Запознаваш девојка додека си искочен у сабота, спиеш со нејзе вечерта и после месец дена девојката доага со среќната новост дека останала трудна, а таткото си ти. Чисто колку да не оставам дупки во примерот, дури и DNK тест е направен и стварно си ти гордиот татко. Што се случува од тука? Ќе ја жениш? Ќе бидете мало, среќно семејство? ......................................................................
Не е право на избор,а? Да, секако
Значи цареви/царици сте да измислувате можни ситуации за „плашење“ кога не знаете што да кажете.
Ако веќе си играме role play, замисли да сум се нашол во обратна ситуација, дека девојка ми која забременила од мене го абортирала нашето дете... и замисли како ми е мене....
Познавам луѓе кои израснале во дом, една од овие личности еднаш, откако ги дозна своите родители и околностите заради кои се нашла во дом рече дека е благодарна што, без разлика што ја оставиле да расте без семејство, барем и' дале шанса да живее, во окoлности кога постоеле многу „поелегантни и поудобни“ решенија.
Ауч, ова ми го боцна окото.
Господи Боже!!!
Пријателе, ја погрешиле локацијата, мислеле да те слетаат во подфорумот Религија, тука многу промаја дува, ќе те фркне глата (по битолски, сори Let3)
Ама кроце малку, пред да кинисаш (сосе етикетите
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
), да те опитам нешчо. Нели беше ти тој што проповедаше слободна воља?? Или тоа беше само на папирус?
Те молам цитирај ме каде сум залепил етикети и кому!
Задебелниот текст укажува само на предрасуди кои ги имаш кон мене, откако си ги прочитал/а дискусиите во кои сум учествувал.
Насловот на темава е прашање на кое се обидувам да одговорам според моите искуства и убедувања (белки тоа не се коси со позитивната законска регулатива, форумската култура и општочовечките начела).
Ниту имам нешто против некого, ниту имам намера да нарушам нечиј (па макар и форумски) интегритет, ниту пак нечија слобода на избор, ниту, пак, гледам како е можно да сум го сторил тоа некако, ниту, пак, како би можел да го сторам тоа.... јас само аргументирам поддржувајќи ги моите убедувања.... има нешто лошо во тоа?
Jaс убаво си ги нарекувам нештата со нивно име, пролајфериве малце забегуваат, кога зигот за нив е дете. Бластоцита е дете. Ембрион е дете. Првиот облик кој има карактеристики (освен генетски (ако гледаме генетски и сперматозоидот носи половина генетски материјал, и јајце клетката)) е фетусот. Се пред него е КЛЕТКИ кои немаат карактеристики на човек.
Точно, и јас сакам да се користат вистинските имиња. На пример, кога е некој против абортус, место да стави 6 месечно бебе и да рече - не го убивај (а кој овде зборува за убивање на живи бебиња?), нек си стави навистина една слика од 7-8 неделен ембрион и нека рече - не го убивај. Има разлика.
Медицинскиот аспект е јасен, и е објаснет поназад, повеќе од еднаш. Ако те мрзи да читаш, не прашувај.
И со тоа што си маж, некако, немаш доволно права да зборуваш за нешто што никогаш нема да биде дел од твоето тело. Ако си против абортус, внимателно складирај ги сите сперматозоиди што ги произведуваш, донирај ги во банка, барем тие таму ќе бидат одговорни ,,кој ќе живее, а кој не,, , ти твоето си го завршил.
И ако вие зборувате за абортус, ајде ние жениве да си позбориме за кастрација малце.
Некогаш добро би ви дошла...
Реков, и ќе повторам. Не се работи „за дел од телото“... се работи за генетски, сосема уникатен (ај да речеме) ентитет, кој содржи потенцијал да расте и да се развива, и тоа не само до моментот кога ќе излезе од утробата на мајката.
Ако големината е критериум, тогаш, би требало да се договориме децата да не ги сметаме за живи додека не престанат да растат?!?!?! Дека, според твојава логика, ги немаат сите карактеристики на возрасен човек.
До пубертет барем, а можеби и до 25 години?!?!?!
Правото на избор е оправдано ако не нарушува нечие туѓо право на избор... инаку, веќе не е право на избор, но џабе е да ти се објаснуваат некои работи.
И илјада докази ќе ти се малку.
Не дека не можеш, ти одбиваш да сфатиш што ми беше поентата. Прво бараш објаснувања од медицински аспект и кога ги добиваш, почнуваш да менуваш тези, па спомнуваш кастрации, па банки на сперма, па како тоа јас како маж сум немал право да зборувам за нешто што немало „никогаш да биде дел од моето тело“....
Извини, ама ни зиготот, ни морулата, ни бластулата, ни фетусот, ни ембрионот, ниту пак детето кое ќе го родиш некогаш ќе биде „дел од твоето тело“, освен фигуративно речено...
И дај те молам, повтори го прашањето „за милион долари“, оти некако не ми се чита наназад, објавиве ти се полни со предрасуди, цинизам, навреди, закани, лицемерие за кое ги обвинуваш оние кои не се согласуваат со тебе, па дури и се закануваш со превоспитување....
Зошто, зошто морал да убие точно 10000 'души', па да сфати дека греши?
........
При тоа, баш му пишти за бројот 10000, за ембриони и за жените меѓу чии нозе ја правел кариерата...
Многу солидна аргументација. Многу...
не, бе.... се зафркавам.
И не е баш солидна.
Поентата беше на откритието дека постои реакција кај човечето на она што, всушност, го убива. Не на 10 000 (според мене, сосема нерелевантен е бројот), не на лекарот...
И, можеш работите да ги викаш со нивните вистински имиња, никој не се плаши од тоа-повеќе се плашиме од лицемерни 'ставови' и лажен морал...И по 10000-ти пат: никој не вика дека абортусот "е просто отстранување на дел од своето тело", тоа НЕКОЈ ОВДЕ сака да се заебава со сите, па упорно го вергла тоа па тоа-и пошто мене ми е здосадено од овие циклуси во темава, ќе скратам МНОГУ: ние викаме дека ТРЕБА ДА ПОСТОИ ПРАВО НА ИЗБОР. ПРАВО НА ИЗБОР.ПРАВО НА ИЗБОР.ПРАВО НА ИЗБОР.ПРАВО НА ИЗБОР...ПРАВО НА ИЗБОР! х 1,000,000!
Вие, „кои се плашите од лицемерни ставови и лажен морал“, велите дека секој има право слободно да го искаже она што го мислите „вие“....
И после не знам кој етикетира?!
Да бе, тоа сакам да кажам: дека оплодената јајце клетка во периодот кога може да се изврши абортус НЕМА ПРАВО НА ИЗБОР! Бидејќи не знае ништо, не знае за себе, за светот, све едно би и било дал ќе ја има или не (ако има некакво наговестување на противење (што лично се сомневам), реакција на 'плодот' ко што вика твојот Доктор, тоа е чисто инстинктивен трзај-животот да се одржи во живот
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
)
И бебињата, родени, доенчиња, ништо не знаат за себе и за светот....
Реков веќе стопати, сметам дека животот почнува со оплодувањето на јајце клетката, а понудив и аргументи зошто е така, ама „вие“ одбравте да ме дискредитирате, а не да аргументирате...
Така да, погодуваш, правото на избор им останува на живите луѓе кои работат, јадат, спијат и се е*ат секојдневно и редовно и (иако генерално се водат од инстинкти) понекогаш размислуваат за својата иднина, правецот во кој сакаат да им оди животот, размислуваат за опциите што ги имаат, за оноа што можат некому да му понудат...за разлика од животните. Тие не размислуваат и не планираат-тие јадат, се*ат и се множат колку можат!
Во која категорија спаѓаат изборите кои родителите ги прават во името на доброто на своите бебиња додека вториве не знаат ништо за себе и за светот наоколу?