Нема никогаш да оправдам злоупотреба на деца и нивно манипулирање, предизвикано од било какви мотиви (политички, верски итн.). Меѓутоа, иако декларативно е забрането политичкото инволвирање на деца, јасно е колку всушност практично е така, во огромен број случаи, кои и не се баш изолирани, дури и во нашето непосредно опкружување.
Меѓутоа, оваа одлука за религиозна определба на одредена возраст, мислам дека е тешко изводлива, најмногу бидејќи директно се меша во начинот на воспитувањето на децата во рамките на семејството. Секој родител се обидува да му ги посочи на детето вистинските вредности, навики, погледи и сл. Никогаш нема да има консензус околу тоа кои се универзално вистински, бидејќи релативно е поимањето на различни луѓе со различен образовен, културен, религиски, социјален и др. бекграунд... И во крајна сметка - колку и да ме иритира мене начинот на невоспитаност на децата на соседите или пријатлите, немам никакви права да учествувам во носењето на одлуки од типот како да ги воспитуваат... Исто е и ова, иако навидум не изгледа така. Мене лично ми смета наметнувачки принцип во било кој поглед, во однос на било што, кога ми се ускратува правото да носам самостојно одлуки, макар колку и да е благородна суштинската намера на наметнувачот.
А и целосно е неизводливо, што ќе прават пр. религиозните родители за време на верски празници, ќе ги сместат децата во карантин, за да пр. на Велигден не дојдат во допир со вапцано јајце или кај муслиманите како би се избегнало обрежувањето на машките деца?!
Секако дека со тек на време, кога личноста ќе дојде на возраст да формира сопствени ставови и убедувања, во голема мера има шанси да го отфрли она што било наметнато условно речено од родителите, било да е тоа религиска определба, припадност на политичка партија итн.