Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
А

Антоние

Гостин
Пред малку им помогнав на едни дечиња да закачат кош на дрво пошто не можеа да ги достигнат гранките.
Никогаш не престанува да ме изненадува колку малку напор е потребен да предизвикаш искрена детска насмевка. Ја имав честа да го фрлам првиот кош.
Се осеќам мошне гордо во моментов :)
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.662
Поени од реакции
35.300
Кајгич

Денес ме пресретна едно детенце, ‘‘ај дај ми 5 денари да си купам кифла‘‘ облечено во искинати алишта , ми падна жал и му давам 10 денари,, првата помисла што ми падна на памет додека му ги ставав во рака беше дека ќе ја летне зад некој агол и ќе му ги даде на некој возрасен што го принудува да проси, а тоа кутрото ја стави рака во џебот и извади 5 денари да ми вратело кусур, затоа што само 5 денари му недостасувале за си купи кифла :( Секако му реков да си ги задржи за себе, при тоа ми ја подари најубавата и најискрената насмевка на светот и највредното ‘‘ФАЛА ‘‘, ја претрча улицата и влезе во продавницата за да си купи кифла,,
Навистина ми беше мило што сеуште постојат чесни дечиња, кои иако се на улица, не се искривени.
Единствено ми беше жал што имав предрасуди за детенцето, а не бев во право :(,,,
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Тест по англиски а бе ајде се си знам јас шо ти е тоа граматика не ми треба не ќе и го земам на братучеда ми работното преведувач во Матица македонска :icon_lol:. И ќе решавам тест читам книги од кои што глава боли односно поминува :icon_lol: и тест ќе решавам.

Играа Идинајасти со Охрид ги наполнаа нашите со голови на 3:0 си заминаваме а на пауза меѓу дување во вувузела на Ч. му ја објаснував теоријата на делумна резерва во банкарскиот систем и пак не му е јасно, не знам зошто тешко го разбираат тоа луѓево кога е едноставно изгледа јас не го објаснив тоа доволно јасно.

Ќе се збуцавме со другарка ми во тесното уличе додека одев по леб за кучево ма добро е :icon_lol:.

Сонцето изгреа и сите сме весели...

 

BloodyJesus

патенирана чепкалка
Член од
15 февруари 2012
Мислења
1.206
Поени од реакции
1.240
Не играјси мори со тоа датабејс еророт, ради тебе се јавив втихоум да прашам зш нечини нетов :гик:
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
Дај Кајги нека вечерва се појави некој избеган со таква утепана тема за пукање сеир што цела вечер ќе ни ја направи интересна, на нас не социјализираните што не сме излегле вечерва.
А(д)мин
 
Член од
14 август 2010
Мислења
5.508
Поени од реакции
5.821
Кајги,
Си најдов занимација да ја убијам досадата. Почнав од вчера на фитнес да одам а и времето ми се погоди, си имам и друштво кое малку забушава наместо за 20 мин таму да сме, со нив одам повеќе од пола сат а јас научена така брзо да одам, ај ќе ги научам и тие да одат како мене:pipi::pos:
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Кајгич бејб ама те пицнаа набрзинка. Се надевам не те болеше. Ептен си шизика сеа. Утре собиранка, едвај чекам.
Мои сакани пипл, скаричка - маричка тој филм. И пијачка да.


 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
убаво си е пишано..

Друштво на хејтери на хејтери.


Не е тајна дека модерните времиња донесоа нови текови и модерните генерации размислуваат и се однесуваат на сосема различна бранова должина од оние генерации кои израснаа без интернетот.

Не е тајна исто така и дека начинот на комуникација е сосема различен од времето кога младите растеа со книги, дневници и магазини... и денес, кога растат со интернет портали и Гугл.
Без разлика на која генерација припаѓате и каков е вашиот стил и поглед на светот, без разлика какво е вашето друштво и какво секојдневие имате... вие сте луѓе кои гарантирано околу себе имате една цела легија мрчатори, хејтери, демотиватори и мразачи на сè она кое ќе го сработите, кажете, па дури и помислите.
„ ...Иако блог платформата, сама по себе, треба да е дисперзиран медиум, секој да си води сметка за својот двор, одеднаш стануваат прегласни оние што се хејтери и што се мрчатори и што мислат дека анонимноста им е главен сојузник да си го излеат целиот свој гнев некаде, а да тоа не е нивно место.
Глупите луѓе секогаш ќе те победат, прво затоа што имаат повеќе време од тебе и второ затоа што и кога немаат што да кажат, тоа не им пречи да го напишат“ - изјави Трендо, пред неполн месец во емисијата Пулс, на Ана Јовковска.

Затоа драги пријатели кои ве мачат хејтерите и мрчаторите во животот како што нас нè мачат, да се соочиме со нив, да се соочиме со „глупите“ луѓе кои не мрдаат од своите удобни фотељи да сработат било што и за тоа време ќе ја уништат целата ваша енергија за работа, сета креативност, сиот елан и желба за создавање.
Кажете им да бркаат работа со своето хејтерство. Ако мислат дека можат подобро од вас, нека го сработат тоа подобро од вас!

Друштво на хејтери на хејтери.

 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.484
Поени од реакции
7.969
Драга Кајгана,

Многу уморно се чувствувам неделава. Среќа заврши :)

Во средата сакав да давам крв, имаше акција на земјоделски факс, ама не можев да најдам замена на работа :( Се острев за во петок, ама веќе се накалиописав и не се осеќав спремен за таков чин.

Еее.. и да се пофалам нешто. Се возев во AUDI Q7 S-line. Кога ќе бидам богат и славен ќе си купам едно такво :)
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Баш нешто размислував...
Сфатив дека има премногу “Што ако...?“и “Не требаше...“ во мојата глава. Премногу каења. Премногу емотивност.
Јас не сум од тие што мислат дека од минатото и грешките се учи и не прават тоа што сме. Кога јас би се прашувала, веднаш би удрила undo и delete на одредени моменти. Без размислување. Имам болка во дијафрагмата. Сакам да плачам. Ама уморна сум... од се. Деновиве (изминатиов месец и пол, actually) омилена активност ми е лежење и зјапање во таван.

А сакам да лежам, додека во позадина оди Empty Sky од Брус и некој да ме чешка за косата, се додека не заспијам.

Не ми се верува дека всушност изминатиов период најубави ми се периодите кога спијам.

Премногу огорченост, негативна енергија и нервоза има во општеството, а затоа што сум како сунѓер кој ја прима енергијата на сите со кои се сретнува, најверојатно сум и најлесна мета и омилена на луѓето преку мене да си ги исфрлаат фрустрациите, а јас обично да им се смешкам и да им кимам со глава. За жал, немам ни смисла за хумор. Ѕвер сум.

Слаб карактер сум, јебига.
Тоа е.
 
Член од
16 јуни 2011
Мислења
684
Поени од реакции
1.193
Дали да ја искоренам потребата за душевна топлина?
Непотребно оптоварување. Одзема време, ја троши концентрацијата.
Порано сонцето ми беше доволно, сега веќе НЕ!! Не ме топли доволно, не, туку не ме топли воопшто! Осаменоста ли е последица на душевното студенило или недостаток на душевна топлина е резултат на осаменоста??
Како и да е, студено ми е .
Празно.:tapp:
 

Chanel

I feel like a tiny bird with a big song!
Член од
22 мај 2011
Мислења
478
Поени од реакции
307
Драга,
Само љубов може да биде ова, само љубов. По толку долго време и се уште не се предавам. Има надеж, надеж за нас. Среќна сум, и се радувам, како тинејџерка на првиот бакнеж. Тоа е љубовта, приказна без крај, буре без дно. Знам, ќе речеш што и е на оваа што пише во 3 часот по полноќ и тоа во петок навечер? Но веруј, да не беше љубовта и сета моја мака немаше да седам овде и да пишувам глупости.
Нема надеж нели? Знам, така е, но јас упорно се правдам со таа лажна надеж. Се умира пополека, тоне, а и јас заедно со тоа. Крај е.
Чао, може нема да се видеме наскоро,
Засекогаш искрено твоја...
 

BloodyJesus

патенирана чепкалка
Член од
15 февруари 2012
Мислења
1.206
Поени од реакции
1.240
Кајги да те прашам како си ми,добра?
Ја сеа станав да ти кажам и преку онаквово ми е со овие радио станициве, одеднаш седнувам на нет и глеам една слика кој ми го опиша моментот, те ти ја ќе погодиш која песна е, ама ми се повраќа.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom