Соопштение во врска со протестите пред Ффм.
Навивачката група Комити ги демантира информациите објавени во некои медиуми дека под притисок на Генералниот секретар на ФФМ Игор Климпер навивачите на Вардар не присуствувале на протестот пред ФФМ.
Нашите членови сами решаваат дали ќе учествуваат во протестот за смена на Харалампие Хаџи-Ристевски па оттука ги отфрламе сите наводи дека сме го бојкотирале протестот, под влијание на функционери во ФФМ. Ниту еден авторитет во ФФМ ниту било која друга структура во оваа држава, нема буквално никакво влијание врз навивачите на најтрофејниот клуб во земјава.
Нашиот генерален став, дека состојбата во ФФМ е катастрофална е познат и за тоа во минатото сме ја информирале јавноста во повеќе наврати, преку нашите пароли, кореографии, и бојкотот на репрезентација на Македонија. Ние бевме тие кои први повикаа на смена на Ффм, без разлика што нашиот клуб и во тој период имаше успеси, но ниту една друга навивачка група не ни даде подршка.
Дека ФФМ нема никакво чувство за фудбал говори и податокот што повторно ни забрани да го следиме својот тим на гостински терен. Секогаш кога Вардар треба да игра против Шкендија, ФФМ воведува забрана и ги спречува нашите членови да го бодрат својот клуб на еден од мечевите кој можеби и ќе ја реши битката за титулата во оваа сезона, а притоа напоменуваме дека нема никаква допирна точка помеѓу инцидентите во автобусите на Јсп и навивачката група Комити. Сепак се надеваме дека за доброто на фудбалот во оваа држава кој конечно заживеа преку Фк Вардар, Ффм ќе ја преиспита својата одлука и во скоро време ќе ја тргне забраната.
Навивичаката група Комити, ја потсетува Фудбалската федерација дека секаде во светот фудбалот се игра поради публиката, па оттаму, сосема нелогична е одлуката да се забранат патувањата на нашата навивачка група на гостински терен.