Македонската кошарка!

Billa Bong

I love Basketball
Член од
14 август 2006
Мислења
6.590
Поени од реакции
11
21.09.2007 :: Познат терминот за почеток на Супер Купот

Супер Купот на Македонија за пехарот на Македонски спорт ќе се одигра на 30 септември (недела)во Струмица, со почеток во 19.30 часот, со директен пренос на МРТВ.
Во него ќе се сретнат актуелниот шампион на Македонија, Струмица, и освојувачот на националниот Куп на Македонија, Вардар Осигурување.

Супер Купот за пехарот на Македонски спорт ќе го одбележи почетокот на новата сезона во македонската клупска кошарка.
http://basketball.org.mk/novost.asp?id=1086
 
Г

Грејвдигер

Гостин
А картите по др. цена ќе се? или стандардно како што си беа на првенствените натпревари? :basket::basket:
 
Billa Bong

I love Basketball
Член од
14 август 2006
Мислења
6.590
Поени од реакции
11
Актуелниот македонски шампион Струмица загуби на гости на Здравље Лесковац во пријателски натпревар со 73:76. Струмичани имаа водство во најголем дел од натпреварот, за повторно во последната четвртина да потврфлат и да му дозволат на противникот да забележи минимална и незаслужена победа.

Диме Тасовски беше прво име на натпреварот со 24 поени, а капитенот Богоев постигна 14.

Претходно, Струмица славеше на гости на МЗТ Скопје во пријателски натпревар, со убедливи 84:66.
http://basketball.org.mk/novost.asp?id=1098
 
Член од
30 септември 2007
Мислења
369
Поени од реакции
0
21.09.2007 :: Познат терминот за почеток на Супер Купот

Супер Купот на Македонија за пехарот на Македонски спорт ќе се одигра на 30 септември (недела)во Струмица, со почеток во 19.30 часот, со директен пренос на МРТВ.
Во него ќе се сретнат актуелниот шампион на Македонија, Струмица, и освојувачот на националниот Куп на Македонија, Вардар Осигурување.

Супер Купот за пехарот на Македонски спорт ќе го одбележи почетокот на новата сезона во македонската клупска кошарка.
http://basketball.org.mk/novost.asp?id=1086
KK.STRUMICA 99 -62 KK.VARDAR OSIGURUVANJE:baeh:
MVP DIMCE TASOVSKI (KK.STRUMICA) :vozbud:
 
Billa Bong

I love Basketball
Член од
14 август 2006
Мислења
6.590
Поени од реакции
11
Американецот со македонски пасош Рајан Стак одигра одлично во дресот на Киев на пријателскиот натпревар против Олимпијакос. Стак постигна 19 поени и беше прв стрелец кај Украинците, кои славеа со 83:69.

Минатата сезона Стак играше во дресот на Олимпијакос, и настапи во финалето на грчкиот шампионат.

http://basketball.org.mk/novost.asp?id=1133
 
aerodromka

Hiena
Член од
11 март 2007
Мислења
2.752
Поени од реакции
8
http://www.basketball.org.mk/default.asp aj nazdravje bricenje se vika ova

02.10.2007 :: Одложен стартот на Првата лига

Стартот на Првата македонска кошаркарска лига во машка конкуренција ќе биде одложен за 7 дена. Вака одлучи Здружението на прволигашките екипи на својата 4. Седница, која се одржа денеска во просториите на Кошаркарската Федерација на Македонија.

Причина за оваа одлука е задоцнетото плаќање на партиципацијата за учество во Првата лига на Маврово. Имено, Гостиварци требаше да ја уплатат втората рата од 5.000 евра за учество до почетокот на првенството. Но, претставниците на овој клуб на Седницата изјавија дека уплатиле само 2.000 евра.

Поради ова Здружението одлучи на Маврово да му даде рок во 5 октомври (петок) во 12 часот да ги плати преостанатите 3.000 евра.
Доколку клубот од Гостивар ги подмири обврските во предвидениот рок, што беше ветено од страна на претставниците на клубот, тогаш шампионатот ќе стартува според предвидениот распоред, но една недела подоцна.
Во спротивно, Маврово нема да може сезонава да игра во Првата лига, која би имала само 8 екипи. Ваквиот развој на настаните предвидува нова ждрепја, која е закажана за 6 октомври (сабота) во 12 часот во Битола.

Во случај да не се натпреварува во Првата лига, Маврово ќе има можност да се натпреварува во Третата лига. Доколку Маврово не пријави екипа во Третата лига, тогаш играчите, кои се членови на клубот, автоматски стануваат слободни, и ќе им биде дозволено да поминат во друг клуб, до 72 часа пред почетокот на првенството.

Ова беше најважната одлука на Седницата.
Покрај тоа, се зборуваше и околу затоплувањето на салите во зимските месеци. И покрај проблемите, со кои се соочуваат неколку прволигашки екипи (шампионот Струмица, Свисслион Пелистер, Карпош Соколи 2000 и Маврово), беше одлучено да не се прави нов распоред, во кој би имало поголема зимска пауза. Прволигашите одлучија минималната температура во салата, кој би била услов за одигрување на еден натпревар, да изнесува 10 степени целзиусови, со толеранција до 8 степени.
 
AJ NEKA IDE SE U PM. SO DUSA CEKAVME DA POCNE PRVENSTVOTO A VIDI SEGA STO SE SLUCUVA I TOA ZA EDNO MAVRORO.
 
Billa Bong

I love Basketball
Член од
14 август 2006
Мислења
6.590
Поени од реакции
11
Одлуката за воведување на минимална температура во салите каде што се игра кошарка е за поздравување, но таа мора да биде далеку повисока од осум степени, сметаат речиси сите лекари кои директно или индиректно се поврзани со кошаркарскиот спорт во Македонија.
Главна причина за ваквиот став на лекарите е грижата за здравјето на актерите на теренот, кои поради морањето да играат на студено време, понекогаш и на температури под нулата, се доведуваат до опасност да добијат потешка повреда или да „закачат“ настинка со посериозни последици.
- Кога кошаркарите се принудени да играат во студени сали тие се доведуваат во огромна опасност од повреди. Осум степени се премалку за да се избегне таа опасност. Температурата на кошаркарските терени мора да биде најмалку двојно поголема од тоа. На студ многу е поголема веројатноста од повреди и од болести. Во такви услови најлесно страдаат лигаментите и мускулите, кои немаат доволно дотек на крв и се многу поподложни на „пукање“. Во студени, но и нечисти сали огромен е ризикот од заболувања на респираторните органи. Затоа апелирам до управите на клубовите да сторат се за да ги затоплат салите бидејќи во спротивно одат против здравјето на кошаркарите - вели доктор Здравко Тројачанец, лекар со 50-годишно искуство во спортската медицина, кој повеќе од 25 години активно работи како лекар во кошаркарски клубови во Македонија.
Категорично против играње во студени сали е и доктор Слободан Николиќ, кој е долгогодишен лекар во МЗТ Скопје.
- Играњето на студ е горчливо прашање за чие решавање се борам со години. Долг период наназад ги измрзнуваме кошаркарите, ризикуваме со нивното здравје што е недопустливо. Не им дозволуваме да играат со долги ракави и со тренерки дури и кога температурата е под нулата. Во такви услови најтешко им е на оние кои треба да влезат од клупата, незагреани, измрзнати, а кои веднаш треба да го дадат својот максимум. Тука најчесто се случуваат повреди или настинки. Според мене, најосетлив дел на телото при играњето на студ се прстите. Тие страдаат редовно, а потоа следува тримесечна рехабилитација на скршеницата од која сите се во загуба. Одлуката за минимални осум степени е за поздравување, иако и тоа е некоја долна граница на нормалното - објаснува доктор Николиќ.
Реакциите на лекарите доаѓаат по последната одлука на Здружението на прволигашите - годинава да не се игра кошарка во сали во кои не е постигната минимална температура од осум степени. Нивни заеднички став е дека е добро што се помрднала напред, но дека тоа не е доволно за да се спречи непотребното изложување на играчите на повреди и на настинки поради играњето на студ.
Минималната температура во Македонија е далеку под европскиот стандард поставен од ФИБА-Европа, која за своите натпреварувања наложува најниска граница од 16 степени, што е двојно повеќе од усвоениот минимум во нашата држава. Според календарот во Македонија кошарка ќе се игра до 15 декември, а потоа од 15 јануари в година.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=5&tabid=1&EditionID=1220&ArticleID=78553

Можно ли е ова...каков срам...една сала да не се стопли...па толку ли се гледа за парите бе ....за се е државата крива..ако ни е...така ни треба кога сме глупи...сала да неможе да се затопли алоооо на -6 да играат кошаркарите да смрзнат во тоа салите...како не им е срам бе?:pipi:
 
aerodromka

Hiena
Член од
11 март 2007
Мислења
2.752
Поени од реакции
8
КК Маврово ќе биде деветтиот учесник во првата кошаркарска лига, откако во предвидениот рок го исполнија условот, односно го уплатија остатокот до 10.000 Евра со кои го купија местото во меѓу најдобрите.
Со тоа практично се исполнија сите услови за почеток на првенството според претходно одредениот распоред, но со нови термини за одигрување на колата. Канцеларијата на здружението во понеделник ќе ја објави новата листа на термини за одигрување на колата во првенството, во кои за очекување, заради одложувањето од една седмица, да има уште две меѓукола, во кои натпреварите ќе се играат во среда.
http://www.basketball.org.mk/novost.asp?id=1154
 
Billa Bong

I love Basketball
Член од
14 август 2006
Мислења
6.590
Поени од реакции
11
Утре стартува новата сезона во Првата кошаркарска лига на Македонија - Мажи.

Три од четирите средби ќе се одиграат утре.

Шампионот Струмица 2005 е домаќин на охридски Амак СП. Шампионот е голем фаворит на оваа средба, но мора да биде внимателен против амбициозниот млад тим на Игор Гацов, кој ги изнамачи во четвртфиналето на Купот на Македонија. Средбата се игра во струмичката сала “Парк“, со почеток во 19 часот.

Во истиот термин се играат и другите две утрешни средби.

Фаворитираниот тим на Фени Индустри во Кавадарци е домаќин на Маврово. Тренерот Емил Рајковиќ и капитенот Горан Самарџиев се свесни за улогата на фаворит на нивниот тим, но најавија дека ќе пристапат со респект кон противникот.

Последниот утрешен натпревар е градското дерби, помеѓу Вардар Осигурување и Карпош Соколи 2000, кој ќе се одигра во СРЦ Кале

www.basketball.org.mk
 
Radical Boy

Говнојадец
Член од
21 април 2005
Мислења
3.529
Поени од реакции
59
Последниот утрешен натпревар е градското дерби, помеѓу Вардар Осигурување и Карпош Соколи 2000, кој ќе се одигра во СРЦ Кале

www.basketball.org.mk
Значи овие од КФМ, уствари немам зборови што да кажам. СОколи - Вардар, градско дерби, што нема да се изнаслушаш значи
 
Billa Bong

I love Basketball
Член од
14 август 2006
Мислења
6.590
Поени од реакции
11
Значи овие од КФМ, уствари немам зборови што да кажам. СОколи - Вардар, градско дерби, што нема да се изнаслушаш значи
:pos:...леле ја не го забележав тоа :pos:...

Стварно ова е за греота:pos:..
 
Сапун

. . .
Член од
10 јули 2007
Мислења
1.642
Поени од реакции
4
Струмицa веќе и победи во Супер Купот..:tapp: и тоa уште пред ехеее,
 
Kajgana Shop

На врв Bottom