Вакцина - измама или не?

  • Креатор на темата Само Човек
  • Време на започнување

Измама ?

  • Вкупно гласачи
    57
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
јас незнам зошто сеуште си на форумов кога се си знаеш , кочлку години имаш факат си околу 150
Човек незнам што ти е тебе ама ми изгледаш доста неук. Овдека разговараш со медицинско лице така да работите што јас ги кажувам се аргументирани и зад нив стојат студии и објаснувања а не некои рандом факти соберени од интернет или пак братучедка ми на сестра ми е фармацефтка таа има една биохемија бла бла. Кога ќе поминеш физиологија, биохемија, патофизиологија, имунологија, патологија на болестите, кога ќе исчиташ на 10 000 страни медицинска литература НАПИШАНА ОД афирмирани светски универзитети и истражувања тогаш може да ми се обраќаш на тој начин.

Друга ствар марихуната се дава на болните од рак за да им ги намали болките кои се неистрпливи при крајот на болеста, но истата не лечи рак.

Докторите не советуваат да се јаде овошје при анемија (тоа впрочем треба да се јаде секојдневно) туку советуваат да се јаде МЕСО а ова ти го кажувам како медицинско лице.
 
С

Само Човек

Гостин
Додека волонтирав по болницине разни болни луѓе се изнагледав. Имаше луѓе кои си користеа мара, болките им се намалуваа ама опаѓање на ракот немаше.

Кога еден член од моја фамилија скапуваше од ракот на плуќа се му купувавме. И Алое Вера, и разни спрејови капсули и тревишта и разни други курци палци од Калифорнија Фитнес и други како нив, дури и во странство одевме за да земеме тревишта, капсули кои демек ке му помогнат ама ништо. Не можев веќе да ги издржам тие лелекање што по цели денови и ноќи ги испушташе. Почнав да купувам и коноп и мара. Ке го спремав конопот во разни смеси а другово ке запалев и во фаца му дував зашто човекот не беше способен ни да диши а камоли да вовлекува. Лелекањата се намалија и човекот последните месеци од животот ги помина во мир. Ама пак, намалување на ракот немаше. Исто така друг член напиша дека, дека преку спорт, здрава храна, здрав живот има шанса да оздравиш. Не ми е јасно тоа. Болен човек ке го носиш на Водно, на кеј да трча да се искачува? Ако си настинат да, настинката преку пот ке се исчисти, шлајмот ке го исфрлиш. Ама еве, болен од рак, што ке му правиш?
http://www.nenadpavlovic.tianshi-saveti-srbija.com/ еве овој човек 3 месеца живееше само од суплименти, го намали ракот, беше на сирова храна година дена после тие 3 мессеци и сега нема рак. Но сепак во некои случаи ни тоа не помага. Она здравиот живот е за да се спречи во најголем дел, кога болеста напреднала можеби е прекасно. Еве ќе ја преформулирам мојата мисла, конопотдо 90% ја сречува појавата на рак
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
суплимените се дефинитивно поздрави од месото, немаат масти и се од растително потекло,не зборам за оние хемиските за мускулна маса, има природни растителни суплименти кои потекнуваат од кинеска медицина.Има и природен антибиотик дури,но за тоа на друго место. фала
Незнам кој те излажал ама суплементи за постојат и од животинско и од растително потекло. Најчесто се од сурутка поретко од јајца, телешко месо, соја или пченица. Веган тешко дека може нешто посериозно да направи од своето тело затоа што креатин се наоѓа во месото не во тревата, уствари до некаде и може само ќе му треба 5 пати повеќе труд за истиот резултат одколку да користи јајца и месо во својата исхрана. Антибиотикот е природен производ од габи исто така и многу растенија и чаеви имаат антибактериско дејство (брусницата, лукот и тн.) мора да погледнеш малку и од другата страна не само да одиш како будала низ ѕид. Никој не оспорува дека растенијата (овошјетно и зеленчукот) не се корисни. Секој вид на исхрана треба да биде избалансирана и секојдневно да вклучува различни намирници веројатно си чул за триаголникот на исхрана ако не си тогаш редно е да го погледаш.
 
С

Само Човек

Гостин
Човек незнам што ти е тебе ама ми изгледаш доста неук. Овдека разговараш со медицинско лице така да работите што јас ги кажувам се аргументирани и зад нив стојат студии и објаснувања а не некои рандом факти соберени од интернет или пак братучедка ми на сестра ми е фармацефтка таа има една биохемија бла бла. Кога ќе поминеш физиологија, биохемија, патофизиологија, имунологија, патологија на болестите, кога ќе исчиташ на 10 000 страни медицинска литература НАПИШАНА ОД афирмирани светски универзитети и истражувања тогаш може да ми се обраќаш на тој начин.

Друга ствар марихуната се дава на болните од рак за да им ги намали болките кои се неистрпливи при крајот на болеста, но истата не лечи рак.

Докторите не советуваат да се јаде овошје при анемија (тоа впрочем треба да се јаде секојдневно) туку советуваат да се јаде МЕСО а ова ти го кажувам како медицинско лице.
кажи ми лек за вилсонова болест и поради што јас ја имам истата добиено ? гените се океј на мајка ми на баба ми....ги имам невролошките симтоми
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
http://www.nenadpavlovic.tianshi-saveti-srbija.com/ еве овој човек 3 месеца живееше само од суплименти, го намали ракот, беше на сирова храна година дена после тие 3 мессеци и сега нема рак. Но сепак во некои случаи ни тоа не помага. Она здравиот живот е за да се спречи во најголем дел, кога болеста напреднала можеби е прекасно. Еве ќе ја преформулирам мојата мисла, конопотдо 90% ја сречува појавата на рак
Антиоксиданси спречуваат појава на рак поради ловење на радикалите кои ја оштетуваат репликацијата на клетката и потикунуваат создавање на дисплазирани клетки од различен степен кои прогредираат кон појава на рак. Растенија како брокула, алги, сите оние кои содржат витамини особено витамин Ц, зелениот чај и слични превенираат појава на рак НО НЕ ЛЕЧАТ, кога метаплазија на клетката ќе се појави таа е иреверзибилна појава.
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
кажи ми лек за вилсонова болест и поради што јас ја имам истата добиено ? гените се океј на мајка ми на баба ми....ги имам невролошките симтоми
Болеста е наследна и тоа генетски рецесивно така да мора и мајка ти и татко ти да се носители за да ја имаш добиено. Веројатно генот не е детектиран при испитувањата кои се правени но мора да постои штом болеста се манифестира. Ефективен лек е трансплантација на црн дроб.
 
Член од
23 декември 2011
Мислења
980
Поени од реакции
1.365
кажи ми лек за вилсонова болест и поради што јас ја имам истата добиено ? гените се океј на мајка ми на баба ми....ги имам невролошките симтоми
Се сомневав дека сигурно имаш нешто или недај боже си болен од нешто штом треварите ги фалиш. Најчесто двајцата родители ја носат, ама се случува и од еден родител да се пренесе на потомокот без да знае дека ја имал. За ова е потребно доживотно лечење ама па луге еве се борат за живот. Се надевам и ти ке извојуваш победа во оваа битка.
 
С

Само Човек

Гостин
Болеста е наследна и тоа генетски рецесивно така да мора и мајка ти и татко ти да се носители за да ја имаш добиено. Веројатно генот не е детектиран при испитувањата кои се правени но мора да постои штом болеста се манифестира. Ефективен лек е трансплантација на црн дроб.
два пати правевме испитувања и не постоеше генот кај нив, послем првото испитуваање го добив твојот одговор , но послен второто незнам беше одговорот, дури ми велеа дека можело од прабаба и прадедо . А црниот дроп ми е во одлична сосојба , доктори од србија, од виена и од сад ми рекоа дека џабе ми е трансплатација, говорот нема да ми се управи. Јас веќе најдов и донатор:(
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
два пати правевме испитувања и не постоеше генот кај нив, послем првото испитуваање го добив твојот одговор , но послен второто незнам беше одговорот, дури ми велеа дека можело од прабаба и прадедо . А црниот дроп ми е во одлична сосојба , доктори од србија, од виена и од сад ми рекоа дека џабе ми е трансплатација, говорот нема да ми се управи. Јас веќе најдов и донатор:(
Штом ти е добар црниот дроб тогаш нема потреба од трансплантација затоа што тоа се прави во крајни случаи кога друг лек нема. Веројатно те имаат ставено на таблетна терапија, тоа подетално го знаат специјалисти од таа област кои работат со таа проблематика бидејќи оваа болест спаѓа во групата на ретки болести на наталожување која се јавува поради генетска мутација
 
С

Само Човек

Гостин
Се сомневав дека сигурно имаш нешто или недај боже си болен од нешто штом треварите ги фалиш. Најчесто двајцата родители ја носат, ама се случува и од еден родител да се пренесе на потомокот без да знае дека ја имал. За ова е потребно доживотно лечење ама па луге еве се борат за живот. Се надевам и ти ке извојуваш победа во оваа битка.
ги фалам од причина што ради нив денес можам да јадам, кога почнав да примам хемија добив пареза на јазик , ми мењаа лекови но беше полошо , молев да умрам, само вода можев да пијам. медицината се откажа од мене:( Но за среќа дознав дека има и прирродна медицина , сега по месец дена на треви јас јадам нормално, лигавење нема, треморот ми е намален, и гласот полека почнува да ми се враќа. ете зошто ги фалам треварите, ради тоа што медицината не ми понуди лек,молев за трансплатација. ФАЛА ТИ НА ПОДДРШКАТА
--- надополнето: 24 март 2012 во 18:03 ---
Штом ти е добар црниот дроб тогаш нема потреба од трансплантација затоа што тоа се прави во крајни случаи кога друг лек нема. Веројатно те имаат ставено на таблетна терапија, тоа подетално го знаат специјалисти од таа област кои работат со таа проблематика бидејќи оваа болест спаѓа во групата на ретки болести на наталожување која се јавува поради генетска мутација
да пиев Д-пенициламин и солвазинк. да ве прашам пошто стварно гледам дека сте стручно лице.СЕ ИЗВИНУВАМ за мојот однос..
да ве прашам можно ли е ген да се обови ? тееоретски..
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
да пиев Д-пенициламин и солвазинк. да ве прашам пошто стварно гледам дека сте стручно лице.СЕ ИЗВИНУВАМ за мојот однос..
да ве прашам можно ли е ген да се обови ? тееоретски..
Нема проблем.Кога одредена особа се роди со мутиран ген од најразлична причина (а каде влегуваат голем број на ретки болести кои се засноваат на мутација на ген) целиот нивен организам, сите клетки од телото ја прати таа мутација, т.е. секоја клетка ја носи информацијата за мутација. Теоретски е можно пример пред да се роди потенцијалното бебе со генетско заболување да се извршат генетски испитувања на мајката и таткото и генетски инжинеринг на клетката (сперматозоид или јајце клетка) каде би се корегирала генетската мутација пред да настане оплодувањетпо (јајце клетка+сперматозоид). Сето тоа дава надеж болеста да се отстрани, но за идните генерации т.е. идни деца кои се раѓаат. За Македонија мислам дека ова е сеуште научна фантастика.

Инаку спаѓам во луѓето кои веруваат дека постојат лекови кои не ги препишваат лекарите а кои и те како функционираат. Секако дека медицината ни од далеку нема решение за сите болести и често се случува прекасно да увиди дека некој природен третман дава добри ефекти за некое заболување за да потоа и го вклучат во лекувањето на поедини заболувања
 
Фала ви многу, и јас искрено верувам во тоа
Уште еднаш извинете
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.804
Поени од реакции
12.295
Најголема концентрација на омега3 мнасни киселини има во конопното уље, има 10 пати повеќе од рибата
Темава отиде од вакцини до факти за исхрана...не е се само во омега 3 масните киселини (мада ленот содржи повеќе омега 3 помалку омега 6...а колку е тоа навистина битно во животот не знам). Има и многу други состојки во некои производи кои се исто така битни за организмот. Конкретно колку што знам лененото масло се користи како додаток во исхраната кај некои потешки болести.
Во заблуда си за анемијата али океј...
Неопходни се мастите,а холестеролот не е непходен.
Напротив, холестеролот е неопходен. Се она што се произведува во едно здраво тело не можеш да кажеш дека не е неопходно.

Ама ова нели е повеќе разговор за начин на исхрана, а не за вакцини.
 
Член од
1 јули 2009
Мислења
299
Поени од реакции
343
Теоретски е можно пример пред да се роди потенцијалното бебе со генетско заболување да се извршат генетски испитувања на мајката и таткото и генетски инжинеринг на клетката (сперматозоид или јајце клетка) каде би се корегирала генетската мутација пред да настане оплодувањетпо (јајце клетка+сперматозоид). Сето тоа дава надеж болеста да се отстрани, но за идните генерации т.е. идни деца кои се раѓаат. За Македонија мислам дека ова е сеуште научна фантастика.
Ова кај луѓе не е досега никогаш направено. Можеби кај глушец можеш да ставиш уште една, здрава копија од генот, ама не можеш да го поправиш дефектниот ген во зиготот. Најдобро што може е генетски скрин на неколку зиготи и бирање на оној што има две здрави копии (би требало 1/4 да се погоди ако е само еден ген во прашање).
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
Ова кај луѓе не е досега никогаш направено. Можеби кај глушец можеш да ставиш уште една, здрава копија од генот, ама не можеш да го поправиш дефектниот ген во зиготот. Најдобро што може е генетски скрин на неколку зиготи и бирање на оној што има две здрави копии (би требало 1/4 да се погоди ако е само еден ген во прашање).
Во право си ако е рецесивен наследниот ген (како во овој случај) тогаш може како што велиш
 
Kajgana Shop

На врв Bottom