Понекогаш, во крајно ургентни и многу непосакувани ситуации, на човекот му е потребна голема количина на антитела коишто не ги поседува. Пример навремена апликација на антесерум при незгодна ситуација на каснување од змија отровница може да значи разлика помеѓу живот и смрт. Колку да се знае, ова иако нема врска со вакцинацијата, тесно е поврзано со докажувањето на тоа дека на човекот понекогаш му е се потребни антитела.Човекот има свои антитела, што ќе му се повеќе
Антисерумите и вакцинацијата припаѓаат во т.н вештачка имунизација. Разликата меѓу нив е тоа што вакцинацијата е активна вештачка имунизација; антесерумите се пасивна вештачка имунизација.
Инаку, вакцинацијата се смета за најголемиот медицински напредок во историјата на јавното здравство, а во принцип се работи за метода преку која во организмот намерно се администрира одреден антиген (обично тоа е специфичен вирулентен фактор на биолошки патоген агенс кој на различни начини е припремен - ослабен, инактивиран, прочистен...) со цел да се провоцира активен имунолошки одговор кај домаќинот против тој антиген (создавање на специфични антитела) во насока на создавање отпорност кон истиот. Во основа тоа е стремеж да се имитира природна инфекција која нема да предизвика болест (затоа антигенот претходно се припрема), а ќе резултира со стекнување на имунитет како кај обична прележана болест. Припремата на антигенот има за цел да ја намали патогеноста (способноста за предизвикување болест) и зачува имуногеноста (способноста да развие имун одговор).