Пресконференција пред дуелот со Цска Москва
Жозе Мурињо:
-За формацијата:
Н:Дали ќе играте утре со еден или со двајца напаѓачи?
Ж.М.: Ќе играм со тројца напаѓачи утре, не двајца.
-За навивачите:
Ние играме натпревари надвор каде противничките навивачи играат заедно со своите екипи. Се случи тоа во Liga, на пример со Vallecano, Betis, се случи и во ЛШ во Москва. Сега кога имаме отворен резултат, би било важно публиката да помогне.
-За натпреварот:
Јас пред се, се плашам од фудбалот. Многу пати знае да те издаде, да изненади и не секогаш подобрата екипа победува. Со 1-1 имаме причина да бидеме во предност но и не. Они се силна екипа, физички, во контра напад, знаат да бранат. Ја имаат својата Советска култура. Имам искуство со нив и ги знам многу добро тешкотиите. Утре мора да бидеме сериозни, да дадеме максимум. И ако можеме да сметаме на публиката би било одлично.
Оваа екипа во последните две години има 19 натпревари во ЛШ и знаеш кој натпревар го изгуби. Имаме голема самодоверба. Не се плашиме од ништо и никого. Но знаеме дека играме ЛШ и дека играме против екипи шампиони во своите држави. Но немаме никаков комплекс и сакаме да играме.
-За напаѓачите:
Секој кој ќе излезе на терен треба да даде максимум. За тренерот да биде смирен мора двајцата Benzema и Higuaín да бидат подготвени. Прочитав дека сум имал проблем. Имав проблем кога едниот беше повреден или не беше во форма, сега кога ги имам двајцата немам никаков проблем.
-За иднината:
Во фудбалот нема чуда. Изненадување да, но чуда не. Ако CSKA победи нема да биде чудо, ќе биде затоа што направиле повеќе од нас. Мојата иднина не зависи од овој натпревар, не знам дали клубот би ме отпуштил, но за мојата иднина ова не е одлучувачки натпревар. Не донесувам одлуки на база на еден натпревар.
Не ми зависи иднината од тоа дали ќе ја освојам ЛШ на крај од сезоната.
Н: Дали сакате да се сретнете со Barcelona заради реванш?
Ж.М.: Би сакал да победиме утре.
- За Меси:
Ги видов 5те голови на Messi. Одлично беше тоа, но не е лесно да се дадат 5 голови во ЛШ. Тоа беше добра ноќ за него.
- За важноста во Реал мадрид:
Н:Кој е најважен во екипата?
Ж.М.: Овде културата ни вели дека сите сме подеднакво значајни. Секој со својата мисија, без разлика дали е играч, тренер, помошник... секој го дава своето и е подеднакво важен.