Возраста и одлуката за религиозна определба

Дали е потребна возрасна граница, за носење на одлука да се припаѓа кон било која религија?

  • Да, потребно е

    Гласови: 37 75,5%
  • Не, тоа е непотребно

    Гласови: 12 24,5%

  • Вкупно гласачи
    49
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.795
Поени од реакции
8.818
Секако.
Се раѓаме атеисти.
Наш избор е дали ќе го промениме тоа, нема потреба да ни се наметнува.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.786
Поени од реакции
12.261
Многу нешта ти се наметнати по раѓање. Национална припадност на пример или понатаму партиска (да, овде читам и деца веќе определени),...кога си бебе ти наметнуваат машки и женски играчки, машки и женски бои, начин на однесување...треба да раснеш во шума за да немаш влијанија и наметнувања од семејството и државата.
 
S

Shellshock nam67

Гостин
Јас сум роден ако муслиманин и ке умрам како тоа.
Едноставно, тоа е дел од мене и нема ништо лошо во тоа да е човек религиозен, а колку помлад осознае дека муслиманската вера е онаа вистинската толку подобро.
Ве жалам вас, уште од мали ве заслепуваат дека тоа е христовата вера е вистинската, само се прашувам која христова?
Само католичкиот огранот има околу 5000 под гранки т.е христови религии.
За другите да не спомнувам, едноставно, премногу има од тие „вистинските’ т.е „вистинската христова религија“.
П.с не сум муслиман, но размисли за ова што го пиша бидејки немаш никакви аргументи.

tvoe pravo e kako ce si umres ako drug ne ti ja zeme dusata ili ne bide nesto treto.
vo odnos na prasanjeto za koja vera e vistinska pogledni fakti koi zborat hristijanstvoto kako pomlada religija od drugite egzistira okolu 2000 godini islamot e najnova religija zasnovana na 6 vek od nasata era.( vo dobar del kopira od biblijata (stariot zaved) )
Kolku e dobar i ili los islamot isto taka govorat fakti, islamot e nasilna religija koj vo golem del se prosirila blagodarenie na voenite pohodi na arapite.
kolku za informacija svetiot ogan vo erusalim se pali sam od sebe i toa vo prisustvo na pravoslaven svestenik.

nema sto ti nas da ne zalis zali se ti samiot sebesi sto zivees vo dupka temna bez svetlina i bez soznanie za pravata vistina.
Tuku kako ad si frlen vo podzemjeto.
Bez razlika na toa dali si vernik ne vernik musliman ne musliman pocituvanje prema sekoj vera i sekoj vernik treba da imas.
--- надополнето: 17 март 2012 во 08:09 ---
Зошто бараш одговори, кога самиот не даваш на поставени прашања?
И религијата и политичките партии, се институционализирани групи на луѓе кој делат исти идеали и погледи на светот.
Е сега, за едните (политиката) е забрането инволвирање на деца, додека за другиве (религиите) децата масовно се инволвираат, се индоктринираат и манипулираат!

jas ti odgovoriv kolku i dali si zadovolen od odgovorot toa e druga rabota
ali probaj daj mi odgovor na moite prasanja
--- надополнето: 17 март 2012 во 08:09 ---
Зошто бараш одговори, кога самиот не даваш на поставени прашања?
И религијата и политичките партии, се институционализирани групи на луѓе кој делат исти идеали и погледи на светот.
Е сега, за едните (политиката) е забрането инволвирање на деца, додека за другиве (религиите) децата масовно се инволвираат, се индоктринираат и манипулираат!

jas ti odgovoriv kolku i dali si zadovolen od odgovorot toa e druga rabota
ali probaj daj mi odgovor na moite prasanja
 

Gunner4ever

Vive la France
Член од
14 ноември 2009
Мислења
663
Поени од реакции
130
Дали возраста не е подеднакво битен фактор за една личност, кога станува збор за религијата?
Зошто децата да не смеат да се инволвираат и користат во политички цели, а слободно и без никакви пречки се религиозно индоктринирани насекаде низ светот?

Луѓето докажано се по подложни на влијанија од секаков карактер кога се на помала возраст. Кога од најмала возраст на детето, му се сугерира, наметнува и проповеда одредена религија, тогаш тоа ја губи способноста да биде самостојно и да носи свој сопствени одлуки.
Индиферентноста кон овој факт, им овозможува на фундаменалистичките фанатици, да создаваат генерации полни со идеологии кој им биле всадувани во нивните глави од најмала возраст.

Ќе посочам два примера, кој мислам дека најдобро ги посочуваат негативните последици од инволвирањето на децата во религијата:
Ислам, Христијанство
Strogo sum protiv predvremeno i bilo kakvo viljanie (religiozno i politicko) vrz decata pa i mladite(18-22) poso tolku vreme e potrerbno da svatat deka banalna stvar e da se veruva vo nesto sto ne postoi, a pa uste pomalku vo edna grupacija na luge koj gledaat samo za svoj interes. Nemozam da svatam zasto lugeto se tepaat megu sebe za nesto sto ne postoi(HOAX). Gejmerski kazano toa ti e DD(Double Damage), veruvas u nesto sto ne postoi, a zgora na toa umiras za toa .
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Секако дека треба да постои одредена старосна граница(во години) после која индивидуата сама ќе си одлучи која религија ќе ја прифати и дали воопшто ќе прифати некаква религија !
Е сега таа граница треба да биде малку повисока да речеме отприлика на 25 год. кога човекот на некој начин е навистина зрел и свесен за себеси и за се околу него ........... затоа што несекогаш децата се задоволни од религијата која им е наметната по автоматизам од нивните родители, роднини, средина, нација, држава и.т.н. со самото негово раѓање, но ваков концепт за личен избор незнам дали постои некаде во светот, но мислам дека е доста паметно !
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
431
Поени од реакции
934
Не е потребен никаков карантин, доволно е да не му се полни главата на детето за одредена религија, и да му се даде можност кога ќе биде доволно интелектуално поткован самиот/та да одлучи и да се пронајде таму каде што припаѓа.
Наместо тоа, децата веднаш по раѓањето се "обележани" и етикетирани како припадници да одредена религија, и во текот на нивниот развој константно индоктринирани од семејството и околината.
Зошто да се обрежува, крштева или на било кој начин воведува во религија на возраст кога не е способно како личност само да одлучи?
И според кој критериум, за политичка инволвираност децата се неподобни а за религиозна се?
Секој човек е под влијание на три клучни фактори - биолошкиот (семејството, преку генетскиот материјал и воспитувачката улога), социолошкиот (поблиската и поширока околина - општеството) и самоактивноста (сопствените убедувања, ставови, однесувања)... Ова е од аспект на психологијата востановено, не е само мое лично убедување. Така да, нема начин да ги исклучиш првите два фактори на друг начин, освен да го изложиш детето на целосна изолација и од семејството и од општеството. За што секако немаш никакво право ни оправдување ни ти, ни било кој друг.

Пак напоменувам, ја разбирам твојата цел, ама не ја оправдувам да биде применувана, бидејќи се меша во начинот на кој било кој поединец го воспитува потомството. И мене ми пречи оваа хипер либералност која се промовира денес и сметам дека заедница на хомосексуалци и/или лица кои се занимаваат со проституција итн. не е најздрава средина за развој на едно дете, ама немам право да осудувам, само да не одобрувам преќутно.

И темава е повеќе претворена во дебата за тоа дали атеизмот на Петко или православието на Трајко или пак, исламот на Мујо е правилниот избор (поради што и не сакав да навлегувам во дискусии во овој подфорум), а не што е најдобро за детето и дали има некој надворешен право да ги диригира условите на воспитување, за што мојот одговор е категорично не, и Петко и Трајко и Мујо по сопствено убедување и законско право (на вероисповед) ќе одлучат секој за себе.

Околу вториот болд, ти напоменав веќе, не оправдувам политичка инволвираност на деца, ама забраната е про форма или само на хартија, бидејќи и натаму огромен број деца веат знамиња на митинзи и лепат плакати итн. и никој не презема ништо околу тоа. И во случај на законски ограничувања на право на вероисповед со возрасна граница, очекувам иста непослушност.

И за крај, кога детето доволно созрее и не се најде во овој поглед или определба, ќе ја промени без некои посебни проблеми (ќе се определи како атеист или припадник на др.религија), така да мислам дека твојов став е во голема мера непотребно комплицирање. И на крај, дури и да ја сметаме како идеолошка заслепеност оваа определба, секој сам сноси вина за својот избор, каков и да е, ама ништо не е непроменливо, така :D ?! И мене ми пречи глупавоста на многу луѓе, ама нема начин да им го ускратам правото да бидат такви.
 
V

Vollstandig

Гостин
Најстара религија е кабалата, како нејзин производ настанува еврејството (тората) па христијанската, исламот.. итн, најнова мислам дека е скеинтологијата итоа застапена во голем размер.
Не бе, има уште постари,врати се назад кон египетската религија,па заратрусти и ред други постари..ги има еден тон:)
--- надополнето: 19 март 2012 во 12:38 ---
tocno e toa deka prva vera so koja sum se zapoznal e hrstijanskata vera . e sega vo tekot na moeto skoluvanje sum se zapoznal i so islamot budizmot i drugi religii (da gi zememe i politeistickite kako najstari kaj rimjanite i grcite )
od site tie spoznanija sum dosol do zaklucok vejke ako odime kon toa deka hristovata vera spored mene e najdobra.
a za partii da ti kazam iskreno tasak ne me boli ni pratam politika ni sakam iskreno.
Normalno e roditelot da si go zapoznae deteto so osnovite na religijata na koja i toj samiot pripagja.
sto ima loso vo verata (bilo hristijanska bilo islamska bilo budisticka ) go tera coveka na blud na zloba na sto sto e losoto kaj site veri ??/
a sto na primer vo politikata koja gi polzuva site lugje kade i da se vo svetot.
Голема грешка си. Во текот на твоето школување си го запознал ИСЛАМОТ, како ИСЛАМ и ништо повеќе.Додека во текот на твојот живот си го запознал христијанството и проповедано ти било од дома, и в црква. Зато и тврдиш дека СПОРЕД ТЕБЕ РИСТОВАТА ВЕРА БИЛА НАЈДОБРА.
Според тебе што е верата? Збир од догми,суеверија и приказни и одредени ритуали кои ако ги обавуваш, без разлика на тоа каков човек си бил, со самото припаѓање на таа вера си спасен.
Си пишал “Според тебе оти е најдобра“ што значи станува збор за личен вкус.Ако твојот личен вкус, да јадиш бурек, го пренесиш на друг дека бурекот е најдобро јадење сигурно би настанало недоразбирање, личниот вкус е вкус и не треба да се проповеда никому.

-Лошо во верата не би имало ништо ако не постоела средновековна инквизиција,палење,убивање ,свети војни...и ред останати глупости.


И одговори ми ти на ова:
Верник си во еврејска религија, која самите евреи не ја прифаќаат. Што мислиш,зошто:)?
 
Член од
17 јануари 2012
Мислења
1.044
Поени од реакции
644
Очигледно не ме свати добро...
Значи според твоето мислење, секоја личност се раѓа со одредена религија, или во твојот случај ти си се родил христијанин и велиш дека секој треба да стане христијанин уште од мали нозе, токму на возраста кога се оформуваат гледиштата кон светот или со други зборови сугерираш на наметнување на христијанството.
Моето мислење е дека изборот треба да се остави, океј е да се даде до знаење на своето дете дека ти си христијанин и имаш одредени очекувања од него,. но не и да претераш со постапките и да го присилиш да верува т.е да се определи за христијанството.
Јас намерно се поставив како муслиманин, и би сакал да збориме за муслиманството и христијанството какви што се сега, или во блиска иднина а не за наредните неколку века.
Можеби ке има муслиманството многу ограноци, што не го прави ништо различно од твојата религија христијанството, а во контекст на последниот дел од твојот пост би те охрабрил да одиш да го шириш христијанството во арапскиот свет, ако успееш да преживееш, секоја чест.
За крај доаѓаме до заклучок дека христијанство=Муслиманство а сметам дека можам да го продолжам тоа еднаквото со речиси сите религии кои што постојат.
Не, религијата не е нешто што треба да се наметнува, и потребно е да се промени таа непотребна навика на наметнување религија од постарите лица.
Се надевам дека сега е појасно и ке останеме во контекст на темава, бидејќи нема потреба да продолжувам понатаму да ти споредувам колку твоето христијанство е исто (Да, добро прочита) христијанството е исто со мулиманската религија која што ти толку многу ја мразиш.
Сличностите постојат, и ги има повеќе отколку што очекуваш.

Човече не си ме сватил. Коментарот ми беше во врска со еден куп вистински религии што се појавија а сесамо перење на мозок. Точно е дека сум се родил како Христијанин али сега сум атеист. Религијата според мене уопште не треба да се наметнува.
И не е точно дека ја мрзам муслиманската религија всушност таа за мене е иста како и секоја друга. Дали ке одиш во џамија или црква е исто и едната и другата сакаат да направат своја критична маса. Иначе имам другари кои се муслимани т.е. поблиску се до атеисти отколку до некакви верници ама се родени како муслимани.
 
G

galaxy

Гостин
Се разбира дека треба, прво децата, посебно денес, не се воопшто свесни што претставува религијата, за некои е одење в црква и кршење со јајца. Колку пати само на форумов сум прочитал ама не гледајте ги нив, тие не се вистински христијани/муслимани/ххххх, а децата божем се?
Денес, кога црквата и џамијата имаат една социјална и пропагандна улога можеби е престрого на децата да не им се дозволува да влегуваат таму, ама оваа граница можеби има улога на пример во пописи кога на деца не би требало да им се поставува прашање за религија.
Сепак, додека имаат право да си ја преиспитуваат религијата и верата и да си ја менуваат ознаката за тоа во која религија се пронаоѓаат за време на нивното растење и разбирање, не е опасно. А повеќето не можат, дури ни кај нас, бидејќи, прво немаат информации и имаат стереотипи за другите религии.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Најстара религија е кабалата, како нејзин производ настанува еврејството (тората) па христијанската, исламот.. итн, најнова мислам дека е скеинтологијата итоа застапена во голем размер.
Грешка си, кабалата е заснована - произлезена од тората а не обратно.
Кабалата е еврејски мистицизам, кој дава езотериска перспектива или смисла на тората.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.416
Поени од реакции
5.086
Ако уште од мали не им ги перат мозоците на децата, тогаш религиите ќе останат без следбеници.
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
А шо праиме ако не сакам да бидам религиозен
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Абе хипотетичка е многу темава.:P

Тоа ти е нешто слично ко да се прашаме дали ако имаш ќерка е поубао да ја учиш да се омажи за богат, или да си бара љубов па макар и на село:P

Се си има свои бенефити и последици.

Ми доаѓа исто ко јас сега што го индоктринирам малиот дома да навива за Милан и Вардар:P

Се што ќе се забрани со закон ќе стане послатко. Далеку сме од менталитет на светско ниво кое ќе го понуди она што е наведено во прашањето од анкетата.

Генрално, треба да исчезнат религиите, а не да ставаме граници:P Или во најмала рака да бидат изучувани од наредните генерации, како што се изучува египетската митологија, старогрчката митологија итн..
Тоа е мое мислење барем.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.795
Поени од реакции
8.818
Многу нешта ти се наметнати по раѓање. Национална припадност на пример или понатаму партиска (да, овде читам и деца веќе определени),...кога си бебе ти наметнуваат машки и женски играчки, машки и женски бои, начин на однесување...треба да раснеш во шума за да немаш влијанија и наметнувања од семејството и државата.
Ние бираме какви влијанија ќе пренесеме на децата, и кои влијанија можеме да ги намалиме.
Можам да го трујам детето со религии, националности, партии, а и не морам. Можам едноставно да не му зборувам за тие теми. Подоцна самото ќе одлучи што сака.
А во однос на играчките, тоа се вика машки и женски улоги (што е малце поразлично од прашањето за религија), и тие се потребни, како такви, за детето полесно да се идентификува со истополовиот родител, што е од значење при разрешување на Едип/Електра.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
И за крај, кога детето доволно созрее и не се најде во овој поглед или определба, ќе ја промени без некои посебни проблеми (ќе се определи како атеист или припадник на др.религија), така да мислам дека твојов став е во голема мера непотребно комплицирање. И на крај, дури и да ја сметаме како идеолошка заслепеност оваа определба, секој сам сноси вина за својот избор, каков и да е, ама ништо не е непроменливо, така :D ?! И мене ми пречи глупавоста на многу луѓе, ама нема начин да им го ускратам правото да бидат такви.
Јас воопшто несметам дека е непотребно комплицирање, ти се обидуваш да го релативизираш проблемот алудирајќи на непочитувањето на забраната да се наметнува политиката на децата. Според таа логика, треба да ја прогласиме за нормална и прифатлива и практиката да се фрла ѓубре јај што ќесе стигне, да се пушат цигари било каде, да се паркира на секоја слободна површина и слично, само затоа што не се почитувало доволно тоа што е законски пропишано?!
Тоа воопшто не е аргумент, туку само изговор и оправдување.
--- надополнето: 19 март 2012 во 15:44 ---
Или во најмала рака да бидат изучувани од наредните генерации, како што се изучува египетската митологија, старогрчката митологија итн..
Тоа е мое мислење барем.
И според мене ова е најизводлива и најдобра опција.;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom