Кабала и нејзината симболика

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
За фактот дека Кабалата е основа на сите окултистички организации бев баниран од темата за масоните, што значи дека покрај докажувањата од моја страна, ми беа бришани постовите и ме правеа луд. Кој од масоните (пример) го потврдува тоа? Ако го потврди ќе им падне маската за некаква организација каде си играат само покер и грицкаат семки, а не да се занимаваат со окултизам.
Одговорив за концептот на Бог и вашето перцепирање за било каков смисол на именката бог или богови е погрешен од моментот кога сте зависни од работи кои неможете да ги контролирате (емоции, судбина, смрт - поготово за последово ќе се увериме после смртта дали вашиот концепт или мојот бил правилен :) )
Што се однесува до навредите, Седмограм и ти не бевте и некои џентлмени на постовите од Масоните кои за жал беа избришани, а твоите запретувања ми беа на приватен. Знам дека нападот е најдобра одбрана ама кај мене, младичи, тоа не пали. Стара школа сум јас.
Ти не ги цитираше масоните за да бараш контрааргумент, туку цитираше телемит. Што мешаш баби и жаби?! Или кога ќе увидиш дека немаш одговор, ја менуваш темата? Тоа што ти ги ставаш сите во еден кош, незначи дека навистина сите се во него.
Се расфрлаш со обвинувања, навредуваш, шириш стереотипи и невистини и после се чудиш зошто те банирале?
За да бидеш џентлмен кон некого, треба и тој да биде кон тебе. Зарем небеше христијанскиот принцип - "Прави им го на другите тоа што сакаш тебе да ти го прават"?! Каков однос очекуваш од мене, кога наместо аргументи користиш навреди? Што очекуваш? Да ти го свртам другиот образ?
Твоите теми кој ги отвараш имаат само една цел - да ги претстават окултните организации како нешто мрачно и зло, и за таа цел наместо факти, користиш лаги и заблуди.

Јас никого од вас не нераков телетабис, гомнојадец или било што слично за разлика од тебе, и сега уште ти си силниот кој вели дека бил навредуван?!
 

Aleksandar Nevski

Окултисти свих земаља ... чувајте се! Доваѓам!
Член од
9 октомври 2011
Мислења
1.074
Поени од реакции
350
Точно, не посочуваат на материјалности,ако сето ова е поврзано со материјалниот свет,постоењето, имањето, просторот,времето ,случајноста и веројатноста ќе се вика онтологија односно централен дел на метафизиката.
Друго не ја негирај книгата Зохар затоа што ти кажав дека тие ангели, демони и небесни суштества со фантастичните моќи не се извадени само од тората туку и од библијата. Контрадикторно е да се декларираш како православен верник со преголемо знаење а во својот стаф да си ја негираш библијата.
Многу ми е познато дека секоја религија мисли за другите дека се погрешни. Но неможам да разберам зошто православието секогаш не само што ги негира религиите туку ги напаѓа и науките.
Световите на Кабалата, царството, ангелите па дури и демоните не се вистинити туку се измислени и постојат само во фантазија (значи не постојат), спротивно на Божјето Царство, ангелите, на злите духови и пеколот за кои зборува Мојсеј (во Тората) и Библијата. Се работи за лажни светови кои лошите духови ги создаваат во фантазијата на равините и не се ниту материјални, ниту духовни ниту свети, туку едноставно лажни како и соништата.
Така Кабалата може само да посакува дима одговор за метафизиката и за онтологијата на духовниот свет, но не може да даде ниту еден вистински одговор затоа што не е базирана на Божјата Благодат, туку на лажни виденија кои се креираат во човечкиот ум од страна на злите духови. За тоа Христос вели оти ја имаат лагата во нив и се обманети сите оние кои веруваат на таквите лаги. Нивната лажна светлина всушност представува темнина.
Една од поголемите лаги на демоните е дека постои реинкарнација. |ртва на таа лага е и рабинот Јехуда (или како што си пишал Јуда) Ашлаг кој си замислуваше, измамен од злите духови, оти го напишал Зохарот, сметајќи се себеси реинкарнација на Лурија и претходно на Симеон бен Јохаи (!!!?). Показател на таа измама ѓаволска е дека Симеон бен Јохаи не го напишал Зохарот, туку нејзиниот творец е Мојсеј де Леон, илјада години подоцна.
Што се однесува до нападот на Православието, сметам дека воопшто не си запознаен со исотот бидејќи повеќето од црковните оци биле филозофи и науката и те како била развиена во Византија каде постоела и првата академија. За жал, малкумина од вас кои ја примате светлината од западот” сте барем тронка запозаени со вистинското Православие.
Ти не ги цитираше масоните за да бараш контрааргумент, туку цитираше телемит. Што мешаш баби и жаби?! Или кога ќе увидиш дека немаш одговор, ја менуваш темата? Тоа што ти ги ставаш сите во еден кош, незначи дека навистина сите се во него.
Се расфрлаш со обвинувања, навредуваш, шириш стереотипи и невистини и после се чудиш зошто те банирале?
За да бидеш џентлмен кон некого, треба и тој да биде кон тебе. Зарем небеше христијанскиот принцип - "Прави им го на другите тоа што сакаш тебе да ти го прават"?! Каков однос очекуваш од мене, кога наместо аргументи користиш навреди? Што очекуваш? Да ти го свртам другиот образ?
Твоите теми кој ги отвараш имаат само една цел - да ги претстават окултните организации како нешто мрачно и зло, и за таа цел наместо факти, користиш лаги и заблуди.

Јас никого од вас не нераков телетабис, гомнојадец или било што слично за разлика од тебе, и сега уште ти си силниот кој вели дека бил навредуван?!
Па нели ти самиот рече во предходниот пост оти никој не изнесува противаргумент на фактот дека сите окултистички организации се базирани на Кабалата. Кога се сите во истиот кош како да двоиш некој од него. Па и твојот мастер на истиот подфорум тврдеше дека исти ви се епиклезите со масоните, ај не ме замарај многу. Ако имаш нешто да кажеш како контрааргумент на моите ставови те молам изнеси го на цивилизиран начин. Ако имаш комплекс на недоволно знаење и вечно живеење во сенка на твојот мастер излечи си го на друг начин, немој на мене. BTW гледам колку арогантно и со иронија им пристапувате на сите кои не го делат вашето мислење и покрај обостраното почитување на Кабалата, врати се неколку страни наназад на темава па делата ваши ќе зборат за вас. Кај мене нема да пројде вашиот (не)ооднос и (не)толеранција.
Бидејќи не ја познавате Православната вера затоа и говорите само она кое ви одговара. православието секогаш најостро и секогаш со контрааргументи се борело против секаков вид на ерес (тука спаѓа и Гностоцозмот од кој што влечете корени и кој своевремено дебело изгубил од Православната теологија и догматика). Затоа не ми збори за образи пошто како што гледам немаш таков на себе. Ставот мој во врска со вашиот темен окултизам е став на повеќето жители на Земјината топка и не за џабе бил осудуван тоооолку векови наназад. Не секој може да биде обманет, но затоа секој си има право да си одбира во што и како да верува. Мое (и на истомислениците) е да продолжувам да разобличувам и понатаму секаков вид на ерес.
Знам дека твојот мастер ве праќа наместо него да одговарате и да провоцирате и со тоа ми дава за право да претпоставивам дека неговото знаење за кабалата е помало од моето. Ми се плаши? И јас ја имам доста време проучувано ереста на кабалата па слободно ќе му парирам.
P.S: Сатирата која ја употребувам отсекогаш била средство за благо критикување а не навреда како што тоа го правите вие. За да може еден нормален човек да ја свати треба да се има доблест, разбирање, смиреност и многу други квалитети кои вие за жал, но сосема логично покажувате декане ги поседувате. Слободно возвраќајте и вие со сатира, немам пробем, дури и би било пожелно, но навреди... не.
P.S.2: Телетабиси имаат иста нумеричка вредност со тафтабити и телемити, затоа подобро телетабиси него тафтабити, се сложуваш?
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.203
Поени од реакции
12.200
Диши, соземи се... кај се залета.


Јас ти одговорив веќе зошто не ти враќам на твоите навидум ок размисли за кабалата... нема што да се зборува со тебе во врска со кабалата. Ти си православен рисјанин и немаш допир со кабалата. Не ја загадувај темата, ќе побарам да те санкционираат ако продолжиш да спамираш. Отвори си своја тема каде што ќе ги навредуваш сите што не се православни христијани и кои ги сметате за еретици и таму си барај контра аргументи.

Јас за нечие бладање не можам да најдам соодветни контра аргументи.
Ако знаеш нешто за кабалата повели зборувај, а да ми дриблаш во место и да ме повикуваш да ти дадам контра аргументи, тоа не бидува.

П.С. И не биди контрадикторен. Ако секој има право да верува во што сака и како сака ти си најнебитниот судија кој што ќе суди некој дали е еретик или не. Твоите размисли за масони, телемити, розенкројцерски редови, суфи мистици, тантра школи се небитни и се замаглени од омразата спрема она што не го познаваш и ти е далечно. Верувај си во што сакаш и како сакаш и остави не нас „еретиците“ да си го одиме патот.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Па нели ти самиот рече во предходниот пост оти никој не изнесува противаргумент на фактот дека сите окултистички организации се базирани на Кабалата. Кога се сите во истиот кош како да двоиш некој од него. Па и твојот мастер на истиот подфорум тврдеше дека исти ви се епиклезите со масоните, ај не ме замарај многу.
Прво! Јас немам никаков "мастер", ниту некој ме праќа да правам или пишувам било што!
Хептаграм пред се ми е пријател, а не предпоставен. Никогаш во ниеден случај никој не ми кажал дали и што да пишувам на овој форум!
Твојата вера клеветата ја смета за една од најголемите гревови, имај го тоа на ум кога друг пат ќе пишуваш лаги како овие!
Второ! Противаргумент барај од оние што ти тврделе дека окултните организации не ја користат кабалата, телемити такво нешто не ти тврделе, тоа е факт! Повели докажи го спротивното ако не е така!
BTW гледам колку арогантно и со иронија им пристапувате на сите кои не го делат вашето мислење и покрај обостраното почитување на Кабалата, врати се неколку страни наназад на темава па делата ваши ќе зборат за вас. Кај мене нема да пројде вашиот (не)ооднос и (не)толеранција.
Слободно прашај ги учесниците во темава дали имало арогантен однос кон нив.
Јас немам проблем некој да не го дели мислењето со мене, проблемот во твојов случај е што шириш омраза, лаги и заблуда за нешто кое ниту го разбираш ниту го познаваш! Згора на тоа плачеш и се жалиш што потоа те банираат.
Бидејќи не ја познавате Православната вера затоа и говорите само она кое ви одговара. православието секогаш најостро и секогаш со контрааргументи се борело против секаков вид на ерес (тука спаѓа и Гностоцозмот од кој што влечете корени и кој своевремено дебело изгубил од Православната теологија и догматика). Затоа не ми збори за образи пошто како што гледам немаш таков на себе. Ставот мој во врска со вашиот темен окултизам е став на повеќето жители на Земјината топка и не за џабе бил осудуван тоооолку векови наназад. Не секој може да биде обманет, но затоа секој си има право да си одбира во што и како да верува. Мое (и на истомислениците) е да продолжувам да разобличувам и понатаму секаков вид на ерес.
Ти слободно теши се дека гностицизмот изгубил (па уште и дебело:pos:) од православната теологија и догматика.
Времето на умирачките богови помина, законот на новиот еон ги покажува своите плодови на секој чекор! Духот на новото време чии вредности ги гледаме денес сигурно не се плод на вашата православна теологија и догматика!
Неможеш ти ништо да разобличиш, затоа што си потонат и заслепен во заблуди!
 
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
Световите на Кабалата, царството, ангелите па дури и демоните не се вистинити туку се измислени и постојат само во фантазија (значи не постојат), спротивно на Божјето Царство, ангелите, на злите духови и пеколот за кои зборува Мојсеј (во Тората) и Библијата. Се работи за лажни светови кои лошите духови ги создаваат во фантазијата на равините и не се ниту материјални, ниту духовни ниту свети, туку едноставнолажникако и соништата.
Така Кабалата може само да посакува дима одговор за метафизиката и за онтологијата на духовниот свет, но не може да даде ниту еден вистински одговор затоа што не е базирана на Божјата Благодат, туку на лажни виденија кои се креираат во човечкиот ум од страна на злите духови. За тоа Христос вели оти ја имаат лагата во нив и се обманети сите оние кои веруваат на таквите лаги. Нивната лажна светлина всушност представува темнина.
Една од поголемите лаги на демоните е дека постои реинкарнација. |ртва на таа лага е и рабинот Јехуда (или како што си пишал Јуда) Ашлаг кој си замислуваше, измамен од злите духови, оти го напишал Зохарот, сметајќи се себеси реинкарнација на Лурија и претходно на Симеон бен Јохаи (!!!?). Показател на таа измама ѓаволска е дека Симеон бен Јохаи не го напишал Зохарот, туку нејзиниот творец е Мојсеј де Леон, илјада години подоцна.
Што се однесува до нападот на Православието, сметам дека воопшто не си запознаен со исотот бидејќи повеќето од црковните оци биле филозофи и науката и те како била развиена во Византија каде постоела и првата академија. За жал, малкумина од вас кои ја примате светлината од западот” сте барем тронка запозаени со вистинското Православие.
Абе Невски, сите религии зборуваат за правила одредени за односите на луѓето, но нема никаква врска со поправањето на егоизмот до состојба на љубов меѓу луѓето. Дали сме тука јасни за да ја продолжиме дискусијата?
Зарем не го разбираш општиот закон на природата кој според него ние луѓето сме поврзани имено влијаеме еден на друг. Значи суштината на кабалата претставува метод на кој луѓето се поврзани.Овој метод го отркил Аврам и се нарекува "Аврамов метод"(претпоставувам знаеш за Аврам, да не го објаснувам развитокот на кабалата). Пример нашиот диалог-контакт е тој метод кој се развива во одличен правец, не го разбирај методот буквално како кајгана или интернет тоа е нешто од природата што го бара од нас како инклузивна, интегрална и глобална.
Меѓутоа човекот конкретно ние да се земиме во истиот пример сме егоистични, ја нарушуваме таа рамнотежа сакаме да се напаѓаме еден према друг, значи ја носиме дискусијата во нарушување, омраза еден спрема друг, и на крај нашиот диалог замрува тотално е уништен, не остваруваме контакт. Значи овој контакт оваа воспоставена врска меѓу нас нарушена се претворува во јудаизам односно како што кажа ти креаторот Јухеда Ашлаг (Јуда). Што кабалата воопшто не го оправдува односно тој ја нарушува кабалата.
Понатаму за религиите не сакам да зборувам, само ќе се убедуваме, сакав да ти ја покажам светлата страната на кабалата а не ти како што ја замислуваш.
Значи уште еднаш да потврдам- природата што го остварува контактот меѓу нас на мудар и љубезен начин се нарекува метод на кабалата, така се создава културата на народот имено егоизмот до состојба на љубовта меѓу луѓето. Со прости зборови кога ние ќе пронајдеме правилен метод на зближување како луѓе и интерпретираме мудрост почит еден спрема друг и го доживееме тоа пријатно чувство значи сме го доживеале Аврамовиот метод. Во спротивно ти кажав ако не ја разбериш суштината ќе завршиш со имагинација како производ и едукација од диалогот.
--- надополнето: 26 март 2012 во 03:13 ---


Уште нешто заборавив да напишам за материјалностите каде што ги спомена. Во претходниот пост се изјаснав дека материјалноста= метафизика, нематеријалноста( духовноста)= кабала. Никогаш кабалата нема да посака да се сплоти со метафизиката, само на поинаков начин односно непросторен духовен начин еден прав кабалист може да ја доживее.
Кажи ми што си по професија, или што ти е хоби, или дали читаш романи, каков и да е пример поврзан со материјалност значи (слика, песна...што и да е) само гледај да е позитивно нешто со позитивен историски настан при кој си ти поврзан, за да дадам компетентен пример- одговор на ова недоразбирање;)
 

Aleksandar Nevski

Окултисти свих земаља ... чувајте се! Доваѓам!
Член од
9 октомври 2011
Мислења
1.074
Поени од реакции
350
...И не биди контрадикторен. Ако секој има право да верува во што сака и како сака ти си најнебитниот судија кој што ќе суди некој дали е еретик или не.
Не сум контрадикторен затоа што секој може да верува во што сака, но тоа не значи дека е во право. А јас сум тука поради балансот на природата на настаните и сум по ваша воља. На вас сум ви потребен, не вие на мене. Ионака вие си чините како ве е ќеиф (таков ви е законот) и тоа е најголем егоизам на една етика и морал кои никаде ќе немаат критериум за да бидат споредени со нешто. Затоа и сета "филозофија" ви е смешна и безвезна. Тоа што сакаш да ме "санкционираш" поради спамови не го делиш и за својот клон истомисленик апсимус? Јас само одговарам на конкретни работи и ако то ви смета, мене тоа вољата ми го дозволува. Како второ, јас не сум тој што суди, туку Црквата Христова која е една институција со длабок историски углед која што одамна се справила со такви појави како вашите кои за жал нит се први нит последни кои се појавиле и ќе се појауваат во разни варијации.
...Слободно прашај ги учесниците во темава дали имало арогантен однос кон нив.

Јас немам проблем некој да не го дели мислењето со мене, проблемот во твојов случај е што шириш омраза, лаги и заблуда за нешто кое ниту го разбираш ниту го познаваш! Згора на тоа плачеш и се жалиш што потоа те банираат.
Ти слободно теши се дека гностицизмот изгубил од православната теологија и догматика.
Времето на умирачките богови помина, законот на новиот еон ги покажува своите плодови на секој чекор! Духот на новото време чии вредности ги гледаме денес сигурно не се плод на вашата православна теологија и догматика!
за првото болд, не треба да прашувам, башиот однос е очигледен за секоја нормална особа.
за второто, јас не ширам омраза, туку најверојатно вие неможете а се соочите со вистините што ви ги изнесувам па барате начин да ме отстраните, несмасно...
за третото, изгубил и тоа како, колку телемити сте во светов? или колку окултисти се на се? Повеќе од сите православни верници? Или на историски план да споредуваме? Мисли пред да пишеш, не само воља па воља...
четврто, за тоа ќе видиме, живи били па видели (па дури и умрли па видили)
петто, новиот поредок кој се спрема ќе му бидат многу кратки нозете затоа што тој што го плукате и го исмејувате ќе и стави точка. Само 7 години ќе се радувате, та сетне...?!
Моето познавање на Кабалата не значи дека треба да бидам кабалист, телемит, масон или било каков окултист па да биде признаено од луѓе кои спротивно на мене, не ја разбираат.
Абе Невски сите религии зборуваат за правила одредени за односите на луѓето, но нема никаква врска со поправањето на егоизмот до состојба на љубов меѓу луѓето. Дали сме тука јасни за да ја продолжиме дискусијата?...итн
Дечко, што да ти кажам... мислам дека за дијалогот што збориш - кога се работи за вера во Бога и спасение, а не за секојдневни работи, треба да е базиран на вистина, за духовниот свет, а не на лаги и фантазирања (како на работите кои ги гледале рабините, Алистер Коули и слични па дури и многумина од нив биле под дејство на наркотици, метод кој е одобрен од окултистите и помага за добивање на визии) кои се предизвикани од злите духови (ѓаволи, демони, како сакаш кажи ги). Кабалата кога им верува на злите духови (пример Аивас - Aiwass на Коули) кој секако не е тој што се представува (или барем како што го протолкуваа) и не може да води ниту кон вистинска вера ниту кон спасение.
Кабалата и покрај тоа што збори за покајание, одфрлање на егоизмот и за добрина, не верува во ниту едно од наведените затоа што се потпира врз хранење на егоизмот и го убедува човекот дека може да го спаси "бога" преку безмислени и нелогички методи како на пример гематријата итн. Еден човек кој се умислува дека може да го спаси Бога е арогантен и е невозможно со таков да се води дијалог затоа што верува дека е избраник на универзумот, ѕвезда, бог... Таков човек е толку заслепен од лагите демонски што многу тешко е за него да го спознае вистинскиот Бог - Христос (а многу често и самиот избира да не го спознае). Што се однесува до нематеријата која ја спомена, показател на лошотијата на ѓаволот е дека ги поучува кабалистите дека Бог во едно од погорните фази на постоење е нематерија, што значи едно големо ништо. Враќањето кон тоа ништо е лажното спасение кое го нуди кабалата до крајно уништување на доброто и злото. Прашањето не е во врска со предобриот Бог, туку уништувањето на спротивностите и враќањето во ништо. Се надевам да можеш да ја препознаеш лукавоста на ѓаволот во сета таа теорија.
--- надополнето: 26 март 2012 во 18:31 ---
@Nevski: Кога само би знаел колку кабалистички референци има во Стариот и Новиот Завет....
А кога ти би знаел колку нема...
 
