Кампања за купување на Македонски производи

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Од кајсија? Тие ми се ок,од јагода не ги сакам
--- надополнето: 15 март 2012 во 21:21 ---

Најдоброто нешто од европа
Супер е Јас многу го сакам. И ефтин е. Само на естетски план е тапа. Пакувањето е... и варират во форма и големина. Имаат многу работа уште.
 

mackomk

...Chichino...
Член од
23 јуни 2007
Мислења
318
Поени од реакции
72
Супер е Јас многу го сакам. И ефтин е. Само на естетски план е тапа. Пакувањето е... и варират во форма и големина. Имаат многу работа уште.
Амбалажава е комунистичка и дефинитивно и треба освежување,ама па од друга страна е оригинална и си ја памтиме како таква оддамна.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891


еве едно одлично средство за чистење на мрсни работи..чисти како лудо..од мотори на коли па до дамки од алишта (y) МК производ нормално..
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334


еве едно одлично средство за чистење на мрсни работи..чисти како лудо..од мотори на коли па до дамки од алишта (y) МК производ нормално..
Одмрснувач.......:D:pos::pos:

concetrato....:pos:

DeGrass....:pos::pos:

Ептен МК производ....:pos:
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Што е тоа со Македонските производи тураат некој странски имиња на фирмите. А на пакетот е испишано на кој ли не јазик Англиски, Германски, Италијански. Македонски можеш да најдеш ситно од позади.
 

kralot

Вистина!!
Член од
9 април 2008
Мислења
466
Поени од реакции
72
Добро е што се пишува на повеќе јазициж но брендот нека биде препознатлив.
Ова е господ знае во кој подрум произведено:vozbud:

како најдобри Македонски брендови јас би ги издвоил:

  • Алкалоид
  • Агроплод
  • Ука
  • Струмка

  • Поранешни веле блендови кои дозволивме да згаснат:
  • Тетекс
  • Санос
  • Емо
  • Охис
  • Кимико

Во овие случаи зборуваме за компании кои не претставуваат на странските пазари или што не претставувале во минатото.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
Одмрснувач.......:D:pos::pos:

concetrato....:pos:

DeGrass....:pos::pos:

Ептен МК производ....:pos:
Mакедонски е бе..Арис Куманово е производител,што е битно што пишува на етикета..тоа е друг муабет.
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Mакедонски е бе..Арис Куманово е производител,што е битно што пишува на етикета..тоа е друг муабет.
Tи гарантирам дека Арис Куманово не извезува во Италија. Нашиве производители од петни жили се трудат да замаскираат дека производот е Македонски. Очигледно толку е ниска довелбата на потрошувачите во МК производи па требаат да се кријат МК производители.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
како најдобри Македонски брендови компании јас би ги издвоил:

  • Алкалоид - Скопје http://www.alkaloid.com.mk/doma.nspx (1936 год., фармација, хемија, козметика, билкарство и прехрана/ 97 млн. евра добивка - 2010 година)
  • Aгроплод =СвислионАгроплод (одамна не е веќе тој квалитет, истиот случај како ИМБ (Данјуб фудс)/Идеал Шипка(Дукат), 33,4 милиони евра добивка во 2010 од српски увоз, а 9,1 млн. од фабриката во Ресен :mad: )
  • Ука (релативно нова и непозната фирма)
  • Струмка + Струмичка Мастика = Грозд – Струмица http://www.grozd.mk/ (1953 год., и добро вино работат :icon_lol:)ПЉУС:
  • Витаминка – Прилепhttp://www.vitaminka.com.mk/ (1956 год., главен бренд е Стоби Флипс, други Цевитана, Витанез, Атлантис, Сириус,20,4 млн. евра добивка - 2010)
  • Макпрогрес - Виницаhttp://www.makprogres.com.mk/ (1990 год.,Винчини/Сончева Долина е брендот, 15,8 млн. евра - 2010)
  • Прилепска Пиварница http://www.prilepskapivarnica.com.mk/ (18,5 млн. евра - 2010)
  • Млекарница Здравје - Радово http://mlekarazdravje.com.mk/ (14,7 млн.)
  • Цермат – Битола http://www.cermat.com.mk/mkd/home_mk.asp?brandID='home' (1999 год., сладоледи, смрзната храна и преработки од кафе)
  • Благој Ѓорев - Велес http://www.kristal.com.mk/ (1923 год.,преработка на маслодајни семиња, шеќер, соја и прехранбена/билна индустрија, 9 млн.)
  • Кодинг - Кавадарци (бренд Горска, 8,3 млн.)
  • Екстра Меин - Куманово (П-во на месо и месни преработки, 9 млн.)
  • Гранит – Скопјеhttp://www.granit.com.mk/ (1962 год., градежна компанија – мала историја: http://www.granit.com.mk/Default.aspx?mid=12&lId=1 65,1 млн. евра добивка - 2010 год.)
  • Металец - Прилепhttp://www.metalecprilep.com.mk/ (1970 год.,метални конструкции во високо и нискоградба, мостоградба, стадиони, аеродроми, ремонтни работи на големи индустриски капацитети, надградба на индустриски, комунални и земјоделски возила, , соларни панели, ветерници, мини хидроцентрали, бојлери, камини)
  • МИК - Свети Николе (14,7 млн.)
  • Адинг – Скопје http://www.ading.com.mk/index.asp(1969 год., п-во на материјали за градба, бетон, бои и лакови, лепила, хидроизолација, ПП заштита, спортски подови)
  • Бовин – Неготино (1998 год.)
  • Пелистерка - Скопје,полнето во Битола :tapp: http://www.pelisterka.com.mk/ (1953 год.,минерална вода, сокови, вино и течен СО2)
  • Тиквеш - Кавадарци АД Скопје :facepalm: (винарија, истиот случај како Пелистерка, 19,2 млн. евра -2010)
  • Макстил - Скопје (~ 90 милиони евра добивка во 2010)
  • Брако – Велесhttp://www.brako.com.mk/ (1947 год., опрема за индустриски машини, приколки, п-во на производни ленти, медицинска опрема, телекомуникации, жичани профили главно за извоз, 16,8 милиони евра добивка - 2010 год.)
  • Бучим - Радовиш (рудник за бакар, 38 милиони евра добивка - 2010 год.)
  • Илинден – Струга http://www.ilindenstruga.com.mk/mak/index.html (1972 год., градежна компанија)
Поранешни веле блендови кои дозволивме да згаснат
ПЉУС живеат на апарати, моментално во сенка на некогашната големина или купени од странци :
  • Тетекс – Тетово http://www.teteks.com.mk/ (1951 год., огромна текстилна фабрика, моментално живот на стара слава
  • Унипласт – Стругаhttp://uniplast.com.mk/ (1985 год.,преработка и производи од пластика,полиестер и стакло , пловни објекти - кајчиња/глисери, изградба на базени, шахти, резервари за вода/нафта/хемиски производи, киосци)
  • Санос – Скопје (1947 год., автобуси; од 1967 е потпишан договор за соработка со Мерцедес и оттогаш до затворањето на фабриката сите возила се работени на МБ дизајн/мотори и 90% ист изглед, во екс-Ју го користеле поимот Југословенски Мерцедес)
  • Еурокомпозит - Прилеп (пешадиско оружје и опрема, панцири, ПП опрема, надградба на воени, железнички, комунални, земјоделски и товарни возила)
  • Радика – Дебарhttp://www.knauf.com.mk/default.htm (заедно со ТОЗ Загреб беа единствени производители на школска креда и еден од ретките во екс Ју за медицински гипс, моментално работат над 200 работници под името Кнауф Радика; газда е германски Кнауф, 35 милиони евра добивка за 2010)
  • Рафинерија – Скопје (единствена нафтена рафинерија, газда Хеленик Петролеум, прва на листата за најголема добивка во 2010 - 516 милиони евра)
  • Скопска Пиварница (исти газди како ОКТА; 65,6 млн.- 2010)
  • Цементарница УСЈЕ - Скопје (исти газди како претходните две фирми; 70,2 млн.-2010)
  • Фени – Кавадарци (газда Лакшми Митал, засега поради цената на металите во супер кондиција,5-ти по добивка за 2010 година со 262 милиони евра)
  • Југохром – Јегуновце (преработки од хром и железо, 17,1 млн.- 2010)
  • Империјал Тобако - Скопје (Тутунски Комбинат, 55 млн.- 2010)
  • ИМБ Млекарница - Битола (Српски газди и млеко, 32 млн.)
  • Идеал Шипка - Битола (Хрватски газди и млеко, 13,2 млн.)
  • Повардарие - Неготино http://www.povardarie.com.mk/ (1963, ИМБ ситуација, 8,8 млн.)
  • Фротирка – Делчево http://www.frotirka.com.mk/(1961, памучни и ткаенини, крпи и текстил за домаќинства и угостителство, 400 вработени, 90% извоз во Западна Европа)
  • Микрон – Прилеп (електромотори, термопластика, моторни пили, миксери)
  • Сувенир – Самоков (п-во на пешадиско/ артилериско оружје, муниција, воен и стопански експлозив и надградба на воени возила во соработка со Еурокомпозит.Во меѓувреме ние увезуваме исти модели оружје и муниција од Србија.Планиран за продажба на странци)
  • Баргала – Штип (чевли, ~ 1200 вработени моментално, претпоставувам слабо платени, 95% извоз)
  • ГД Пелистер - Битола (градежништво, 13,7 млн.-2010)
  • Мермерен Комбинат - Прилеп (Јужни газди, 23,8 милиони евра добивка - 2010)
  • Алкалоид – Берово (п-во на медицинска опрема и санитетски материјали)
  • ЕМО - Охрид (загубар, ~4000 вработени, п-во > сефови, трафостаници, трансформатори, изолатори, телевизори, пластични маси,разводници, информатика, монтажа на далеководи и ремонтни активности во електрични термоцентрали.Работеа/работат за Siemens, Grundig, дури и телевизори за поранешен Gold Star, сегашен LG)
  • Тајмиште – Кичево (1966 год., втор најбогат рудник за железо во екс-Југославија)
  • Саса – Македонска Каменица www.sasa.com.mk/mak/index.asp (руски газди, рудник за олово и цинк, 79,8 млн. евра добивка - 2010)
  • ОХИС - Скопје (хемиски производи, загубар)
  • Отекс – Охрид (огромен производител на текстил, слично на Тетекс, фабриката е купена од КАМ Маркет за уривање и изградба на голем КАМ и станбени згради)
  • Братство Инокс – Охридhttp://www.bratstvoinox.com.mk/ (1949 год., метален прибор за домаќинство и индустрија, од 2010 рестарт)
  • Алумина – Скопје (1965 ,производство на алуминиумски преработки)
  • Застава АГП – Охрид (над 2000 вработени, подружница на Застава – Крагујевац, работат уште нејзини остатоци Амак СП, Сипо и Велмакс)
  • Слобода – Охрид (правосмукалки, калорифери, кварцни печки, бојлери, шпорети)
  • Хартија – Кочани (единствена фабрика за хартија)
  • Стаклара – Гостивар (единствена ф-ка за стаклени влакна на Балканот, затворена поради поефтин увоз од Кина)
  • 4-ти Ноември - Битола (единствена фабрика за шеќер, бугарски газди, 18,2 млн.- 2010)
  • Тутунски Комбинат – Куманово (производството на цигари од периодот 1946-1994 е зголемено за 25 пати,а во 1994 учествувале во 6% од вкупното индустриско п-во!)
  • Астибо - Штип (облека, поради ефтина работна сила и висок квалитет работат извоз за странски марки)
  • Јадран – Неготиноhttp://www.jadran.com.mk/index-2.html# (1957 год.,кондиторски производи)
  • Фринко - Битола (фрижидери, клима)
  • Фриготехника - Тетово http://frigoteknika.com/productsmk.asp ( 1970,фрижидери, разладни комори, полици, колички и слична опрема за маркети)
  • МЗТ - Скопје (1945, секакви п-води од метал, кочнички системи, редуктори, запчаници, тркала за железнички и воени возила (тенкови), турбини за хидроцентрали итн.)
  • Жито Битола (поранешен најголем преработувач на жито во Македонија и еден од најголемите во Југославија)
  • Маврово Инженеринг - Скопје (градежништво, 11,7 млн.-2010)
  • Лихнида – Охрид(1960 год.) http://www.lihnida.com.mk/index.html (производи од пластика)
Во овие случаи зборуваме за компании кои не претставуваат на странските пазари или што не претставувале во минатото.
Малку ти го изменав и дополнав постот со податоци.Додадов и некои не толку познати како бренд, ама успешни фирми.
И се разочарав, излезе дека вкупната добивка на сите наши фирми со домашни газди за кои најдов податоци се приближно колку добивката само на ОКТА.Плус, дел фирми продадени како загубари (Фени, Југохром, Агроплод, Битолска Шеќерана) или некои слабо профитни, странците кои ги купиле ептен брзо ја вратиле инвестицијата и работат со многу добри добивки.
Сам себе го убијал.:(
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
Somnitelno Lice*

фала многу за информациите...ептен убави... ама и ептен се разочарав од некои информации..една од нив..од твојот крај :( ...

  • Слобода – Охрид (правосмукалки, калорифери, кварцни печки, бојлери, шпорети)
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
Трета среќа за продажба на „Охис“


Една домашна и две бугарски компании се заинтересирани да ја купат фабриката ОХИС, една од неколкуте загубари за кои државата подолг период не може да најде инвеститор. Министерот за економија Ваљон Сараќини вчера објави дека се подготвува трет тендер за продажба на ОХИС и оти очекува наскоро да се најде инвеститор за загубарот.
Се очекува тендерската документација за продажба да се комплетира до крајот на неделава, по што ќе се објави и тендерот.
Сараќини потенцираше дека ќе настојуваат новиот инвеститор да ги задржи на работа сите вработени во компанијата, услов што во претходните тендери се покажа ограничувачки за заинтересираните купувачи. Министерот вчера попладне требаше да се сретне со претставници на вработените во фабриката кои подолго време се наоѓаат на принуден одмор.

Дали нашиот хемиски " гигант " ќе го дадеме во бугарски раце :facepalm:
 

jyvation

Пургер
Член од
4 ноември 2009
Мислења
2.156
Поени од реакции
2.755
Somnitelno Lice*

фала многу за информациите...ептен убави... ама и ептен се разочарав од некои информации..една од нив..од твојот крај :( ...

  • Слобода – Охрид (правосмукалки, калорифери, кварцни печки, бојлери, шпорети)

Ехеееее кое Македонско семејство нема вакви или од тие плавите :)

 
Член од
24 мај 2010
Мислења
2.048
Поени од реакции
4.640
да ми извините "македонските производи" се поскапи од увезените, како така? епа не знам изглеа имаме одлични економисти по министерствава па сега со цел памет јас ќе купувам ем поскап, ем со многу послаб квалитет од увезениот супститут
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
да ми извините "македонските производи" се поскапи од увезените, како така? епа не знам изглеа имаме одлични економисти по министерствава па сега со цел памет јас ќе купувам ем поскап, ем со многу послаб квалитет од увезениот супститут
Кој производ е поскап? Зашто мислиш дека се со послаб квалитет наш од некој увезен производ од Турција или Босна ?
 
Член од
8 август 2008
Мислења
1.309
Поени од реакции
151
a be kakvi bugari, sami sme krivi.....znaete so se sluci so golemata fabrika Kabli negotino......imase porano 1200 vrabajoteni....dojdoa bugarite rabotea uspesno dve godini.......a stavija pod stecaj....ja otvorija pod drugo ime sea so 150 vraboteni......si furat....drugite 150 gi ostavija doma.....a set kriminal drzavta im go pokri....ubeden sum.....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom