Од Езел и од В`ците имам изгледано повеќе епизоди, В`ците освен што трујат со политика, нема некоја посебна приказна филмот. Има милион сезони, и Полат стана Чак Норис втор дел. Башка, испаѓа дека во Турција живее цел свет, па овој ги ликвидира сите, и као, по ред, сите ќе ги снема. Повеќе има пукање, отколку реалност.
Во Езел, приказната е (конечно) поинаква, и како за ,,прв чекор,, е за пофалба. Сепак, и таму имаат потфрлено со некои ликови, кои не се добро осмислени, кои немаат впечатлив карактер, како што сестрата на Ејшан (која има средно важна улога во филмот), братот на Езел, односно Омер, кој го претставиле како дете кое единствено во животот го интересира брат му (а во реалноста, после 12 години, сигурно ќе се занимава и со други работи, посебно ако е тинејџер, во најмала рака, ќе има другари и девојка), мајката, која е досадна до смрт, таа партнерката на Езел, која нема никаква функција, само како статист се матка низ епизодите... Требало малце повеќе работа околу ликовите, дури и протагонистот, не им е до крај сработен. Премногу е вештачки, нереален.
--- надополнето: 16 март 2012 во 15:31 ---
Де, де.