Луси се ова убаво кажано и примерот со твоето другарче, ама не беше тоа муабетот
Сите се слагаме дека, те цитирам "туѓите јазици го ебат муабетот".
Муабетот беше дека нема стриктна граница на партнери според која некого ќе класифицираш како курва или не. Релативна работа е тоа во однос на годините пред се. И погоре пишав.
А од друга страна секојпат таа бројка ќе учествува во формирањето мислење за таа девојка околу нејзиниот карактер.
Тоа не е стереотип Луси. Тоа е "запишано" во гените на машкиот пол.
Не е исто да имаш 25 години и да си имала 3-4 врски подолги зад себе и исто толку партнери, и да имаш 20 години и да не си имала сериозна врска а веќе си имала двојно повеќе партнери.
Не е толку тешко да се сфати нашата психа. Едноставна е.
Правиме разлика од девојка која имала неколку неуспешни врски за своите години, и од девојка која немала врски а има богато искуство.
Правиме разлика од девојка која легнала со некого затоа што и се допаднал, од девојка која легнала со некого заради некаква корист, пред се материјална.
Едноставно е нели? Испаѓа дека сепак бараме карактер, а не убавина. Запрепастувачки е, да знам, но вистина е.
И да, правиме разлика помеѓу некоја што треба да ни биде девојка и сопруга, и некоја што треба да послужи за задоволување на сексуалните страсти. За првата ни треба оценка сублимирана од се погоре што е кажано, а за втората доволно е само добар изглед.
Не е ова погоре стереотип. Ова е реалност. Била и ќе биде. И не знам, зошто не ви се допаѓа таквата реалност?
Сеа ќе кажеш веројатно, дека и вие би требало истото да го правите и мислите, и дека и вие ги имате истите потреби итн...
Но, не заборавај сепак природата создала машки и женски пол, секој со своја психа и размислувања.
Ти го нарекуваш тоа стереотип, некои го нарекуваат природен тек на настаните.
Сума, сумарум не сме ние толку лоши и "заостанати" како пол
.
И те како знаеме да го цениме квалитетот на девојката, оној одвнатре.
Но, исто така знаеме да го препознаеме и она другото, она што не е вредно за да биде цел живот во наша близина.
Методот и начинот на препознавање на погоре кажаното е различен кај секого.
На некого му треба бројка, на некого му треба време, на некого му требаат муабети итн....
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Ако треба сериозно да одговорам на темава би рекол дека треба да иде под клуч, бидејќи нема потреба од деградација на женскиот пол, и мудрување по форуми од персони кои п....а не виделе у живот.
Во спротивно тие не би биле на форум, би биле на друго место, особено во вечерните часови, нели?