Национализмот е бајаги разуздан и кај двете страни и кај Македонците и кај Албанците !
Дали некого физички ќе нападнеш т.е. ќе истепаш или пак навредиш вербално тоа е едно исто, е сега Албанците повеќеја прават првата работа, а Македонците втората работа !
Никој нема право никого да брка, истерува и да преселува, никој нема право да врши генерализации само врз база на етничката или верската припадност на пр. сите тие се такви, сите оние се онакви, сите овие се овакви и сл.
Секој човек без разлика на својата етничка припадност или пак верска, политичко-идеолошка и.т.н. си е посебна приказна, никој нема право да генерализира, лично познавам Албанци кои не се ниту националисти, ниту пак паразити, ниту пак глупо племе, си работат и си го вадат сами парчето леб и баш ги заболе за некакви си ’’големи‘‘ држави, како што кај нас Македонците постојат меѓусебни различности, исто така и кај нив си постојат такви различности !
Не ги генерализирајте секогаш работите и не тропајте глупости за присилни отселувања, отцепувања и сл. глупости, секој си има право да си живее онаму каде што си сака, тоа е основно демократско право !
На кого му е помила Србија нека си оди таму, а не тука да ни труби, на кого му е помила Бугарија нека си замине таму, на кого му е помила Грција нека си оди таму, на кого му се допаѓа повеќе Косово или Албанија нека си оди таму !
А не тука да се прават внатрешни поделби и провокации, кој сака да си живее во Македонија нека си живее, а кој не бујрум, границите се отворени... !