Haziran gecesi - Јунска ноќ

  • Креатор на темата Креатор на темата bi-44
  • Време на започнување Време на започнување
Најголеми виновници што пуштаат вакви серии сме ние, ние да не ги гледаме нема да им текне да пуштат др. пат ;)
 
tumblr_loxzqhRHYt1qftvxro5_r3_400.gif
 
Јас си го гледам Саваш.
Не цел филм, не цела серија, само деловите каде што тој глуми.
Ќе си пукнам од што е згоден :)

Живо ме интересира, како наидуваш на сцени со него ако не ја гледаш цела епизода?
 
Играм табла, најчесто, а телевизорот си работи :) Кога ќе го слушнам дека зборува обрнувам внимание.
 
Пумо ова најискрено ти го кажувам, ми стана еден од поомилениве форумџии. Речиси да не памтам некој да ме насмеал повеќе од тебе.:pos:
 
Живо ме интересира, како наидуваш на сцени со него ако не ја гледаш цела епизода?
јутјуб бе златна,гугл...не се прај и ти ко од Марс да си

Него оти толку омраза за серииве:confused:и меме слики од ретарди..јас мислам дека се квалитетни,има све што треба..костимографија,сценарио,солидна глума,и битно што не се копија.
 
Пумо ова најискрено ти го кажувам, ми стана еден од поомилениве форумџии. Речиси да не памтам некој да ме насмеал повеќе од тебе.:pos:

И тоа е добро, бар позитивно расположение ќе добиеш од тука.
Заебано е само да се нервираш ;)
 
јутјуб бе златна,гугл...не се прај и ти ко од Марс да си

Него оти толку омраза за серииве:confused:и меме слики од ретарди..јас мислам дека се квалитетни,има све што треба..костимографија,сценарио,солидна глума,и битно што не се копија.

Јас сепак гласам за Grey's Anatomy, или Bones, па дури и CSI е подобро.
Ме заболе цеф за сиромашката Петра што се вљубила во богатиот Стојан, ама неговата маќеа не ја сака Петра, и оваа паѓа у депресија и си ја сече десната рака од жал.
Ебате приказната.
--- надополнето: 15 март 2012 во 13:31 ---
Ех Касандра, касандра што ни направи.... Ваков сапоноцид нит Хитлер неможеше да направи!:pipi:

Треба да ја чуеш баба ми.
Ми ги раскажува сите по ред, од индиски до турски, башка од секоја извлекла поука (и мене ме учи де на поуката), и се соживува со нивните несреќи и страдања :(
 
Јас сепак гласам за Grey's Anatomy, или Bones, па дури и CSI е подобро.
Ме заболе цеф за сиромашката Петра што се вљубила во богатиот Стојан, ама неговата маќеа не ја сака Петра, и оваа паѓа у депресија и си ја сече десната рака од жал.
Ебате приказната.
--- надополнето: 15 март 2012 во 13:31 ---

Треба да ја чуеш баба ми.
Ми ги раскажува сите по ред, од индиски до турски, башка од секоја извлекла поука (и мене ме учи де на поуката), и се соживува со нивните несреќи и страдања :(

Што нема да ти раскажува, уште па со синхронизација, ем ќе плете ем не се замара да чита што тие, ова е рај за нив, не поуки и докторат можат да спремат па ти врз основа на љубовен проблем и како да се сузбие истиот.:facepalm:
 
Јас сепак гласам за Grey's Anatomy, или Bones, па дури и CSI е подобро.
Ме заболе цеф за сиромашката Петра што се вљубила во богатиот Стојан, ама неговата маќеа не ја сака Петра, и оваа паѓа у депресија и си ја сече десната рака од жал.
Ебате приказната.
сакаш аплауз за тоа што мислиш дека ги одбра најкавалитетните серии?!ама да знаеш ти шо Петра си,Перта најголема си:pos:сеј мирна не се занесвај
Мислиш дека луѓето како тебе што ги пратат CSI ,bones се современи типци?ама мубаетот е јак пратиш CSI има нешто во тебе;)
 
CSI не пратам, а иначе како ,,приказна,, е далеку подобра од ,,Кога Мустафа ја сретна Шахур,,.
Кој зборува за современи типци? Зборувам за квалитет во нештото што го гледаш, информацијата која ја примаш.
Да рамниш срцепарателна турска серија со серија од која ќе научиш нешто можеби, е исто како да го рамниш Божин Павловски со Лермонтов.
 
да ти кажам право и јас сметам дека Музафер е педобер..ама пак и Корцио е забеган во универзумот....
Ти не пратиш CSI а како тоа ќе потврдиш што е поквалитетно??
 
Од секоја серија можеш да научиш по нешто, па било да е турска, индо-кинеска, американска (ако не нешто друго барем од културолошки аспект), но тоа не е поентата, не треба толку сериозно да се сфаќаат. Ги гледаме за релаксација сепак. Ако ти е целта да научиш нешто гледај документарци на Viasat History, Viasat Explorer, National Geografic итн.
 
Јас мислам дека ти со ,,Корацио,, треба да се фатиш под рака ;)
--- надополнето: 15 март 2012 во 14:20 ---
Од секоја серија можеш да научиш по нешто, па било да е турска, индо-кинеска, американска (ако не нешто друго барем од културолошки аспект), но тоа не е поентата, не треба толку сериозно да се сфаќаат. Ги гледаме за релаксација сепак. Ако ти е целта да научиш нешто гледај документарци на Viasat History, Viasat Explorer, National Geografic итн.

Што ти научи и од која турска серија?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom