Прашања за Христијанството II

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Влегувањето во храм со тренерки, не е пристојно, оти тренерките се облека за световна намена. Во црква/храм, се оди во пристојна, скромна, чиста и уредна гардероба, согласно црковниот ред. Тоа не значи дека во црква/храм, се влегува во гардероба од „Армани„ или „Версаче„.
 
Мики,нели било кое парче облека,без разлика на марката или типот и стилот на облеката,е за световна намена?
 
Да, облеката е за световна намена, но треба да е и доволно пристојна за влез во црква/храм, како што претходно опишав. Описот се донесува на облеката од мирјаните/верниците.

За службена намена, за црковните богослужби, свештениците и свештено-монасите, носат посебно уредена гардероба, согласно празниците, која пак ни случајно не е за световна намена.
 
Зошто христијаните не го употребуваат вистинското име на Исус - Јешу? Не постоеше икаков Исусм ниту тој се одазивал на такво име. Да викнеше некој ЕЈ ИСУС! тој немаше да се сврти но ќе се свртеше на ЕЈ ЈЕШУ. И сега молитвите упатени до Исус тој не ги слуша оти мисли дека се упатени до некој друг.
 
Molitvite samo do Bog se primaat, a vaka so molenjeto na Isus jas neznam kako hristijanite naogaat mir.. mnogu nemoralno kon Otecot..za koj Isus veli deka e Pogolem od Nego..
 
Влегувањето во храм со тренерки, не е пристојно, оти тренерките се облека за световна намена. Во црква/храм, се оди во пристојна, скромна, чиста и уредна гардероба, согласно црковниот ред. Тоа не значи дека во црква/храм, се влегува во гардероба од „Армани„ или „Версаче„.

Го имат ли тој црковен ред негде на некој ѕид или табла закачено?
... верниците си го знаат... ама бе има и посетители кој од љубопитност сакаат да влезат во црква...

...Мики бе... што стана со неменливата материја од пред Адамовиот пад... некако ми заќуте по тоа прашање.. стигнавме до солната киселина и гомната!
... јбг..звучи вулгарно... но сепак и тоа, прехрамбениот циклус, е физиолошки процес...
 
Влегувањето во храм со тренерки, не е пристојно, оти тренерките се облека за световна намена. Во црква/храм, се оди во пристојна, скромна, чиста и уредна гардероба, согласно црковниот ред. Тоа не значи дека во црква/храм, се влегува во гардероба од „Армани„ или „Версаче„.

Аман бе пријателе, зарем и каква облека ќе носи некој му е битно на Бог и неговиот син Исус, и сите светци што се горе на небесата?

Па што поскромно ваљда тоа поарно.

Боље со тренерки од 2 000 денари, него со костум од 2000 евра, манжетни од 500 евра, кравата од 200 евра, кондури од 300 евра и злато еден куп на себе:P
 
Miki1976, разбираш,

прајме муабет за влез во храмот, кој е „..дом за молитва...„ а не модна писта...:cautious:
 
Е добро де ете такви двајца влегуваат у црква едниот ко з ана модна писта другиот со тренерки од Шутка пазар.

Кој е поблизок до Бога?
 
Го имат ли тој црковен ред негде на некој ѕид или табла закачено?

Најчесто , пред влезот во манасирите, стои известување за редот кој треба да биде запазен во манастирот, а кој (ред) ја опфаќа и гардеробата, која не е допуштена во кругот од манастирот.
Подетални описи за начинот на „гардеробирање„, постои низ самото вероучение.
--- надополнето: 12 март 2012 во 14:41 ---
... јбг..звучи вулгарно... но сепак и тоа, прехрамбениот циклус, е физиолошки процес...

Да бе, стварно...:confused:
--- надополнето: 12 март 2012 во 14:45 ---
Е добро де ете такви двајца влегуваат у црква едниот ко з ана модна писта другиот со тренерки од Шутка пазар.

Кој е поблизок до Бога?

И двајцата се оддалечени од Бога: еднио ногу, а другио уше појќе...:D

Ај да бидам посериозен: ако некој наумил да влезе во храмот Божји, таквиот требит на да научит минимум ред во однесувањето во храмовите. За верните, тоа се подразбира и е дел од начинот на нивното живеење, а за оние кои во храмот влегуваат дури еднаш годишно, покорисно е прво да се распрашаат кој е црковниот ред.
 
SuperStock_900-4727.jpg

A дали вака е богоугодно да се влези во црква?
 
Најчесто , пред влезот во манасирите, стои известување за редот кој треба да биде запазен во манастирот, а кој (ред) ја опфаќа и гардеробата, која не е допуштена во кругот од манастирот.
Подетални описи за начинот на „гардеробирање„, постои низ самото вероучение.
...
Во вероучението пишува:
ВТОРОЗАКОНИЕ - ПЕТТА КНИГА МОЈСЕЕВА
Глава 22
11 Не облекувај се во ткаенина исткана заедно од волна и лен.

Дали тоа го почитуваш?
 
Да, како да не!
Под услов, да сум јудеец и под услов, и за мене се‘уште да важи Стариот Завет и под услов, се‘уште да живееме во старозаветните времиња.

Еве и прашање од мене до Тебе: дали се обрезуваш?
--- надополнето: 12 март 2012 во 16:18 ---
SuperStock_900-4727.jpg

A дали вака е богоугодно да се влези во црква?

Илустрацијава (пошто не ја препознавам како православна слика/икона/фреска...) го покажува Христовото восркесение (се гледа по присутните римски војници), и сама по себе не покажува нечиј влез во храм, а уште помалку го одредува изгледот или облеката од присутните во храмот.
 
Molitvite samo do Bog se primaat, a vaka so molenjeto na Isus jas neznam kako hristijanite naogaat mir.. mnogu nemoralno kon Otecot..za koj Isus veli deka e Pogolem od Nego..

А Отецот... чиј отец е?
Можеби ненамерно, ама во претходнава објава ја исповедаш Троичноста Божја, па прашањето од почетокот на реченицата ти станува апсурдно...
 
Илустрацијава (пошто не ја препознавам како православна слика/икона/фреска...) го покажува Христовото восркесение (се гледа по присутните римски војници), и сама по себе не покажува нечиј влез во храм, а уште помалку го одредува изгледот или облеката од присутните во храмот.

Дали е срамота да се влезе денес во црквата облечен онака како Исус бил облечен кога воскресна?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom