- Член од
- 14 јануари 2008
- Мислења
- 1.341
- Поени од реакции
- 162
Темава нема врска. Ако не ви се допаѓа работата немојте да работите. Што да ви кажам, чекајте некој друг да ви ја обезбеди работата од соништата.
Друго, не сфаќам каква врска има некаква си диплома и некаков просек од 9.0? Просекот вреди онолку колку ке каже работодавецот.
Што се однесува до вработувањето преку врски, што ви е гајле на вас кој како вработува. Приватна фирма, газдата може да вработи кого сака. Неков проблем е дали ке има профит од таа инвестиција или не.
Не е проблемот во работодавците, они одамна ја научиле лекцијата, проблемот е во оние што бараат работа.
Друго, не сфаќам каква врска има некаква си диплома и некаков просек од 9.0? Просекот вреди онолку колку ке каже работодавецот.
Што се однесува до вработувањето преку врски, што ви е гајле на вас кој како вработува. Приватна фирма, газдата може да вработи кого сака. Неков проблем е дали ке има профит од таа инвестиција или не.
Не е проблемот во работодавците, они одамна ја научиле лекцијата, проблемот е во оние што бараат работа.
Ајде кажи јасно и гласно што точно сакаш и од кого.Љупчо зашто државата го промовира слоганот, образованието е сила, образованието е моќ ? а не сака да ја смени политиката на вработување на младите кадри. Секој кој завршува средно или факултет очекува да биде вработен, некој се труди сам, некој со партиската книшка, некој со врските. Не може шеф кој е партиско неписмено војниче, кое од странски јазик знае српско-хрватски а од компјутери знае shut down и restart од улога на работодавец да бара кадар за профит. Како е можно волонтирањето да не се смета за работно искуство, како е можно да најдеш работа денеска ако немаш две или три години работни искуство. Концептот на огласот е глупост, кој се користи само за да се испочитува законот. После се чудат зашто 60 % од младите на анкетите иднината ја гледаат надвор од земјата.
Од една страна се радувам што има такви како тебе. Од друга страна ми се мачи кога ке видам какви размислувања имаа денешнава младина. Твој проблем е кого ти ке вработиш исто како што е мој проблем кого јас ке вработам. А ако некој вработува некомпетентен кадар, отвори фирма, вработи паметни луѓе и избуткај го од пазарот.Tука нема да се согласам со тебе, ќе ти кажам и зошто.
Ако имам приватна фирма, ич уво нема да ме боли што сестра ми ми е сестра, ако не знае да работи, односно, ако не знае да ми донесе пари во фирма.
Со други зборови, ќе се сконцентрирам на вработување на најсоодветните работници, најдобрите за таа работна позиција. Нема да размислувам толку краткорочно.
Второ, кога веќе ќе најдам неколку кандидати, да, ќе ги ставам 2 месеци на пробно. Ако едниот од нив се покаже добар (а од цел конкурс, јас сум сметала дека тие 2 се најдобри) ќе го вработам. Нема да барам нови за 2 месеци да ми работат за без пари, или за некоја смешна сума. Не за друго, туку зошто ќе испуштам добар работник.
Фирмата не ја прави успешна сопственикот. Можам да бидам неписмена и да имам пари и да отворам фирма.
Фирмата ја прават успешна вработените. Прво и основно, менаџерот, второ, квалитетот на вработените.
Ојле-дојле, по крвна/партиска/комшиска линија, е погубен за мојот профит. Затоа и ќе имаме никакви фирми, со никаков просперитет и вечно пропаѓање. Како бе да ми работи некој добро, ако вложил во образование грдни пари, а јас минималец го плаќам? И како тој да даде се од себе фирмата да успее, кога и да пропадне, нема ништо значајно да изгуби?
Дај му на човек шанса, дај му цел, и ќе рмба како црнец. Плати му како што треба, вреднувај го неговиот труд. Бизнисот овде смрди во темелот. Не е дека ние сме нешто борбени како работни сила, но ни работодавците врска немаат од управување со компанија на долг рок. Се од денес за утре им е.