Телефонски говорници

  • Креатор на темата Креатор на темата c i t r o
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.776
Поени од реакции
9.904
Локација
Скопје,2014-та
Се сеќавате ли на овие телефонски говорници? Порано овде граѓаните чекаа ред за да дојдат до слушалка. Сега нема ред, а нема ниту слушалка, останаа само искубаните кабли и овие расипани апарати.
Полни со прашина и нефункционални. Некогаш најкористени средства за комуникација, а денес се само стари кутии кои ги грубат градските улици. Граѓаните одамна ги заборавија јавните телефонски говорници.
Кажува дека не функционираат, дека треба да се средат, анкета.
Напредокот на мобилната телефонија и интернетот придонесоа луѓето да ги заборават навиките за користење на овие комуникациски средства.
Не користат, сите имаа мобилни телефони, анкета.
И покрај намалената употреба, јавните телефонски говорници нема да исчезнат. Од Телеком добивме одговор дека наскоро овие стари и дотраени кабини ќе се заменат со нови и многу понапредни уреди, кои ќе бидат поставени на најфрекфентните места и во установите. Но, сеуште не се знае кога.
Досега биле инсталирани над 1800 јавни говорници. Но, моментално функционираат околу 500, од кои 200 се во Скопје.
Граѓаните би ги користеле доколку ги има, но за тоа некој треба да вложи. Јавните телефонски говорници се имиџот на еден од најголемите европски метрополи- Лондон и би можеле да послужат како пример на кои би се угледале и ние.

184adc081fc83b41a4df7548cc00debe_91818.jpg


B026C037A740194DA98791C4886A9A7F.jpg


03.jpg
 
Секако дека не се веќе толку потребни телефонските говорници. Ама не значи дека не се воопшто потребни. До менталитетот на народот се што не е негово да уништува, е до тоа е.

И во Полска на пример сите имаат мобилни, ама телефонските говорници се како вчера поставени. Па внатре имаш и телефонски именик, дури и пенкало со онакви лепливи ливчиња за ако треба да запишеш нешто и сето тоа седи како недопрено. Кај нас за 2 минути ова ќе го снема.
 
Одговорноста е поделена, не само што е до менталитетот на народот туку е и до компанијата. Да имаа телеком профит од нив ќе ги бришеа со крпа по 5-6 пати во денот. Фиксната телефонија опаѓа, мобилната и го зазема местото, кратко и јасно.
 
Им помина монополот на телеком, џабе им е се! Се сеќавав на времето кога плаќавме само такса 450 денари + импулси. Драги мои тоа не ви го заборавам.
Туку, кога веќе ги обновуваат јас би им препорачал да ги приспособат да плаќаме со метални парички, а не со картички, тогаш сигурно повеќе ќе бидат искористени.
 
Знам дека од овие вртевме на полиција и бегавме од местото, а говорницата е баш спроти полициската станица :D
 
Аааа ова беа тие шо служеа за:
- Ало пожарна? Гори, гори !!!
- Што гори?
- На мајка ти пи*ката!! :pos:
да служеа само за тоа арно ќе беше, и за други глупости служат:pos:
 
Имаше и со полиција јака фора само не ми текнува :D
-Ало полиција
-Да кажете
- Полиција украдеа ми ги панталоните
Една од ретките, има многу фори само не ми текнуваат, колку само сам тролал на тие говорници како мал:D
 
-Ало полиција
-Да кажете
- Полиција украдеа ми ги панталоните
Една од ретките, има многу фори само не ми текнуваат, колку само сам тролал на тие говорници како мал:D

:pos::pos: Да да имаше и таква :D
 
- ебати мобилните,несмееш да се јавиш кај што ти е најпотребно,
веднаш оној таму ти го гледа бројот и не е тоа - тоа, нема фајде
-ДАЈ КОГА ЌЕ ГИ ВОВЕДАТ ПОВТОРНО УЛИЧНИТЕ ТЕЛЕФОНИ
 
Имаше шмек у овие, ама како гореа импулси, памтам кога како студент со цимерот дојдовме да бараме стан у Скопје, што пари потрошивме на овие говорниците, а како мал ќе ти дадат картичка за да се јавиш дома кога одиш на одмор со другарчињата (некаде 4 до 7 одделение).
 
Ова се викаше, потполно бескорисно ѕвонче за стока. Па сум бил сведок на какви дегенштини се случувале над тие телефонски говорници, да можеа да зборат сигурно би го режирале најстрашниот хорор филм ,направен во историјата на филмската индустрија.
Служеа за тепање,чкртање,заебавање, кршење, и се останато само не за зборување, а доколку некој имаше желба да обави краток повик, сигурно не беше во можност зарад причини како заглавување картичка, нефункционални бројки (токму онаа која ти е потребна да ѕвониш), некогаш апсолутно нефункционални се, зависно од видот на стоката која помина покрај телефонската говорница. Од една многу потреба ствар, се создаде најнепотребен елемент на улиците.

Овие се стварно потребни, али да се воведи читач на пари, како кај кафематите. Минута на мобилен толку пари,ставаш колку ти е потребно, и тоа е тоа. Додека работат со чип-картички, дефинитивно не би имале ќар, ниту тие што ги поставуваат, ниту граѓаните. Што ако треба да обавам повик во 3 сабалје, а местото каде што има говорница, е пусто, ниту трафика, ниту место да купам чип-картичка, која ич малку изнесува околу 100 денари , пари со кои би ставил кредит на мобилниот и не би помислил на говорница. Но случајот, кога немаш кредит, а ти треба итно еден повик, би бил идеален, ако телефоните имаат читач на пари. 10 денари внатре, обавуваш повик, и сите среќни и радосни.
Незнам колку би траело на оваа неандерталска стока такво чудо, али потребно е исто, хартија, пенкало да се стави, во случај да треба нешто да запишиш. Па и еден билтен не е лошо да донираат спортските кладилници. За идеално користење и одржување на тел. говорници, би била една скриена камера во нив. Секое кршење телефон = кршење коски.
Чиста сметка- долга љубов.
 
Пропаднаа со порастот на мобилните телефони.
Каде што не пропаднале, тогаш имало некакви култура, историја на користење. Ние како држава не ги ни имавме некое долго време па да направиме таква култура. Порано телефони, надвор од дома, имаше во трафиките и во поштите (оние у кафеавите пластични кругови)
За да се врати функционалноста, колку толку, треба да се смени начинот на користење. Железни парички. И така сега имаме од 10 и 50 денари па може да се реши лесно тој проблем.
 
A пред овие на сликиве беа едни кафени со чаура ко космонаутска :icon_mrgr: Тие мислам работеа на метални пари,али не се сеќавам убаво..доста одамна беше тоа..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom