Да, поради некакви имиња без никакво значење за земјава, а особено неколку со негативно влијание.АМА после средување на многу побитни работи.Засега НЕ.
Али добро, луѓето си работат во рамките на способностите.Толку ги бивало.За поголеми работи, повеќе среќа наредни години...
Што и да им прдне на неизживеаниве тоа прават, ќе цртаме нова историја ајде. А тие "комуњарите" колку и да ги плукате сепак биле дел од нашата историја... него ај ќе направиме секоја улица да се вика АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ! nekac rknat rpedavnicite11!!!!1
Ама какво било влијанието на Едвард Кардељ, Ј.Б.Тито, Иван Милутиновиќ и особено домашните Лазар Колишевски, В.С. Бато, Лазар Мојсов, Коле Чашуле и многу други.Од заедничко делење идеја за независна Македонија (Вардарска, Егејска и Пиринска) во периодот на II Светска Војна (особено изразено кај домашните), до газолижење во Белград и местење на довчерашните соборци М.А. Ченто, Панко Брашнаров и други како државни непријатели број 1 за добра куќа на Илинденска и вила на Јадран.Таквите ги имало премногу, ги имаше во 2001-ва, ги имаме и сега во сите партии.Лижат кај стигнат, а најмногу на Брисел и Вашингтон.
Од автобиографијата на Ченто:
...Пред да ги прочитаме записниците, Тито се заблагодари за поздравите и накусо изложи како , тој и Националниот комитет, гледаат на борбата на македонскиот народ. Кажа дека нивните гледања се содржани во одлуките на второто заседание на АВНОЈ, и дака нема сила што ќе го спречи нивното остварување, а во таа смисла, дека македонскиот народ треба да ја засили борбата против окупаторите, која во почетокот не била разгранета, како во другите делови на Југославија, но дека се гледа оти ќе се разгори после одржувањето на заседанието на АСНОМ, па побара да се одржи што е можно поскоро.
Потоа ги прочитав записниците и го повторив она што му го реков на Тито во врска со грчките комунисти, а Киро Петрушев даде некои појаснувања во врска со решенијата од заседанијата на Иницијативниот Одбор и на Главниотт Штаб. Поставив прашање како да се поврземе со Македонците во Грција и во Бугарија и предложив Националниот комитет да издаде еден меморандум за Македонија, од кој ќе се види дека и македонскиот народ се бори против заедничкиот фашистички непријател и за остварување на националното право на обединување.
Но , овие работи беа премолчени во дискусијата...