Државата помага една насилничка група да го преземе подземјето , апсејќи ги насилниците од другата група.
Примерок :
Ти си дилер на дрога , и јас сум дилер на дрога.
Се бориме меѓусебе кој да го преземе пазарот ... и еден ден , полицијата презема акција против дилерите ... Не фаќаат и двајцата со дрога , кај тебе 5кг , кај мене 10кг.
Мене ме апсат , тебе те ослободуваат.
Полицијата не го реши проблемот со дилерите на дрога , туку ти помогна тебе да го преземеш пазарот , сега само ти продаваш дрога.
Затоа јас не се сложувам , се додека само едната страна завршува во притвор , проблемот нема да се реши.
Ти ни збориш тука за селективна правда, како што приметувам во твоиве постови !
Селективната правда ја има наголемо во Македонија, отсекогаш ја имало, на пр. јас правам криминал земам мито/рушфет 100-200 евра, а ти на пр. правиш криминал од 1 милион евра, но пред законот и двајцата сме криминалци, па дури и можам јас повеќе да нагребам казна од тебе, доколку имаш поголеми врски, познанства и појак грб !
Тоа сите многу добро го знаеме, но овој случај што ти го кажуваш нема врска со селективна правда, бидејќи во тепачката во Кисела Вода двете страни(и мкд и алб)биле деца(средношколци) меѓу кои имало и претходни расправии, додека во случајов во Ѓорче нападнатиот 66 год. маж немал никаква врска со напаѓачите, немало никакви претходни расправии, проблеми, човекот бил тотално недолжен и си се шетал, плус замисли деца од 22-3 год. да напаѓаат 66 год. старец, не е ли греота и срамота како прво !
Или полесно е да нападнеш и истепаш старец, старица, дете, девојче, жена, А !
П.С. Дарданија, навистина ме чудиш, имаш многу добри познавања од Македонскиот јазик за еден рандом Албанец !