоделците....а потоа ние го купуваме од препродавачите по неколкукратно повисока цена

Нели е крајно време земјоделците во Македонија дасе освестат, да се здружат и заеднички да настапуваат на пазарот.....и наместо парите да се одлеваат кај странските газди на маркети....парите да се вртат во локалната економија

Активистите за заштита на планетата и екосистемот имаат едно мото "Размислувај глобално - делувај локално" ...односно во конкретниов случај со купување на локално одгледана храна се постигнуваат повеќекратни придобивки.....поевтина храна, намалена потрошувачка за нафата (транспорт), намалено загадување, подршка на локалната економија и слично
 
Би завршиле ко Велија да направиме такво нешто.. :)

....да...доколку правиме малверзации и криеме данок
но доколку легално се работи и се почитуваат законите државата нема да може да ги малтретира здружените земјоделци
 
можеме вода да им носеме на грците......реалноста боли.....колку им текнало браво.......супер......(y)
 
Абе кажете за македонскиот беровскиот компир ,грчкиот може вода да му носи ме исплашивте бе не сте нормални.

ја па мислев нашиве земјоделци штрајковале
 
Не знам како им функционира таму ("трипати помала цена отколку да го купи во супермаркет"- малку дискутабилно ми е, тогаш колку им е маржата?. Инаку кој малку прошетал низ МК може да провери дека: да купиш јаболки од Ресен што продаваат покрај пат, или праски од Росоман на пазарче, или бостан и слично покрај Лозово е исто или дури и поскапо отколку да ги купиш од Тинекс. Нормално продажба без фискална. Ова е мое лично искуство.
 
Не знам како им функционира таму ("трипати помала цена отколку да го купи во супермаркет"- малку дискутабилно ми е, тогаш колку им е маржата?

Farmers here used to sell their potatoes for 0,12 cents a kilo

We set up a website for people to order potatoes and come pick them up in a parking lot, straight out of the farmers’ trucks. The farmers sell them for 0,25 cents a kilo – nearly three times less than they cost in the supermarkets!

A funny thing happened – as soon as people starting buying these cheap potatoes, all the local supermarkets started making potato “offers” where they slashed their prices from 0,70 cents a kilo to just 0,35 cents… But that’s still more expensive than what we’re offering.
 
Овие од југ ги фати криза и одма почнаа да наоѓаат решенија

http://observers.france24.com/conte...rs-supermarkets-produce-katerini-thessaloniki

Во кратки црти
Фармерите излегуваат на протести поради ниските откупни цени на компирот....и во знак на протест делат бесплатно компир....ова го забележуваат група студенти и нудат решение....прават веб-страна на која луѓето можат да нарачаат компир директно од фармерите.....кога ќе се соберат доволно нарачки фармерот го доставува компирот на најблискиот паркинг....купецот плаќа двапати поголема цена отколку откупувачите но трипати помала цена отколку да го купи во супермаркет.....задоволен фармер, задоволен купувач, последица намалени цени во супермаркети

Ние секоја година го имаме истиот проблем.....откупувачите за смешни пари им го собираат трудот на земјоделците....а потоа ние го купуваме од препродавачите по неколкукратно повисока цена

Нели е крајно време земјоделците во Македонија дасе освестат, да се здружат и заеднички да настапуваат на пазарот.....и наместо парите да се одлеваат кај странските газди на маркети....парите да се вртат во локалната економија

Активистите за заштита на планетата и екосистемот имаат едно мото "Размислувај глобално - делувај локално" ...односно во конкретниов случај со купување на локално одгледана храна се постигнуваат повеќекратни придобивки.....поевтина храна, намалена потрошувачка за нафата (транспорт), намалено загадување, подршка на локалната економија и слично
Ова со појавата на нетот одамна е измислено и се вика direct selling, елиминирање на посредниците, односно на wholesalers и retailers од синџирот за снабдување, во случајот откупувачите на големо и супермаркетите кои живеат од провизии.
 
....да...доколку правиме малверзации и криеме данок
но доколку легално се работи и се почитуваат законите државата нема да може да ги малтретира здружените земјоделци

Кај што има сила, правдина нема.. стара е оваа.. мислиш на никој не му текнало ова и тука, секако дека да.. и сум сигурен дека тоа било на некој од „ѕверките“ во фотељи ама не им се исплати.. они го немаат тој ќар како што би го имаат вака..
Да е се така зелено, Македонија би имала голем број на зеленчук од сопствено производство, солидно развиено сточарство, голем број млечни производи и месни.. да не набројувам... во Тинекс, Кам, СП маркетите, ќе има гоолем број на МК производи а многу мал број увезени секако нашите поефтино ќе се продаваат.. Би било нешто слично ко у комуњарско време, ама не прија тоа.. некому.
 
Ова со појавата на нетот одамна е измислено и се вика direct selling, елиминирање на посредниците, односно на wholesalers и retailers од синџирот за снабдување, во случајот откупувачите на големо и супермаркетите кои живеат од провизии.

....да измислено е одамна...и функционира во развиените земји...а најмногу во скандинавските, потоа Германија, Швајцарија и Австрија и таму функционира многу подобро и поорганизирано

...но на Балкан (разединети, раскарани и со водечки мотив да ми цркне козата ама на комшијата двете) ова мислам дека е прв случај кој добил публицитет и кој почнал да функционира....јужниве требаше ептен да им се стегне јажето околу вратот па да почнат да соработуваат меѓусебно

Прашањето е уште колку треба да се стега јажето околу нашиот врат па да се освестиме и да сватиме дека сами не можеме да постигнеме ништо ....дека треба да се организираме...да се групираме

Врбата се витка (покорува) под налетите на ветерот и напредува (се размножува) се додека не станат многу врби - ѕид наспроти ветрот.
 
А ти забораваш дека сме мал пазар и дека не се што ќе биде произведено од земјоделците може да се продаде тука, односно мора да оди за извоз, во таа насока на барање на купци од странство дури и е препорачливо. Инаку еве зелените пазари ти се типично елиминирање на посредниците, каде земјоделците сами си ги продаваат своите производи.
 
Па на времето се искоцкаа ја направија Гевгелија Македонски Лас Вегас сега ќе дава бесплатно компир. После крив му е некој?
 
А ти забораваш дека сме мал пазар и дека не се што ќе биде произведено од земјоделците може да се продаде тука, односно мора да оди за извоз, во таа насока на барање на купци од странство дури и е препорачливо. Инаку еве зелените пазари ти се типично елиминирање на посредниците, каде земјоделците сами си ги продаваат своите производи.

На зелените пазари (посебно низ Скопје) немаш земјоделци...сите тезгаџии се прекупци...земјоделецот нема можност истовремено да произведува (копа, наводнува, собира) и да дреме на тезга
....и најчесто прекупци од Тетово, Гостивар и Скопје...одат со камиони на исток...ги уценуваат земјоделците, а потоа по неколкукратна цена ги продаваат истите производи
 
Според мене штосот е во брендирањето на нашите производи како би можеле полесно да се пласираат на странските пазари.Еве,мислам дека беровци го брендираа нивниот вкусен и одличен компир и сега немаат проблеми со пласманот.Исто така,треба да се води сметка за домашните потрошувачи,да им се обезбеди доволна количина на п-ди(во овој случај компир) и секако по пристојна цена за македонскиот пазар и стандард.Секоја чест за идејата на грчките студенти,само кај беа кога немаше криза и кога дрпаа без усул пари од еу-фондовите? Тогаш не им беше проблем да го плаќаат компирот во маркет по цена од 1 евро за кило? Слична работа можеме да направиме и ние кај нас,само ќе треба да се здружиме,некој да изработи веб-сајт,некој да поработи на пуштањето на информацијата меќу народот(маркетингот),некој ќе треба да ги убедува земјоделците,бидејќи после децении крадење и дерење,и тие станаа скептични на секоја новина
 
Да тука си во право, особено кога се работи за Кванташки каде има тргување на големо, иако преку лето знам и доста кои доаѓаат од други градови со камиони и буквално продаваат на улица. Како и да е порастот на цената на горивата ќе си го направи своето.
--- надополнето: 27 март 2012 во 12:06 ---
Според мене штосот е во брендирањето на нашите производи како би можеле полесно да се пласираат на странските пазари.Еве,мислам дека беровци го брендираа нивниот вкусен и одличен компир и сега немаат проблеми со пласманот.Исто така,треба да се води сметка за домашните потрошувачи,да им се обезбеди доволна количина на п-ди(во овој случај компир) и секако по пристојна цена за македонскиот пазар и стандард.Секоја чест за идејата на грчките студенти,само кај беа кога немаше криза и кога дрпаа без усул пари од еу-фондовите? Тогаш не им беше проблем да го плаќаат компирот во маркет по цена од 1 евро за кило? Слична работа можеме да направиме и ние кај нас,само ќе треба да се здружиме,некој да изработи веб-сајт,некој да поработи на пуштањето на информацијата меќу народот(маркетингот),некој ќе треба да ги убедува земјоделците,бидејќи после децении крадење и дерење,и тие станаа скептични на секоја новина
Ете добра бизнис идеја за веб трејд портал, кој што ќе биде место за остварување контакти помеѓу понудувачи и купувачи, би функционирал по принципот на онлајн аукции или reverse bidding (тендери), би овозможил онлајн плаќање и посредување со трети странки како банки, а зошто да не организирање и испорака на пратки. Колку помасовен би бил овој портал односно би опфаќал повеќе земји од регионот толку поисплатлива би била оваа бизнис идеја.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom