Обнова на тие улици во околината на Којник очајно многу треба. Знам дека коцките се еден вид обележје, што ти знам, традиција можеби, ама да бидеме реални не чинат. Прво колку само на некои места има дупки, ако тргнеш со кола натаму дефект ќе си ја вратиш дома. Да не зборувам колку само таксисти има што од тоа леб носат дома, да им се крши кола на тие луѓе е греота. И ќе поддржам секаква иницијатива за тргнување на коцките од сите делови во градот каде што ги има.
Имам некои идеи, овака особено кога шетам и си размислувам што би променила.
Кај саатот веднаш над паркингот тоа е греота да се гледа, рушевини
Зарем нема кој да го среди? Исто и улицата кај таа жолта ограда од кинескиот нагоре. И тие коцки од таму да се тргнат. Многу пати кога врне силно се откорнуваат коцките и остануваат дупки.
Ми е грда глетка исто на Вардар од едната страна кеј, а од другата магариња пасат. Тоа тунелчињата под мостот се совршено збиралиште на ѓубре.
Тротоарот над Авона кај жолтата ограда, откако знам за себе не е чепнат нити обновен. Од едната страна убаво поплочено, а од другата дупки.
Фонтаната како што имам поназад во темава кажано, плаче за чистење. Во водата уште малку ќе почнат крастави жаби како оние на Бабуна што ги има да живеат.
На езеро трските од секогаш сум ги мразела. И плажите треба да се исчистат затоа што кога влегуваш до коленици во тиње пропаѓаш.
Салата ме нервира кога ќе ја видам исшкртана со секакви спрејови. Незнам дали е во надлежност на градот, не е ни важно, но плаче за нова фасада.
Исто и околу неа едно реновирање треба. По тие тарасите оние гнасни плочки што се како за во ВЦ да се тргнат.
Кога сме веќе таму. Треба и ние граѓаните малку да придонесеме за подигање на свеста. Знаеме колку пати долу во паркот клупи се местат, истите за недела дена се испокршени. Кој им ебава матер незнам. Ама кој и да е, и еден да фатат што тоа го прави треба да се казни ригорозно, а на другите за памет да им биде. Незнам која е целта да се крши и расфрла. Сами себе се гнасиме и не придонесуваме апсолутно ништо.
Стадионот е како црна дупка во градот. Ѕидините и џунглата околу него да не зборувам. Пред избори сегашниве зборуваа дека стадионот бил како промаја да дувало од сите страни, а гледам дека не се погрижија да променат ништо околу тоа. Напротив, се повеќе и повеќе се руши. Жалосно е со толку надежни деца во градов кои го сакаат спортот да немаат каде да тренираат саглам.
И да, на ова ќе заборавев. Сакам да има асфалтиран пат од Агрија до Бабуна, кога одам со точак натаму обавезно со дупната гума се враќам дома
Ова е дел од она што го имам забележано, чим на овие работи ми текна значи навистина ми бодат во очиве, а верувам не само мене туку и на повеќето жители овде. Ужасно се фрустрирам додека гледам како пропаѓа градов, и жал ми е. Ова со реконструкцијата на младинскиот парк деновиве некако ме освежи и ми влеа некаква надеж дека некои работи можеби ќе се средат па ќе заличи, па почнав вака да си се филмам.
Јас лично ќе поддржам секаква иницијатива за разубавување на градов, кој градоначалник од која партија доаѓа тоа воопшто не ме засега. Се додека работи за градот и придонесува.