Менувам двособен стан во Чаир за еднособен во Аеродром.
57,19 и останатите автобуски линии ви се на 50 метери, плус одличен поглед од тераса кон самата автобуска. Сите Албанци се староседелци ,освен тие што не се, и сите Македонци се пензионери. Артан Груби од село Ружни е малку подоле, ретко доаѓа во мало, само еднаш го видов кога ни рече дека не може ние да играме кошарка а децата од 5 години да чекаат. Фин дечко, сега дури и во влада бил.
За паркинг проблем прават само тие трите згради на диво што ги изградија, ама и така тие се празни, народот е на печалба по Белгија, кај братучет му у Цирих и така. Иначе по улиците нема гужва, некогаш се прави колона од неколку возила кај тој семафорот кај амбулантата, ама само ако некој стои на црвено. Обично застануваат ако има полиција, ама тоа е многу ретко.
Во 2001 немаше проблеми, сите Косовари што дојдоа пред тоа отидоа на шар планина. Тогаш бев мал и мама ми рече дека и тато е таму, само он е малку подоле, комшиите не го сакале горе кај шумата. Има многу училишта во околина, викаат од следната година ќе носеле имиња на некои добитници на Нобелова награда за мир или поети ќе бидат. Од роба може се да се најде, еден другар ми викаше исто како да живееме во Амстердам, само што сме немале канали со вода. Не знам дали мислеше на тој каналот што постојано се затува и цела улица ја поплавува, не го разбрав баш точно. Сега кога се топеше снегот, не одев по патеката страв ми беше од кучињата и цел се направив жива вода зошто прст пред око не се гледаше. Немаше струја, викаат изгореле некои кабли, многу се трошело струја. А баш приметив пред да се запали трафостаницата, сите комшии имаа отворено прозори ич не и беше ладно, иако скалите беа смрзнати зошто прозорите од влезот се скршени па морав да фрлам сол. Може па се топлат на дрва што ги сечат од планиниве и така на Јонус му ги носат без пари.
Може замена за станот и за автомобил, само да не биде црвен голф, сите ќе мислат дека јас сум бил тој што од ист таков пукаше пред некоја недела. Не можам да дочекам да се преселам, мајка ми секој ден ми вика да ја испратам тетка ми до дома, зошто децата се плашеле од нејзе кога поминувала. Може на тоа детето што ја удри со топка снег по глава не требаше да му рече нешто. И она мислам го продава станот.
Не е итно, само додека не ми стигнат документите од амбасада.