Напраив анализа на нашево полуфинале (споредував едно 10-15 разни топ листи и прогнози) па се на се вака стојат работите...
Овие 6 земји би требало 100% да идат во финале: Шведска, Норвешка, Србија, Турција, Словенија и Украина
Украина само ради дијаспора (знаеме сите дека они со каква било песна да отидат на крај загарантирано им е место во топ 10 во финалето). Другите 5 бидејќи котираат како фаворити во главно на сите топ листи и би требало сигурно да идат во финале, јес да мене лично ниедна од нив не ми се свиѓа али нема везе...
Овие 7 пак би требало со сигурност да отпаднат: Малта, Словачка, Холандија, Грузија, Литванија, Бугарија и Португалија.
Малта, Словачка и Холандија стандардно отпаѓаат во полу-финале оти никој не гласа за нив, така да они немаат шанси, Грузија е последна на буквално сите можни листи и важи за најголем аутсајдер на фестивалов (едино што ме плаши е нивната дијаспора, увјек они високо котираат ама се надевам овој пат тоа нема да биде доволно со оглед на тоа каква катастрофа се годинава), а останатите три - Литванија, Бугарија и Португалија може имаат некоја теореска шанса ама сепак воопшто не очекувам да поминат оти немаат баш некои асални песни ниту пак имаат поддршка од соседи или некои земји кои гласаат за нив...
А во средината (за од 7мо до 11то место) би требало да се борат Беларусија, Естонија, Македонија, Хрватска и Босна-Херцеговина. Босна уште ја немаат објавено песната (барем нигде ја немаа на листите) така да незнам како ќе котира, но од останативе Белорусија би требало да има најголеми шанси, после неа е Естонија, а (со нешто позначитлно послаб рејтинг) сме ние и одма зад нас е Хрватска...
Значи се на се, иаме шанси оти од овие 5те дури 4 ќе идат во финале, што значи ќе треба да се избориме пред една од нив. Белорусија и Естонија иако не важат за некои фаворити, најверојатно ќе одат натаму оти сепак колку-толку значително подобро котираат од нас, додека ние сме во главно на исто ниво со Хрватска али се на се моментално имаме предност пред нив. Останува да видиме како ќе котира Босна и Херцеговина, тоа би требало да биде клучно за распоредот на среднава група...
У секој случај еве како (според моите анализи и пресметки) отприлика би требало да биде резултатот од нашето полуфинале:
1. Шведска
2. Норвешка
3. Србија
4. Турција
5. Словенија
6. Украина
----------------------------------------
7. Белорусија
8. Естонија
9. Босна и Херцеговина (?) (оваа ја ставам во средина оти уште немам претстава како ќе котира и стои)
10. Македонија
11. Хрватска
----------------------------------------
12. Португалија
13. Бугарија
14. Литванија
15. Грузија
16. Холандија
17. Словачка
18. Малта