Емиграција во Канада

  • Креатор на темата Креатор на темата Seniorita
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ова ви беше корисно?

  • Да

    Гласови: 13 56,5%
  • Не

    Гласови: 4 17,4%
  • Undefined / Шо ме е гајле (лол ^_^ )

    Гласови: 6 26,1%

  • Вкупно гласачи
    23
  • Гласањето е завршено на .
Прво, мора да си најдеш причина на која основа бараш право за престој таму. Ако е за работа, треба прво да најдеш работа таму, и после со тие документи ќе ти издадат иселеничка виза, иначе без никаква конкретна основа туку-така нема да ти дадат право за престој таму...
 
Сакам да аплицирам за иселеничка виза за Канада. Имам електро факултет , и скоро сум верен . Сто документи ми треба или на кој линк мозам да дојдам најлесно до информации или која агенција може да ми помогне да се информирам .....
Ти ја споив новата тема со веќе постоечката за емиграција во Канада. Можеби ќе го најдеш одговорот тука.
 
Сакам да аплицирам за иселеничка виза за Канада. Имам електро факултет , и скоро сум верен . Сто документи ми треба или на кој линк мозам да дојдам најлесно до информации или која агенција може да ми помогне да се информирам .....
http://www.cic.gc.ca/english/immigrate/index.asp
Гледај под skilled workers and professionals.
 
http://www.cic.gc.ca/english/immigrate/index.asp
Гледај под skilled workers and professionals.
Минимум 20-3000 евра за таму да не бидеш социјален случај додека најдеш работа,а и со толу пари полесно ќе ти дадат иселеничка виза.Имам аплицирано и наведено што поседувам и ме имаат повикано на разговор.Кога ми го кажаа муабетот за парите се откажав.
 
Знам за тоа ...бараат и да покажеш од старт одредена сума дека имаш на сметка(15000 EUR) за четворочлено семејство а и во периодот кога ја `работат` апликацијата може да ти побараат уште еднаш извод од сметка со таа сума, така барем имам разбрано од луѓе кои го добиле тој тип виза. Кажи ми, ти аплицираше за skilled worker visa? Кажи кога, во кој период те викнаа на разговор после аплицирањето.
 
Аплицирав пред 7-8 години со сестра ми и зет ми преку
http://www.canadawantsyou.com/mk/1_copy(8).htm
Мене ме контактираа преку маил после 3-4 дена,а интервју ми закажаа после една недела.На интервју бев во Козле(зградата карши бензинската).Ми кажаа кои се условите,другото што требаша да го направам е да однесам банкарска сметка со 20-30000 евра на неа,за да ми закажат интервју во Канадската амбасада.Лично јас се откажав чекајќи да ги контактираат сетра ми и зет ми нив да им ги дадам парите тие да отидат во Канада.Меѓутоа нив никогаш на ги контактираа,бидејќи немаа никаков имот на нивно име и беа не вработени.Еден пријател ризикуваше,продаде се и цело семејство заминаа во Канада.Летово што доаѓа ме кани на гости,па ќе видам како се снашол таму
 
off topic, незнаев кај да го поставам прашањево ако не е за овде преместете го.
конкретен пример: одам во странство(европска унија) со македонски пасош и можам да останам 3 месеци, е сега одкако се вратам, дали има ограничено време колку треба да останам во МКД за да заминам пак.. или нема ограничување можам веднаш да се вратам..?
 
Treba da chekash 3 meseci pred pak nazad da se vratish.
 
Сакам да аплицирам за иселеничка виза за Канада. Имам електро факултет , и скоро сум верен . Сто документи ми треба или на кој линк мозам да дојдам најлесно до информации или која агенција може да ми помогне да се информирам .....

Клик тука, и избери за што сакаш да аплицираш. Таму ти ги пишува сите соодветни документи кои ти требаат, зависи за што аплицираш, но претежно тука негде се со останатите, т.е да не речам исти! :)

Прво, мора да си најдеш причина на која основа бараш право за престој таму. Ако е за работа, треба прво да најдеш работа таму, и после со тие документи ќе ти издадат иселеничка виза, иначе без никаква конкретна основа туку-така нема да ти дадат право за престој таму...

како посетител може да влезеш ..сеа дали ќе ти одобрат или не - никој не ти гарантира! :)
 
дали е точно дека се добивало виза за Канада, ама првите 5-10 години да живееш на север, каде е поненаселено, а не директно на пр. Торонто ...?
 
дали е точно дека се добивало виза за Канада, ама првите 5-10 години да живееш на север, каде е поненаселено, а не директно на пр. Торонто ...?
После сите претервања на веб сајтојте апропо имигрејшн, ај дон тинк соу...
Оти ако добиеш PR status, тој ти важи за територијата на цела Канада(само Quebec е посебна приказна)!
 
Покрај промените кои се најавија за Federal skilled worker програмата по нејзиното замрзнување до јануари 2013 до кога не се примаат апликации, а кои би требало да стапат на сила веднаш во јануари и се однесуваат на:
- промена во начинот на бодувањето и воведување treshold(минимум IELTS score band 6 по четирите категории) кај познавањето на јазикот. Тука има зголемување на максималниот број на поени(зборувам само за англискиот) од 16 на 24 макс.бода , значи се удира повеќе акцент на познавањето на јазикот;
-промена кај поените за работното искуство(намалување на максималниот број поени од 21 на 15 и зголемување на бројот на години работно искуство за истиот тој максимум поени од 4 на 6год. работно искуство во дејноста која им е во National Оccupation Сlasification листата)
- промена на бодувањето кај возраста - досега беше максимум поени од 21-49год. а сега имаш максимум од 18-35 години(12 бода) а за секоја наредна по 35 губиш по еден бод)
- и промена на она што не ми е докрај јасно - credentials regognizing-от каде сега во самиот процес на обработка на документите откако ќе аплицираш ти го `оценуваат` и споредуваат образованието што го имаш и дипломите со нивниот систем, значи како што е случај при аплицирање за ваков вид виза за Австралија;,

од вчера еве ја и ovаа најнова вест - Expression Of Interest(EOI) system:
http://www.cic.gc.ca/english/resources/enewsletter/2012/12/interest.asp

Мислам дека на темава не и е место во `Туризам и патувања`, па би ги замолил модераторите да реагираат и да ја преместат во дијаспора каде има слична тема за емиграција во Австралија и Нов Зеланд.
 
дали е точно дека се добивало виза за Канада, ама првите 5-10 години да живееш на север, каде е поненаселено, а не директно на пр. Торонто ...?

До некаде ..по ретко населените простори имаше нешто слично, само мислам дека одреден период треба да живееш таму ..ако најдам, ќе ти пратам линк
 
До некаде ..по ретко населените простори имаше нешто слично, само мислам дека одреден период треба да живееш таму ..ако најдам, ќе ти пратам линк
Има Provincial nominee програма секоја провинција во Канада посебно ако мислиш на таа, ама пак тоа значи дека треба да бидеш таму, значи да имаш поминато и секако наталожено работно искуство таму извесен период, независно каде во Канада.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom