Возачка на 16 години само за одлични: Дискриминација или не?

  • Креатор на темата Креатор на темата Makarov's Lead
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Абе дечки што ве гледам чудни. Ова е уште еден начин да си соберат парите. Тоа сега комисииве се скапаа од буткање, а не пак ако ги додадеш на тоа уште 16 годишни деца со аспирации кон возачка. Има да ги ошурат.

Реално 16 години се малку за да се поседува возачка, меѓутоа не сум го разгледала предлог законот. Да не излезе имаат право само да полагаат, а тек да возат на 18.
--- надополнето: 23 март 2012 во 14:25 ---
100% ќе се подобри успехот на 16 годишњаците после ова :D
Повеќе виски ќе се носи по канцелариите на професорите. Паметот на децата ист ќе си остане.
 
Не е дискриминаторски. Оној што учи 24/7 не значи дека е паметен туку дека е одговорен. Секој деген може да направи 5.00 просек во средно. Само треба да го загрее столот. По таа логика, оние што се одговорни имаат привилегија да полагаат порано со претпоставка дека ќе бидат одговорни и како возачи. Тоа не значи дека кога ќе наполнат 16 ќе им дадат возачка заедно со ливчето од тромесечие. Ќе си полагаат како сите останати, па ако се антиталенти тогаш нема да добијат возачка, па макар и во МАНУ да влезат. Проблемот е што тогаш уште имаат бубачки во глава па и доколку земеме дека возачот е одговорен, тогаш тие околу него нема да бидат и повторно ќе се случи некоја глупост.
Најдобро кажано ама на форумов се бунет тие што не биле одлични или не се одлични.:)
 
За да вожиш кола не треба да си Алберт Ајнштајн :facepalm: кои глупави луѓе го измислија ова
 
^ ^ ^ ^ ^ ^ ^ ^ ^ ^ ^ ^ ^ ^ ^ ^
Подобро да воведат во автошколите 'механичарски' дел во обуката, ама да е сериозна работа.Јас ко полагав имаше час или два за такви работи и колку и да си заинтересиран за нешто плус, џабе ти во голема група + поголем дел инструктори не се замарале.Па после неколку ситни или поголеми проблеми ќе научиш на маката отприлика :D

Одличен бев во средно 2 од 4 години.Не значит дека сум бил нешто многу одговорен тогаш, посебно не за кола.Побитни се рефлекси и да имаш 'ѕвезда' за возење.Познавам луѓе и по 4,5 па и нагоре години положен возачки испит, па пак возат полошо од некој тазе положен.
 
Не, се бунат тие што возат кола и одат пешки воедно, зошто знаат колку е скренат народов по улици, сега уште напалени средношколци ќе фалат во сообраќајот.

inb4 5,00 бев во сите 4 години средно.
 
Абе то во ред,ама насловов на темава е дали е дискриминирачки за (НЕ)одличните а не да дискутираме дали е во ред предлогот или не.Не се согласувам и јас на деца од 16 да му се дава возачка но кога мора,подобро би било тоа да се одлични.
--- надополнето: 23 март 2012 во 15:12 ---
^ ^ ^ ^ ^ ^ ^ ^ ^ ^ ^ ^ ^ ^ ^ ^
Подобро да воведат во автошколите 'механичарски' дел во обуката, ама да е сериозна работа.Јас ко полагав имаше час или два за такви работи и колку и да си заинтересиран за нешто плус, џабе ти во голема група + поголем дел инструктори не се замарале.Па после неколку ситни или поголеми проблеми ќе научиш на маката отприлика :D

Одличен бев во средно 2 од 4 години.Не значит дека сум бил нешто многу одговорен тогаш, посебно не за кола.Побитни се рефлекси и да имаш 'ѕвезда' за возење.Познавам луѓе и по 4,5 па и нагоре години положен возачки испит, па пак возат полошо од некој тазе положен.
да не се повторувам,јас сум против предлогот ама кога мора,подобро е да се одлични,сепак имаат повеќе свест од останатите.
 
За да вожиш кола не треба да си Алберт Ајнштајн :facepalm: кои глупави луѓе го измислија ова

Ни Ајнштаин не бил одличен единичар бил,ама он не гледал така на работите!! Ако ме сфаќате :facepalm:
--- надополнето: 23 март 2012 во 16:14 ---
За да вожиш кола не треба да си Алберт Ајнштајн :facepalm: кои глупави луѓе го измислија ова

Ни Ајнштаин не бил одличен единичар бил,ама он не гледал така на работите!! Ако ме сфаќате :facepalm:
--- надополнето: 23 март 2012 во 16:16 ---
Абе дечки што ве гледам чудни. Ова е уште еден начин да си соберат парите. Тоа сега комисииве се скапаа од буткање, а не пак ако ги додадеш на тоа уште 16 годишни деца со аспирации кон возачка. Има да ги ошурат.

Реално 16 години се малку за да се поседува возачка, меѓутоа не сум го разгледала предлог законот. Да не излезе имаат право само да полагаат, а тек да возат на 18.
--- надополнето: 23 март 2012 во 14:25 ---

Повеќе виски ќе се носи по канцелариите на професорите. Паметот на децата ист ќе си остане.

Сеа буткање не е до толку лошо дали имаш видено се какви луѓе возат коли еве да наброиме:сељаци,глупи глуѓе,стари луѓе сите така да тоа не е некоја филозофија!!
 
И мене ми мириса на повеќе пари и за фирмите и за државата во крајна линија.
Тргнувајќи од темите за плати каде повеќето тврдат дека мнозинството работници посебно вон Скопје земаат плати 10-15000, дека бензинот е скап, дека стандардот е очаен, ова нема да значи ништо за повеќето средношколци. Од една страна ќе им требаат пари за гориво, од друга пари за возило со сите годишни давачки. А на 16 години дете реално нема пари. Ако пак во законот стои дека дозвола може да земе на 16, а да вози на 18, тоа е уште помалку логично. Барем за семејството овој потег (кој чини околу 300-350 евриња можда и повеќе) ми делува излишно.
 
Сеа буткање не е до толку лошо дали имаш видено се какви луѓе возат коли еве да наброиме:сељаци,глупи глуѓе,стари луѓе сите така да тоа не е некоја филозофија!!

Јас не ти викам дека е некоја филозофија, туку повеќе прават да е филозофија. Кога си полагал ти за да видиш што прават сега комисииве? Брате под 3 пат тешко дека ќе положиш со овие. Демантирај ме ако си положил ти порано.

Јас стојам на фактот дека ова е потег за собирање пари. А Скопје и онака е џунгла невидена. Уште средношколци фалат таму.
 
Тие што се против предлог законов... Добро бе толку сте игнорантни или мора да ја одржите квотата за кењање на форум?

Кој добил возачка без да полага? Има некој таков? Некој што реално го бива за возење, ако добро извози пред комисија (а тие што полагале особено во Скопје знаат дека ова не е едноставно) нека добие возачка. Кај пишува во законот дека тие што се одлични на 16 години ќе имаат возачка? Пишува дека ќе имаат право ДА ПОЛАГААТ!!! А дали ќе положат на 16, или ќе паднат неколку пати прво па после ќе положат (на 17/18/19) е друга ствар.

Исто така, и јас се согласувам со тоа дека некој што е одличен не значи дека е добар возач. Ама тој што мисли дека е добар возач а се курчи во школо нека земе да поправи оценки прво, па после нека полага за возачка.
What did I just read? o.0

Јас колку што разбрав од статијава, само одличните ќе имаат право да полагаат. Не е работата во тоа дали ќе положат или не. Законот го немам читано.

Додека некој не попраи оценки, него му е одземено правото да полага.
Само ова не знам на каква основа е (на учење или неучење во школо основа xD), ама Е дискриминација.
Не е дискриминаторски. Оној што учи 24/7 не значи дека е паметен туку дека е одговорен. Секој деген може да направи 5.00 просек во средно. Само треба да го загрее столот. По таа логика, оние што се одговорни имаат привилегија да полагаат порано со претпоставка дека ќе бидат одговорни и како возачи. Тоа не значи дека кога ќе наполнат 16 ќе им дадат возачка заедно со ливчето од тромесечие. Ќе си полагаат како сите останати, па ако се антиталенти тогаш нема да добијат возачка, па макар и во МАНУ да влезат. Проблемот е што тогаш уште имаат бубачки во глава па и доколку земеме дека возачот е одговорен, тогаш тие околу него нема да бидат и повторно ќе се случи некоја глупост.
Што значи тоа кога некој е одговорен возач?

А остај што знам еден куп примери на одлични ученици, што се екстра неодговорни, а за оценките се снаоѓаат од ваму-таму.
А знам и такви што вложуваат мнооогу труд во школо и СЕ одговорни, ама никако да извадат повеќе од тројка.
Исто, има деца што учат во шкљ средни кај што оценките се добиваат само со седење на часови.
Зошто некој таков да има право да полага, а некој што учи во Корчагин, каде за да имаш повисока оцена треба да убаво да седнеш и да научиш, да го нема тоа право?

Да се полага психолошки тест, иде од ред, се голта. Да се утврди дали едно дете покажува симптоми на нетрпеливост, агресија, непотребна нервоза и возбуда и слично. Ама оценки во школо?!
--- надополнето: 23 март 2012 во 19:15 ---
Јас стојам на фактот дека ова е потег за собирање пари. А Скопје и онака е џунгла невидена. Уште средношколци фалат таму.
А што би постигнале они кога би ги земале парите две години порано?
Тој што планира да полага за кола, ќе полага и они ќе му ги земат парите, а дали тоа ќе биде на 16 или на 18 или на 28, не е битно...
Еве, јас имам другар (17) што положи од 1 пат. И мене не ми се веруваше, ама морав да го частам едно топло-ладно колаче.
Немој да мислиш дека постарите помалку ги буткаат на испит :)
 
Ти мислиш они долгорочно размислуваат? Дај шта даш. Подобро да соберат денес нешто, неголи утре.
Иначе ова споредбава кого помалку го буткаат, постари или помлади не правам дискриминација. Туку како успеал да полага на 17 години? Нели од 18 може да се полага засега?
 
Не знам точно колку години има, 4та година е, а полагаше во октомври, па претпоставив дека има 17 :)
 
А што би постигнале они кога би ги земале парите две години порано?
Тој што планира да полага за кола, ќе полага и они ќе му ги земат парите, а дали тоа ќе биде на 16 или на 18 или на 28, не е битно...
Еве, јас имам другар (17) што положи од 1 пат. И мене не ми се веруваше, ама морав да го частам едно топло-ладно колаче.
Немој да мислиш дека постарите помалку ги буткаат на испит :)
Битно е како не е, 2 години порано да земеш пари, инаку и јас нешто пред да наполнам 18 положив, ама кола не ми дадоа да возам до 18.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom