Android корисници (проблеми, прашања, совети)

Член од
2 јануари 2012
Мислења
603
Поени од реакции
146
Ѓабе е инсталирав мавам end all и повторно си стојат...иначе како да го исклучам 3г-то ????
 
Член од
25 март 2009
Мислења
84
Поени од реакции
3
па сите не можеш да ги исклучиш а за 3 г би требало да има во мобил нетворк у сетинг
 

zocc

911
Член од
9 мај 2011
Мислења
2.912
Поени од реакции
1.678
Ѓабе е инсталирав мавам end all и повторно си стојат...иначе како да го исклучам 3г-то ????
Можеш да ги исклучиш во settings/manage applications и на секоја апликација посебно да стискаш force close. Голема заебанција е тоа а и плус на секое рестартирање на телефонот или вклучување на интернет мора истото да го правиш. Затоа тоа е многу добро решено на ICS 4.0.3 апдејтот, еднаш исклучиш ли апликација и така си стои се додека ти не ја вклучиш пак и сега веке не ме боли глава. :)

За 3G да го исклучиш оди во settings/mobile network и одбери GSM only или пак 2G и data traffic исклучи го. Мислам дека така беше, сум заборавил како беше на GB 2.3.X .:)
 
Член од
10 јули 2011
Мислења
3
Поени од реакции
0
Root на ZTE Racer II?? Дали има некој рутирано ваков мобилен и доколку има да каже на кој начин и со која програма. Благодарам однапред.
Да јас го купив пред некој ден. Прилично сум задоволен од телефонот. Т.Е. и баш сеа му манав Root.
Едноставно е многу:
1. За да си најди драјвери на компјутер спушти си Android-Sync синхоризира Outlook и снима потребни драјвери
2. После дунлоадирај Unlock Root и со 1 клик на ROOT дугме во прогамата малце чекање и готово.
И не боли воопшто само што нема ClockworkMod за овој модел и то ме невира. Што значи немаш некоја преголема придобивка од Root.
 
Член од
9 јули 2010
Мислења
75
Поени од реакции
48
Samsung Galaxy Ace //Си ставав ја музики од пц на моб. и си префрлав слики од моб. на пц со усб-кабелот, притоа го конектирав како обично усб (connect to PC) и се' си тераше супер ...еве вчера пробав истото ии, не се појавува ни media фолдерот ни фолдерот со слики од камера..и останати фолдери кои се појавуваа претходно. Туку се појавија само неколку фолдери полни со глупости од некои апликации.. а да, претходно инсталирав SnappzMarket маркет за бесплатни апликации..и симнав една апликација од таму. Да не влетал некој рандом вирус, па тоа да е причината? Или па треба да симнам Kies драјвер, па да оди полесно?
Користам Galaxy Ace неколку месеци (на позајмица) и имам големи маки со Random смрзнување. Си имал такво искуство? Можеби решение за него?!
 

merlin

Мадридистика...
Член од
29 јуни 2006
Мислења
543
Поени од реакции
119
Користам Galaxy Ace неколку месеци (на позајмица) и имам големи маки со Random смрзнување. Си имал такво искуство? Можеби решение за него?!
Смрзнување? Мислиш целосно смрзнување, ништо да не мрда? ..Ако мислиш на такво, досега не сум имал таков проблем. Одвреме на време знае да има сецкања при работење (досеа два-трипати), но го исклучувам, и пак ќе го вклучам ...тоаш лизга :)
 
Член од
9 јули 2010
Мислења
75
Поени од реакции
48
Смрзнување? Мислиш целосно смрзнување, ништо да не мрда? ..Ако мислиш на такво, досега не сум имал таков проблем. Одвреме на време знае да има сецкања при работење (досеа два-трипати), но го исклучувам, и пак ќе го вклучам ...тоаш лизга :)
Не, мислам на ова:
 

zocc

911
Член од
9 мај 2011
Мислења
2.912
Поени од реакции
1.678
Не, мислам на ова:
Ова е таканаречен синдром sleep of death или само SOD кој го има само кај Galaxy Ace. Многу луѓе се жалат на ова. Единствено решение, како што тврдат, за оваа заебанција е root и инсталирање на custom rom. После тоа си работи телефонот без проблем. :)
 

merlin

Мадридистика...
Член од
29 јуни 2006
Мислења
543
Поени од реакции
119
Ова е таканаречен синдром sleep of death или само SOD кој го има само кај Galaxy Ace. Многу луѓе се жалат на ова. Единствено решение, како што тврдат, за оваа заебанција е root и инсталирање на custom rom. После тоа си работи телефонот без проблем. :)
А нели после тоа Рутот..телефонот веќе не подлежел на гаранција? Т.е. имало можност за други проблеми, или не? (според кажувања)
 

zocc

911
Член од
9 мај 2011
Мислења
2.912
Поени од реакции
1.678
А нели после тоа Рутот..телефонот веќе не подлежел на гаранција? Т.е. имало можност за други проблеми, или не? (според кажувања)
За гаранцијата, точно така., ама пак постои и unroot т.е. да го вратиш назад како што бил фабрички. Баш ме интересира на кои проблеми мислиш ако имаш root ?? Јас имам root на мојот Galaxy S и имам инсатлирано ICS 4.0.3 custom rom и немам ниту еден проблем и никогаш не би го вратил на официјален (фабрички) ром. Презадоволен сум, како да купив нов телефон. :)
 

^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.770
Поени од реакции
8.034
Препорака од мене, ако досега не сте го инсталирале.

Call Blocker - Ако некого ве замара, блокирајте го бројот со овој програм и завршена работа ;) Работи, проверено :eek:
 

zocc

911
Член од
9 мај 2011
Мислења
2.912
Поени од реакции
1.678
Препорака од мене, ако досега не сте го инсталирале.

Call Blocker - Ако некого ве замара, блокирајте го бројот со овој програм и завршена работа ;) Работи, проверено :eek:
А батеријата како издржува со него, мислам да не ја цеди брзо ??
 

Pallatino

Батулец
Член од
29 декември 2011
Мислења
63
Поени од реакции
21
Имам LG GT540 со Android 1.6 (Donut and Apples) ама сакам да инсталирам 4.0 (Ice cream sandwich). Дали е то возможно и ако е возможно поможетеми како да го спуштам.
 

zocc

911
Член од
9 мај 2011
Мислења
2.912
Поени од реакции
1.678
Имам LG GT540 со Android 1.6 (Donut and Apples) ама сакам да инсталирам 4.0 (Ice cream sandwich). Дали е то возможно и ако е возможно поможетеми како да го спуштам.
Мој совет ти е да му ставиш 2.2.Х (Froyo) или 2.3.Х (Gingerbread) отколку 4.0.Х (ICS) зошто телефонот е премногу слаб хардверски и ке имаш проблеми со lag и полно работи нема да ти работат. Пред да му ставиш било каков custom rom ти треба root. Еве ти линк каде се имаш објаснето во врска со овие ствари како и ромови за download :
http://forum.xda-developers.com/forumdisplay.php?f=776
 

Kajgana Shop

На врв Bottom