Нема да дојде до -3, Флорентино и Мурињо не се Росел и Пеп. Извршија невиден притисок само заради тоа што не победија иако Виљареал беше оштетениот тим (освен стартот врз Каљехон нема за што да се фатат сега и направија сите медиуми да зборуваат за нормално доделени картони а не за 2 пенали за Виљареал и заслужен црвен уште во прво за Лас). Го тргнаа притисокот од нивните играчи иако се очајни и го насочија кон судиите на што нивните фанови подлегнаа без проблем. Не дај Боже некоја грешка да се случи на Бернабе на штета на Реал, тие фашистите во првите редови ќе влезат в терен, ќе го убијат судијата и ќе го пренесат како жртва на Один за да ги отворат портите на Валхала при што Мурињо ќе се збратими со Тор а Лас ќе стане првиот црн скандинавски бог и заедно ќе фрлаат молњи кон лошите каталонци. Добро што не читаат Кајгана, ќе им дадеше идеја постов. А за нашиве мадридисти на форумов, очекувано го игнорираат видеото. Им се руши цел свет, коефициентот на интелегенција им е програмиран да не надминува 50. Ако надмине 50 тогаш стануваат нормални луѓе и навивачи на Атлетико и слични такви тимови. Или пак немаа намера да игнорираат, сеуште не се собрани од градинка. Како и да е, за жал притисокот ќе си го направи своето и ќе освојат титула. Нема да можам да гледам фудбал утре ама не верувам Барса да победи.