Што од „роуд шоуто“ на Владата?

  • Креатор на темата Креатор на темата kralot
  • Време на започнување Време на започнување

kralot

Вистина!!
Член од
9 април 2008
Мислења
466
Поени од реакции
72
Што викате за РоундШоуто на Премиерот и на некои членови во владата и нивните презентации за потенцијалот и можностите и поволностите за инвестирање во Македонија во некои источни економски сили??

Ќе има ли некаков плод??
 
Не би сакала да прогнозирам, само ќе речам - се надевам дека ќе има ефект.
 
Што викате за РоундШоуто на Премиерот и на некои членови во владата и нивните презентации за потенцијалот и можностите и поволностите за инвестирање во Македонија во некои источни економски сили??

Ќе има ли некаков плод??
Каков потенцијал и поволности има Македонија освен искористување на нашите ресурси(кои се и онака мали) ?
 
Кои се придобивките од финансирањето на економските промотери овие години? Мрдна нешто напред, дојдоа инвеститори или Македонија беше во загуба со нивните плати, придонеси и ручеци?
Ако имаа позитивен ефект ќе има и ова леткање со приватен авион низ секаде во светот. Али јас како што знам резултатот им е разочарувачки.
 
Ќе има еден магарешки, подугачок
3A0BF11B36C0564FB5BEA725C06E0F5F.jpg
 
Модерно е сега да се шеташ во странство на туѓа сметка. Ефект никаков, освен лоповиве неизживеани што ќе видат свет. Wоуд шоу :pos:
 
Можно е зошто не само зависи дали и колку труд вложиле.
Дали таму вистина се договарале правеле муабети со вистинските луѓе т.е потенцијални инвеститори или 1 час презентација и после си го прчеле во некоја кафана.
Резултатите ќе покажат...
 
А од каде знаете, дека нема да има ефект?
Македонија има ефтина работна рака, од тој аспект, исплатливо им е тука да отворат производство, а не, да речеме, во Словенија.
 
Биче лова до крова :icon_lol:.

Него ај секаде криза ќе го рушат системот овие сега инвеститори кога се гледа крајот кај да е :icon_lol:.
 
ВКУПНО 303,5 МИЛИОНИ ЕВРА СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ ЛАНИ



Вкупните странски инвестиции во 2011 година достигнаа 303,5 милиони евра, објави Народната банка. Со тоа се остварија очекувањата на Владата и на премиерот Никола Груевски дека салдото на странските инвестиции ќе достигне 300 милиони евра. Неколку големи странски компании лани отворија фабрики во земјава, а уште неколку се во фаза на изградба.
Очекувањата за 2012 година се дека нивото на странски инвестиции ќе достигне 350 милиони евра, па со оглед на најавените инвестиции и темпото на реализација, големи се шансите да се реализираат.
Премиерот неодамна потврди дека десет странски компании донеле одлука да инвестираат во Македонија, а уште десет инвеститори се пред носење одлука за инвестиции во Македонија. Владиниот економски тим постојано патува низ повеќе земји во светот, обидувајќи се да ја претстави земјата пред инвеститорите како најдобро место за нивните инвестиции. При последното „роуд-шоу“ Владата ја посети Индија.


Не е лошо само далеку од задоволително кога ќе се спореди со комшиите.
 
А од каде знаете, дека нема да има ефект?
Македонија има ефтина работна рака, од тој аспект, исплатливо им е тука да отворат производство, а не, да речеме, во Словенија.
Македонија има поефтина работна сила од Индија и од Кина...????
ХАХАХАХХАА
 
Што викате за РоундШоуто на Премиерот и на некои членови во владата и нивните презентации за потенцијалот и можностите и поволностите за инвестирање во Македонија во некои источни економски сили??

Ќе има ли некаков плод??


Не ни требаат инвестиции кои ќе се содржат во изградба на луксузни хотели и трговски центри на државни земјишта купени по багатела цена.
Има ли најава за некакво производство? ТОа е клучното прашање.

Искрено не знам кој и како шетал по Азија, и што нудел и што добил, ама скептичен сум дека народот ќе има некоја придобивка. Досегашното искуство ме тера на оваа помисла.
Дај боже да грешам.
--- надополнето: 16 март 2012 во 12:59 ---
ВКУПНО 303,5 МИЛИОНИ ЕВРА СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ ЛАНИ



Вкупните странски инвестиции во 2011 година достигнаа 303,5 милиони евра, објави Народната банка. Со тоа се остварија очекувањата на Владата и на премиерот Никола Груевски дека салдото на странските инвестиции ќе достигне 300 милиони евра. Неколку големи странски компании лани отворија фабрики во земјава, а уште неколку се во фаза на изградба.
Очекувањата за 2012 година се дека нивото на странски инвестиции ќе достигне 350 милиони евра, па со оглед на најавените инвестиции и темпото на реализација, големи се шансите да се реализираат.
Премиерот неодамна потврди дека десет странски компании донеле одлука да инвестираат во Македонија, а уште десет инвеститори се пред носење одлука за инвестиции во Македонија. Владиниот економски тим постојано патува низ повеќе земји во светот, обидувајќи се да ја претстави земјата пред инвеститорите како најдобро место за нивните инвестиции. При последното „роуд-шоу“ Владата ја посети Индија.

Не е лошо само далеку од задоволително кога ќе се спореди со комшиите.

Се знае ли кои се тие 10 + 10?
 
Не ни требаат инвестиции кои ќе се содржат во изградба на луксузни хотели и трговски центри на државни земјишта купени по багатела цена.
Има ли најава за некакво производство? ТОа е клучното прашање.

Искрено не знам кој и како шетал по Азија, и што нудел и што добил, ама скептичен сум дека народот ќе има некоја придобивка. Досегашното искуство ме тера на оваа помисла.
Дај боже да грешам.
--- надополнето: 16 март 2012 во 12:59 ---


Се знае ли кои се тие 10 + 10?
Ветер во магла ДООЕЛ, К*р Паткин International и други
 
Македонија има поефтина работна сила од Индија и од Кина...????
ХАХАХАХХАА
хахахаха да нема,ама пласманот на финалниот производ до некоја земја од ЕУ од Македонија во споредба од Индија и Кина...хахаха... е и тоа колку поефтин,да не зборуваме за тоа дека на производот ќе пишува made in Macedonia(или нешто слично :) ),а можам само да замислам колку подобар ефект ќе има тоа отколку да пишува made in India,China(PRC). И да, зашто да нема ефект ако сериозно владата си ја одработела работата.Неможе да очекувате дека сега Sony ќе отвори фабрика во Бунарџик(а и зашто да не).Има толку многу компании во тој дел од светот кој произведуваат мали но многу важни нешта за големите компании,што ние не сме ни свесни.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom