Lana Del Rey

P

PewDiePie

Гостин
Само што сфатив дека почетокот на Born To Die ми е премноогу сличен на почетокот на Russian Roulette од Rihanna o_O И натаму во текот на песната ми има некој нишка на сличност. :confused:
Ај излези на воздух или замиј се.
И не ја слушај Ријана штетна е по здравје музиката што таа ја "пее"
 

stick figure

#MiaSanArsenal
Член од
2 мај 2010
Мислења
4.811
Поени од реакции
3.705
бавна мелодија + поукер фејс + тинејџерки што се соживуваат со "депресијата" на оваа (иако повеќето појма немаат што уствари се зборе у песната) = профит.

Ништо повеќе од фејкер. :)
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
По гласот неодоливо ме потсеќа на Нора Џонс, има квалитетни песни, но и песни кои се далеку од тоа, особено неколку од првиот албум и од неиздадениот Невада








Меланхолични downbeat мелодии, споро темпо, "глас кој буди спомени :) ", убава девојка со шмек на 60 ти и имаме добитна комбинација.

P.S. многу поубава била пред да направи операции :)

 

Body Electric

Del Rey
Член од
15 јуни 2011
Мислења
222
Поени од реакции
334
Очигледно е дека мислењата околу Лана се поделени... и тоа прилично драстично.
Меѓутоа, мене ми пречи тоа што некои луѓе мислат дека се многу „талентирани“ за препознавање на добра музика и мислат дека нивното мислење е она вистинското. Малку треба секој да седне и да се запраша што зборува, зошто го зборува тоа и дали е нужно да го наметнува своето мислење на некој друг што очигледно го мисли спротивното. Кажи го својот став, но не се trollај и не биди надмен и помпезен со своето „ценето“ мислење.
Некои ја сакаат Лана и сметаат дека е квалитетна, некои воопшто не можат да ја смислат и се уверени дека е mainstream и искомерцијализирана.
И првото мислење е во ред, и второто.
Јас сметам дека е исклучителна, но како што кажав, тоа е само мое мислење и не мора да значи дека е точно или вистинско.
Сепак станува збор за вкус, а сите знаеме дека de gustibus non est disputandum ;)

P.S. Дали некој друг има забележано дека некои од песните на Лана имаат голема сличност со „Лолита“ на Набоков? :)
 
Член од
26 февруари 2012
Мислења
271
Поени од реакции
232
Значи колку ги сакам овие дипломираните експерти по музика што се и само доаѓаат во темата да не просветлат со тоа дали музиката на Лама има смисла, поп ли е, кич ли е, фејк ли е, шо ли е? :P Слушајте си што сакате, ич не стегајте. ;)

BTW. Лично според мене не требала воопшто да ја мени TIWMAG на албумот. Демото е многу поубаво.
...кој сака да слушне само ова го најдов...забрзано е ама пак се има идеја колку е изменета песната:
http://soundcloud.com/jaredrss/this-is-what-makes-us-girls

"Darlin' little queens do you know what you're worth?
I'll tell you everyday till you get it, girl
It's all gonna happen"
 
P

PewDiePie

Гостин
бавна мелодија + поукер фејс + тинејџерки што се соживуваат со "депресијата" на оваа (иако повеќето појма немаат што уствари се зборе у песната) = профит.

Ништо повеќе од фејкер. :)
Која бавна мелодија,кој покер фејс кои тинејџерки,која црна депресија ?? o_O
15 песни има на албумот ти ако си слушнал повеќе од две,итоа погодувам Борн ту дај и Видео гејмс еве на. Поим немаш што зборуваш.
Фејкер велиш :facepalm: Девојката има повеќе оригиналност од цела женска естрада во моментов.

Ама ај те сфаќам,си наслушнал нешто,сакаш да се направиш паметен,да изедеш гомна а всушност излегуваш музички неедуциран и со никаков слух.
 

stick figure

#MiaSanArsenal
Член од
2 мај 2010
Мислења
4.811
Поени од реакции
3.705
Која бавна мелодија,кој покер фејс кои тинејџерки,која црна депресија ?? o_O
15 песни има на албумот ти ако си слушнал повеќе од две,итоа погодувам Борн ту дај и Видео гејмс еве на. Поим немаш што зборуваш.
Фејкер велиш :facepalm: Девојката има повеќе оригиналност од цела женска естрада во моментов.

Ама ај те сфаќам,си наслушнал нешто,сакаш да се направиш паметен,да изедеш гомна а всушност излегуваш музички неедуциран и со никаков слух.
Неќам да се правам паметен туку си го кажувам искрено моето мислење. Тие песни ти што ги кажа и се едни од по популарните и секако по таа логика тие треба да се и подобрите.
За музички неедуциран немој да ми правиш муабет, затоа што тоа јас тоа што го слушам оние што навистина се разбираат од музика нема да кажат дека е лошо.
Лана дел Реј можеби ви е нешто различно од другите поп пејачки но мене ми е исти кур затоа што едноставно таа пее поп. Па дури коа прочитав дека Елвис и Курт имале влијание врз неа :facepalm:
И нема потреба со навреди. Секој си кажува мислење.
 
Член од
18 април 2010
Мислења
2.656
Поени од реакции
3.570
Неќам да се правам паметен туку си го кажувам искрено моето мислење. Тие песни ти што ги кажа и се едни од по популарните и секако по таа логика тие треба да се и подобрите.
За музички неедуциран немој да ми правиш муабет, затоа што тоа јас тоа што го слушам оние што навистина се разбираат од музика нема да кажат дека е лошо.
Лана дел Реј можеби ви е нешто различно од другите поп пејачки но мене ми е исти кур затоа што едноставно таа пее поп. Па дури коа прочитав дека Елвис и Курт имале влијание врз неа :facepalm:
И нема потреба со навреди. Секој си кажува мислење.
Нема врска дека се најдобри тие, едноставно, за нив има направено спотови и се најпопуларни, а video games мене ми е најдосадна од целиот албум.
А сега ве молам просветлете не, вие разбирачи на вистинската музика, што е тоа квалитетното што ние сиромашките не го знаеме?
И Лана дел реј тоа што го пее е се, само поп не е. ;) :)
 

stick figure

#MiaSanArsenal
Член од
2 мај 2010
Мислења
4.811
Поени од реакции
3.705
тоа што го пее е се, само поп не е. ;) :)
Ај ти, како голем нејзин фан, кажи каква е таа музика што ја пее? Еве мене највеќе на поп ми личи. На рок/метал слабо ми фаќа уво, а и од рап е далеку...
За квалитетна музика пер не можам да ти кажувам. Еве пример, земи еден фан на Бибер. Најверојатно ја неќеш неговата музика, ама ај објасни му го тоа на него? Он ќе си го тера своето.
Епа ист е случајов овде со Лана. :)
 

Body Electric

Del Rey
Член од
15 јуни 2011
Мислења
222
Поени од реакции
334
Мислам дека „квалитетот“ на одредена музика зависи од самиот слушател и колку тој е верен на тоа што го слуша. Оние што се разбираат од музика и што можат да кажат зошто одредена музика е добра или лоша врз основа на нивната професионална потковеност, меѓутоа за „обичните“ луѓе (јас се сметам за еден од тие) „квалитетот“ на музиката зависи од тоа дали ни се допаѓа да го слушаме, колку се пронаоѓаме во текстовите и Х-фактор, кој за секој е различен.
На пример, некои би кажале дека квалитетни песни се песни што секогаш се хитови, без разлика на времето, како некои од песните на The Beatles, Rolling Stones, Iron Maiden и слично, меѓутоа јас не можам да поминам ниту една недела без да слушнам некоја песна од t.A.T.u.. Можеби музичките критичари би рекле дека тие не вредат, меѓутоа за мене биле и секогаш ќе си останат најдобри. Можеби за многумина овде Bed of Roses или Desert Rose се „евергрини“ и секогаш ќе останат хитови, меѓутоа за мене Not Gonna Get Us вреди многу повеќе и секогаш ќе ми буди чувства и спомени што одредени „стари добри песни“ никогаш не би ги предизвикале. If you know what I'm trying to say...
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
И Лана дел реј тоа што го пее е се, само поп не е. ;) :)
А бе нека биде и поп музика.
Што ако е?
Мене лично ме нервира тоа што поп музиката нон-стоп се деградира. Као, само поп музиката не чини, демек во другиве правци немало промашувања.

Не ја бранам поп музиката, факт е дека има многу неквалитет и песни кои се забораваат после 3 месеци, ама не значи дека ако нешто е поп музика, автоматски не чини.

На крај краева, секој има различни критериуми за тоа што е добро.

Може не е најдобрата пејачка на сите времиња, ама ок е, мене ме опушта и фино ми е кога ја слушам. И баш меланхоличноста што ја има во нејзините песни највеќе ми се допаѓа...

Ама јас сакам меланхолија, така да... може е до мене. :)

Да не станеше популарна девојкава, односно да беше позната помеѓу помал број на луѓе, сигурна сум дека ќе збореа како е супер, квалитет... ама сега дека се проби на поголем пазар, одма муабети дека не чини.
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Отсекогаш ме нервирале размазени татини мази кои сакаат да бидат пеачки/пеачи. Уште повеќе ме нервира нејзината грда уста со ботокс... Но човече, 3 ден веќе неможам да престанам да ја слушам. И тоа не само еден хит, цел албум од почеток до крај... Прекрасни текстови, прекрасен глас и меланхонија што убива ...

Не сакам премногу да се навлекувам на нејзината музика зошто знам дека ќе заврши со overdose од нешто... ама ...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom