-={K-O-R-U-N}=-
Wanna play a game?
- Член од
- 14 февруари 2007
- Мислења
- 13.045
- Поени од реакции
- 3.301
Завчера излезе iOS 5.1, а веќе вчера излезе и (un)tethered Jailbreak за сите i-уреди кои не се на А5 чип (iPhone 4, 3GS, iPad 1, iPod Touch 4G, 3G).
Овој Jailbreak e TETHERED за сите i-уреди ОСВЕН за 3GS со OLD BOOTROM.
Што ви треба:
1. iTunes 10.6
2. iOS 5.1 IPSW
ПРЕД ДА ЗАПОЧНЕТЕ!
Ако вашиот iPhone зависи од Ultrasn0w Unlock, тогаш ќе морате да направите Custom IPSW за да го инсталирате iOS 5.1, а не со официјалниот iOS 5.1! Ќе го направите тоа преку Redsn0w преку опцијата Custom IPSW за да направите NO_BB_* верзија од iOS 5.1 IPSW фајлот па после да направите Restore користејќи го веќе направениот iOS 5.1 IPSW фајл. Доколку не го направите ова, вашиот Baseband (Modem Firmware) ќе направи Update и нема да можете да го отклучите вашиот iPhone со Ultrasn0w за да работи на сите мобилни мрежи!
1) Поврзете го вашиот i-уред со РС преку USB, уклучете iTunes 10.6 и направете Restore на iOS 5.1 (ако не сте го направиле ова претходно)
2) Стартувајте го Redsn0w и кликнете на Jailbreak па на Next
3) Сега исклучете го вашиот i-уред (Power Off) додека е поврзан со компјутерот преку USB кабел, па дури потоа кликнете Next
Сега на Redsn0w програмчето ќе ви се појави кратко упатство како да го доведете вашиот i-уред во DFU мод. Само следете ги инструкциите и нема да згрешите.
4) Кликнете Install Cydia па кликнете Next. Другите опции не ви се потребни да ги штиклирате.
5) Почекајте додека да заврши процесот и вашиот i-уред ќе биде Jailbroken
Следново е за сите i-уреди ОСВЕН за iPhone 3GS со OLD BOOTROM (како мојот )
Tethered Jailbreak : Одкако сте завршиле со сите чекори, потребно е пак да го поврзете (ако сте го исклучиле) вашиот i-уред со РС преку USB кабел и да го стартувате повторно Redsn0w, а од опциите да кликнете на Extras па на Just Boot. Ова ќе треба да го правите СЕКОГАШ кога ќе ви се исклучи или рестартира вашиот i-уред, се додека не излезе UNTETHERED JAILBREAK!
Друга опција за сите кои се со TETHERED JAILBREAK:
Boot Semi-tetheret
Со оваа опција, нема потреба да го поврзувате вашиот i-уред со РС секогаш кога ќе се исклучи, ама 99% од кракнатите апликации нема да ви работат т.е. i-уредот ќе работи само со најосновните функции (телефон, пораки...). За да го вратите во нормала, повторно ќе треба да направите Just Boot преку Redsn0w.
Еве како да инсталирате Semi-tethered:
1) Стартувајте ја Cydia па одете во Manage па во Sources
2) Одете на Edit па на Add и впишете го овој Source:http://thebigboss.org/semitether
3) Во Search побарајте го SemiTether и инсталирајте го
4) Сега имате Semi-Tethered i-уред кој можете да го рестартирате, но нема да биде целосно функционален се додека не го поврзете пак со РС и да направите Just Boot преку Redsn0w