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
--- надополнето: 26 март 2012 во 18:31 ---
.
Зошто доаѓам до заклучок дека не го прочита мојот пост, туку како утрински весник го разлиста?
Претпоставувам дека зборуваш шаблонски, дадов широко образложение на твојата заблуда, а ти како контекс ја извади првата реченица како цитат и си го искажа своето мислење скоро идентично на претходното и пред претходното.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.203
Поени од реакции
12.200
Телемата е закон бре, што се буниш. Философијата ни е одлична и е далеку од егоизам.
Не сум контрадикторен затоа што секој може да верува во што сака, но тоа не значи дека е во право. А јас сум тука поради балансот на природата на настаните и сум по ваша воља. На вас сум ви потребен, не вие на мене. Ионака вие си чините како ве е ќеиф (таков ви е законот) и тоа е најголем егоизам на една етика и морал кои никаде ќе немаат критериум за да бидат споредени со нешто.
И пак контрадикторен си...
Оди на подфорумот телема , и види што зборувам јас за волјата, а што за ќефот(желбата) и дали се исти и како чистата волја на човека е онаа божествената што вие христијаните ја зборувате, муслиманите ја спомнуваат, па и далечниот исток . Само неуки и неупатени зборуваат вака колку да се каже нешто и шират омраза заради нивното неразбирање на светот.
Но тоа не е темата овде.

И пак ист муабет... ти си ни потребен, ние тебе не... ќе не суди оној овој... Кроули е ова не она... откровението од новиот завет не е под дејство на наркотици, кај другите е под дејство на наркотици... ако не е признаено од христијанската црква тогаш се е демони и фантазии...
Црквата мене не ме суди. Можеби ти сакаш некој мене да ме суди, но ете се погоди да не ме суди.

Си напишал и нешто вакво: „ Кабалата кога им верува на злите духови (пример Аивас - Aiwass на Коули) кој секако не е тој што се представува (или барем како што го протолкуваа) и не може да води ниту кон вистинска вера ниту кон спасение.“
Целата реченица е хаос и треб а 3-4 страни да се поправи твојата размисла. Но ок, ти си рисјанин тебе се ти е зол дух... голуб да ти слета на рамо ти ќе го застрелаш бидејќи Луцифер може да се преправи и дека е голуб, нели.

Па добро... гледам и видовит си бил... 7 години ќе ни се даде власт и потоа све ќе се ништо. „Новиот“ поредок изгледа само тебе ти е нов и го чекаш да дојде... Браво!

Држи се до темата, за телемата оди на подфорумот Телема ќе си помуабетиме, ми требаат соговорници (дури и оние кои не се многу запознаени со темата).
--- надополнето: 26 март 2012 во 21:23 ---
Зошто доаѓам до заклучок дека не го прочита мојот пост, туку како утрински весник го разлиста?
Претпоставувам дека зборуваш шаблонски, дадов широко образложение на твојата заблуда, а ти како контекс ја извади првата реченица како цитат и си го искажа своето мислење скоро идентично на претходното и пред претходното.
Ништо тој не чита... радувај се ако е и како утрински... тој си има во главата зацртано дека кабалата е зло, евреите се зло, масоните се зло, телемити се зло, муслимани се зло... освен православните христијани.

Такви ко него кои немаат разбирање создаваат непријателства и војни кои ги потоа велат другите се криви работеле зад кулиси.
Видено веќе...
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
за првото болд, не треба да прашувам, башиот однос е очигледен за секоја нормална особа.
за второто, јас не ширам омраза, туку најверојатно вие неможете а се соочите со вистините што ви ги изнесувам па барате начин да ме отстраните, несмасно...
Кој се тие вистини? Која црна вистина ти си кажал, па ние што не сме можеле да се соочиме?! :pos:
Дали тоа можеби е вистината дека не си ширел омраза? Тогаш оваа порака на твојот профил, сигурно е излив на љубов и милост нели:
Ротари, Темплари, Илуминати, Малташки Гомнојадци, Масони, Сионисти, све е тоа Кабалистичко срање у различни бои!
За тебе ова е аргумент?! За тебе ова не е ширење омраза?! :tapp: Абе оди скрисе некаде!

за третото, изгубил и тоа како, колку телемити сте во светов? или колку окултисти се на се? Повеќе од сите православни верници? Или на историски план да споредуваме? Мисли пред да пишеш, не само воља па воља...
Ти мислиш дека бројноста е адутот со кој православието "победило"?! :pos:
Што правиме со фактот дека во светот има 22 милијарди кокошки?!:vozbud: Јас да сум мислел пред да пишам....!:pos: Ти си легенда човече!

П.С. Еве ти нешто од книгата на законот за бројноста и владеењето:

Liber AL vel Legis
Поглавје I
10. Нека бидат моите служители малубројни и тајни; тие ќе владеат со мнозинството и знајните.
четврто, за тоа ќе видиме, живи били па видели (па дури и умрли па видили)
петто, новиот поредок кој се спрема ќе му бидат многу кратки нозете затоа што тој што го плукате и го исмејувате ќе и стави точка. Само 7 години ќе се радувате, та сетне...?!
Моето познавање на Кабалата не значи дека треба да бидам кабалист, телемит, масон или било каков окултист па да биде признаено од луѓе кои спротивно на мене, не ја разбираат.
Така е, живи били па видели, ти во меѓувреме продолжи да не разобличуваш! Гледам партали не направи.....МАСАКАР! :pos:
 

Aleksandar Nevski

Окултисти свих земаља ... чувајте се! Доваѓам!
Член од
9 октомври 2011
Мислења
1.074
Поени од реакции
350
Телемата е закон бре, што се буниш. Философијата ни е одлична и е далеку од егоизам...

Оди на подфорумот телема , и види што зборувам јас за волјата, а што за ќефот(желбата)...

...откровението од новиот завет не е под дејство на наркотици, кај другите е под дејство на наркотици... ако не е признаено од христијанската црква тогаш се е демони и фантазии...
Црквата мене не ме суди. Можеби ти сакаш некој мене да ме суди, но ете се погоди да не ме суди.

Си напишал и нешто вакво: „ Кабалата кога им верува на злите духови (пример Аивас - Aiwass на Коули) кој секако не е тој што се представува (или барем како што го протолкуваа) и не може да води ниту кон вистинска вера ниту кон спасение.“
Целата реченица е хаос и треб а 3-4 страни да се поправи твојата размисла....

Па добро... гледам и видовит си бил... 7 години ќе ни се даде власт и потоа све ќе се ништо. „Новиот“ поредок изгледа само тебе ти е нов и го чекаш да дојде... Браво!

Држи се до темата, за телемата оди на подфорумот Телема ќе си помуабетиме, ми требаат соговорници (дури и оние кои не се многу запознаени со темата).
за првото: Закон е за тебе и вашите, не за мене и останатите.
за второто: не се сеќирајте, и Невски ве љуби ;)
за третото: Отковението е во духот на Стариот и Новиот Завет, нема ново учење и да го осудуваш Откровението е исто како да ги судиш и старозаветните пророци за користење на наркотици. За учењата како на демонот Aiwass и сличните веќе е предупредено од Светото Писмо и се окарактеризирани уште пред да се случат. И најважното, по кое се гледа вашето познавање на Православието, Црквата никогаш не осудува лица туку учења, младичи...
за четвртото: За конкретното кажано ти е одговорено во една реченица а не на 3-4 страни на подфорумот, мислам дека одговорот беше од некојси Мики. Погледни си го, а не како да прелистуваш Утрински...
за петтото: 7 годнини од кои само на 3,5 ќе им се радувате. Протолкувано е уште од Стариот Завет, ама тоа на "познавачи" како вас незнам како им се испуштило од видот...
за шестото: Само човек егоист може да тврди дека знае се и воедно да го напаѓа соговорникот за наводно помало знаење. Тоа е само показател на многу работи, незнам дали вреди да ги наведам...

.'./... и слични точкасти знаци у продолжение.
Младичу, приземи се малку, оди степај некоја видео игра на компјутерот и врати се после тоа во реалноста. Со таков памет самите неможете да се управувате а не пак да владеете со мнозина. Да не ви се Ционистите во позадина ќе бевте историја но... што е - тука е. Се што имате им го должите ним.
Што се однесува до начинот на кој што се изразуваш и на правописните грешки се гледа дека си доста начитан, секоја чест. Поготово како ги користиш смајлите... Според вашето однесување и знаење на тебе и на мастерот не би ви дал повеќе години во распон од почетокот на тинејџерството па се до годините на Филип Петровски. Забавувајте се додека можете, младичи... Тоа ми е кефот. Ве љуби Невски.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.203
Поени од реакции
12.200
Невски, кабала момче кабала... ајде... гукни нешто.
Имаме уште 3.5 години, па да научиме уште нешто за тоа време па да умираме :)
Старозаветните пророци не ми смета и ако земале супстанции. Во стариот завет барем има еврејски кабалистички тајни кои што рисјаните ги прескокнуваат како да е тоа чума.
Но што можеме ние во врска со тоа?
Црквата вели... но не секој и дава авторитет на христијанската црква. Некој божественото го препознава и стигнува до него ете на друг начин. И сега што, сите сме осуденици од твојата црква? Абе ајде...

П.С. Хептаграм би сакал да те љуби но некако не му оди :) Тешко искушение ми е дадено, да ги љубам рисјаните! Ах...
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Невски, кабала момче кабала... ајде... гукни нешто.
Имаме уште 3.5 години, па да научиме уште нешто за тоа време па да умираме :)

П.С. Хептаграм би сакал да те љуби но некако не му оди :) Тешко искушение ми е дадено, да ги љубам рисјаните! Ах...
Абе 100% си роден како нехристијанин...нели? :)
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.203
Поени од реакции
12.200
Абе 100% си роден како нехристијанин...нели? :)
Роден сум како човек...
И не сум крстен во црква... чудно е тоа?

П.С. Други прашања во врска со тоа што е и кој е Хептаграм? Или да продолжиме со кабала? ;)
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Младичу, приземи се малку, оди степај некоја видео игра на компјутерот и врати се после тоа во реалноста. Со таков памет самите неможете да се управувате а не пак да владеете со мнозина. Да не ви се Ционистите во позадина ќе бевте историја но... што е - тука е. Се што имате им го должите ним.
Што се однесува до начинот на кој што се изразуваш и на правописните грешки се гледа дека си доста начитан, секоја чест. Поготово како ги користиш смајлите... Според вашето однесување и знаење на тебе и на мастерот не би ви дал повеќе години во распон од почетокот на тинејџерството па се до годините на Филип Петровски. Забавувајте се додека можете, младичи... Тоа ми е кефот. Ве љуби Невски.
Не си ни прв ни последен што се фаќа за правописот, кога нема што друго да одговори...:)
За мене тоа е доволна садисвакција.
Со оглед на тоа што нема што да кажеш во врска со темава, мојот дијалог со тебе на оваа тема, завршува тука. А за начитаноста, има сосема доволно теми, повели на било која од нив, доколку имаш што да кажеш.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.203
Поени од реакции
12.200
И откако си поприкажавме со форумџиите за работи што немаат врска со темата...
Ајде сега малку кабала...

Ете еден школски пример...
Го споменавме претходно методот наречен нотарикон. Според него ако имаме една реченица и ако ги земеме првите букви од секој збор што ја градат таа реченица се добива(не секогаш) збор кој што дава подлабоко разбирање и разобличување на таа реченица.

На пример во еврејскиот закон стои ова: מי יעלה לנו השמימה што во слободен превод би било „Кој ќе оди во рајот?“, „Што ќе не чини рајот“ ако сакате поточно.

Според нотариконот се добива מילה што во превод замислете значи обрезување (сунет). Ако пак ги земете последните букви од секој збор се добива יהוה што сите знаеме што значи и нема да го прочитаме (како што прават и добрите рабини) и ќе го наречеме Тетраграматон.

Значи од ова прашање дознаваме и што е одговорот без да талкаме низ законот.
Богот(преку своето четириделно име) поставил пат како евреите да дојдат до рајот! Да се обрезуваат, и тоа го сокрил во прашањето на кое се бара одговор!

Сега ние како прибирливи и логичари, нема да го послушаме богот и ќе си носиме казна според законот. ;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom