...И не биди контрадикторен. Ако секој има право да верува во што сака и како сака ти си најнебитниот судија кој што ќе суди некој дали е еретик или не.
Не сум контрадикторен затоа што секој може да верува во што сака, но тоа не значи дека е во право. А јас сум тука поради
балансот на природата на настаните и сум по ваша воља. На вас сум ви потребен, не вие на мене. Ионака вие си чините како ве е ќеиф (таков ви е законот) и тоа е најголем
егоизам на една етика и морал кои никаде ќе немаат критериум за да бидат споредени со нешто. Затоа и сета "филозофија" ви е смешна и безвезна. Тоа што сакаш да ме "санкционираш" поради спамови не го делиш и за својот клон истомисленик апсимус? Јас само одговарам на конкретни работи и ако то ви смета, мене тоа
вољата ми го дозволува. Како второ, јас не сум тој што суди, туку Црквата Христова која е една институција со длабок историски углед која што одамна се справила со такви појави како вашите кои за жал нит се први нит последни кои се појавиле и ќе се појауваат во разни варијации.
...Слободно прашај ги учесниците во темава дали имало арогантен однос кон нив.
Јас немам проблем некој да не го дели мислењето со мене, проблемот во твојов случај е што шириш омраза, лаги и заблуда за нешто кое ниту го разбираш ниту го познаваш! Згора на тоа плачеш и се жалиш што потоа те банираат.
Ти слободно теши се дека гностицизмот изгубил од православната теологија и догматика.
Времето на умирачките богови помина, законот на новиот еон ги покажува своите плодови на секој чекор! Духот на новото време чии вредности ги гледаме денес сигурно не се плод на вашата православна теологија и догматика!
за првото болд, не треба да прашувам, башиот однос е очигледен за секоја нормална особа.
за второто, јас не ширам омраза, туку најверојатно вие неможете а се соочите со вистините што ви ги изнесувам па барате начин да ме отстраните, несмасно...
за третото, изгубил и тоа како, колку телемити сте во светов? или колку окултисти се на се? Повеќе од сите православни верници? Или на историски план да споредуваме? Мисли пред да пишеш, не само воља па воља...
четврто, за тоа ќе видиме, живи били па видели (па дури и умрли па видили)
петто, новиот поредок кој се спрема ќе му бидат многу кратки нозете затоа што тој што го плукате и го исмејувате ќе и стави точка. Само 7 години ќе се радувате, та сетне...?!
Моето познавање на Кабалата не значи дека треба да бидам кабалист, телемит, масон или било каков окултист па да биде признаено од луѓе кои спротивно на мене, не ја разбираат.
Абе Невски сите религии зборуваат за правила одредени за односите на луѓето, но нема никаква врска со поправањето на егоизмот до состојба на љубов меѓу луѓето. Дали сме тука јасни за да ја продолжиме дискусијата?...итн
Дечко, што да ти кажам... мислам дека за дијалогот што збориш - кога се работи за вера во Бога и спасение, а не за секојдневни работи, треба да е базиран на вистина, за духовниот свет, а не на лаги и фантазирања (како на работите кои ги гледале рабините, Алистер Коули и слични па дури и многумина од нив биле под дејство на наркотици, метод кој е одобрен од окултистите и помага за добивање на визии) кои се предизвикани од злите духови (ѓаволи, демони, како сакаш кажи ги). Кабалата кога им верува на злите духови (пример Аивас - Aiwass на Коули) кој секако не е тој што се представува (или барем како што го протолкуваа) и не може да води ниту кон вистинска вера ниту кон спасение.
Кабалата и покрај тоа што збори за покајание, одфрлање на егоизмот и за добрина, не верува во ниту едно од наведените затоа што се потпира врз хранење на егоизмот и го убедува човекот дека може да го спаси "бога" преку безмислени и нелогички методи како на пример гематријата итн. Еден човек кој се умислува дека може да го спаси Бога е арогантен и е невозможно со таков да се води дијалог затоа што верува дека е избраник на
универзумот, ѕвезда, бог... Таков човек е толку заслепен од лагите демонски што многу тешко е за него да го спознае вистинскиот Бог - Христос (а многу често и самиот избира да не го спознае). Што се однесува до
нематеријата која ја спомена, показател на лошотијата на ѓаволот е дека ги поучува кабалистите дека Бог во едно од погорните фази на постоење е
нематерија, што значи
едно големо ништо. Враќањето кон тоа
ништо е лажното спасение кое го нуди кабалата до крајно уништување на доброто и злото. Прашањето не е во врска со предобриот Бог, туку уништувањето на спротивностите и враќањето во
ништо. Се надевам да можеш да ја препознаеш лукавоста на ѓаволот во сета таа теорија.
--- надополнето: 26 март 2012 во 18:31 ---
@Nevski: Кога само би знаел колку кабалистички референци има во Стариот и Новиот Завет....
А кога ти би знаел колку нема...