Ова е надополнетата листа на напади од страна на Албанците врз Македонци и други каури, како и врз нивниот имот. Тука се изоставени неколку случаи, како на пример речиси сите напади врз цркви:
-25 јануари 2012-
Албанци од Струга го поддржаа човекот што го запали македонското знам
Неколку стотини Албанци вчера попладне се собрале пред судот во Струга
за да му дадат поддршка на Минир Исмаили, човекот што пред два дена го запали македонското знаме пред општинската зграда во градот.
Протестот за поддршка на Исмаили се одржувал додека тој бил пред истражен судија, а граѓаните барале да не му биде изречена мерка притвор.
Тој е обвинет за предизвикување национална, расна и верска омраза и раздор и нетрпеливост.
- од 31 Јануари 2012 –
Во селото Мала Речица, Тетово, вечерва е запалена штотуку обновената црква Св.Ѓорѓија.
Пожарот зафатил еден ѕид од црквата откако засега непознати лица поставиле даски покрај него и ги запалиле.
Противпожарните служби се на терен. Штетата засега не се знае.
23 февруари 2012
15-годишно момче повредено во тепачка во автобус попладнево
Петнаесет годишниот Александар М. заврши в болница попладнево, откако беше повреден во тепачка меѓу две групи средношколци – Албанци и Македонци.
Инцидентот се случил во автобус со број 65 во скопско Стајковци, по претходна вербална расправија. Откако излегле надвор од автобусот, конфликтот ескалирал.
Полицијата го расчистува случајот.
27 февруари 2012
Претепан тинејџер во автобус во Чаир
Непознати лица во група помеѓу 10 и 15-мина на број нападнале 19 годишно момче на улицата Цветан Димов во Чаир.
Момчето имало повеќе повреди по главата и по телото. Инцидентот се случил околу 20 часот вчера вечер.
Нападанатиот тинејџер од македонска националност се возел во автобусот број 57 кој сообраќал од Радишани кон центарот на Скопје.
Поголема група помлади патници во автобусот се организирала и го нападнала момчето кое било претепано. Полицијата соопшти дека жртвата била нападната без повод и дека презема мерки за да ги пронајде напаѓачите
2 март 2012
Недолични песни на натпреварот Лирија-Торус СЦБТ
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на натпреварот присуствувале околу 500 навивачи. Околу 150 биле фанови на Лирија. Група од десеттина навивачи од нив за време на натпреварот пееле недолични песни.
2 март 2012
Во Бутел претепан Македонец од група Албанци Група десетина лица од албанска националност претепале момче од македонска националност на улица Босна и Херцеговина пред старата општина Бутел.
Сашо Ц. бил нападнат од група од 8-10 малолетни лица, кои го удирале со тупаници и клоци во пределот на главата и телото нанесувајќи му видливи повреди.
Нападот врз малолетникот во полициска станица околу 18:45 часот го пријавил неговиот татко. Според пријавата Сашо бил нападнат без никаков повод.
2 март 2012
Хорор филм во Гостивар
Мета им беа локалите во сопственост на Македонци Се е искршено, ни јавува нашиот извор. Кафичот Бејби Блуе и дискотеката В-клуб се испокршени, и од надвор и одвнатре. Бутици, продавници, месарницата МЕГА, сендвичари, наплатниот центар на ЕВН, банките и останати објекти …сите излози , прозори и врати се искршени од камењата и топките снег со кои маваа протестантите. Демолирани биле и неколку возила. Никој не излегол надвор, исплашено набљудувале од балконите и терасите. Од страв многу од продавниците и угостителските објекти не ни отвориле утринава. На улиците од Македонците имало само малкумина мажи.
2 март 2012
Претепано 15 годишно момче во Скопје
Попладнево околу 17:15 во Скопје на улица Мирче Ацев бб. спроти Тинекс
група од 5-6 лица од албанска националност претепале 15 годишно момче од македонска националност, информираше МВР.
Петнаесетгодишниот Матео Т. бил нападнат од засега непознати лица кои го удирале со клоци и тупаници по главата и телото. Од тоа нападнатиот се здобил со видливи физички повреди.
- 03.03.2012 -
Двајца Албанци без повод и причина нападнале 17-годишно момче што се возело во автобусот што застанал на последната автобуска станица во село Никиштане.
Момчето добило шамар и бокс, а било навредувано и во текот на патувањето кон село Никиштане.
Патниците успеале да ги раздвојат напаѓалите, по што возачот отворил врата и тие побегнале.
Полицијата од Ѓорче Петров презема мерки за пронаоѓање на напаѓачите на малолетното момче од Волково.
-03.03.2012 -
Кичевчанецот Славко Петрески завршил во болница.
Нападнат е околу 2 часот по полноќ од Зекири Урим.
Скршен му е носот а со повреди се здобил и во делот на тестисите. Во обид да интервенира и да помогне и полицаецот Васе Миновски бил нападнат.
- 04.03.2012 –
Две момчиња на возраст од 12 години, денеска се ограбени во центарот на Скопје. Како што соопшти МВР, настанот во полиција го пријавил таткото на едно од момчињата.
Според МВР три засега непознати лица, денеска околу 12 часот ги пресретнале момчињата пред интенрет кафето Ентернет на улицата 8 Март во центарот на Скопје.
Ги фатиле за јакинте и почнале да ги влечат, а откако момчињата, пружиле отпор, извадиле нож и им се заканиле дека ќе ги убијат. Потоа ги одвлекле 20 метри подалеку и почнале да ги претресуваат. Им одзеле мобилен телефон, околу 500 денари и ранец.
Од МВР велат дека суште нема никакви инфомации за евентуалните сторители на ова разбојништо, но дека се работи на неговото расветлување.
- 04.03.2012 –
Деветнаесетгодишно момче е прободено со нож во градниот кош откако разминувајќи се удрил во едно од група лица од албанска националност, соопшува полицијата.
Настанот се случил во 19,30 часот пред Скопската чаршија, кога Ф.Д. бил физички нападнат од четири непознати лица, при што бил удрен во пределот на градите.
Причина за физичкиот напад било тоа што додека се разминувале со лицата, едното од нив се удрило со Ф.Д. со рацете, по што истото на албански јазик му се обратило со зборовите: “Што се шириш толку“, а потоа од појасот извадило нож со кој му ја нанел повредата.
На Ф.Д. му е укажана лекарска помош во Градска болница, каде му е констатирана телесна повреда и е задржан на опсервирање.
-7 март 2012-
Претепан ученик во дворот на средното земјоделско во Тетово
Двајца од нив, кои од порано ги познавал, му се доближиле и без повод и причина почнале да го удираат по главата и телото, а потоа на нападот му се приклучиле и другите три лица. Реагирале тројца професори и го прекинале нападот, а напаѓачите избегале.
Потоа случајот е пријавен во полицијата. Сите петмина се идентификувани, а полицијата соопшти дека сите ќе бидат повикани на разговор.
Тепачката има и меѓуетнички карактер со оглед дека напаѓачите биле Албанци, а нападнатиот Македонец.
- 07.03.2012 -
Скопјанец на 19-годишна возраст бил нападнат од три непознати лица и избоден со нож во грбот.
Инцидентот се случил 15 минути пред полноќ на булеварот „Крсте Мисирков“, кај надземниот пешачки премин.
Повреденото момче е префрлено во Градската општа болница каде е констатирана тешка телесна повреда и е задржан за понатамошно лекување.
Од страна на СВР Скопје се преземаат мерки за откривање на сторителите и за расчистување на случајот.
- 08.03.2012 -
Ноќеска околу 00:40 во Скопје на улица Цветан Димов на автобуската станица спроти трговскиот центар Чаирчанка во автобус на ЈСП со број 57 се качиле две лица од албанска националност и физички го нападнале Пеце.Н.
Го удирале и го влечеле но не успеале да го извлечат од автобусот кој веќе почнал да се движи.
Напаѓачите со тврд предмет искршиле две стакла од задната врата.
По автобусот почнале да трчаат 10тина лица од кои едниот успеал да се качи и да го нападне возачот. Откако го сопрел автобусот влегле и останатите 10тина лица и почнале да го демолираат возилото.
По инцидентот со телесни повреди на клиника се јавиле 36 годишниот возач Васил Д. кој е задржан на лекување и 22 годишната патничка Катерина Д.
- 08.03.2012 -
Уште еден напад се случил утрово во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие “Скопје“. Третиот напад во последното деноноќие се случил околу 10,40 часот во автобусот со број “65“ на автобуската кај Бит Пазар во Скопје.
Група од 16 до 18 напаѓачи се качиле во автобусот на постојката кај средното училиште АСУЦ “Боро Петрушевски“ и пред автобусот да застане на постојката на Бит пазар нападнале двајца патници.
Кога автобусот доближил до станицата Бит Пазар кај 26-ти јули, информираат од полицијата, лицата без повод
ги нападнале со тупаници осуманесетгодишниот З.С. од селото Црешево и Т.И. (20) од Скопје.
- 08.03.2012 -
Двајца браќа на возраст од 28 и 31 година вчеравечер биле претепани од група од околу седум лица од албанска националност, во близина на стадионот во скопската населба Ѓорче Петров.
Тие почнале да ги удираат по телото со палки, притоа нанесувајќи им сериозни телесни повреди.
Браќата веднаш биле пренесени со возило на Брза помош на Клиниката за трауматологија, каде биле задржани на лекување.
Полицијата го потврдува случајот, и информираат дека работат на откривање на сторителите.
- 09.03.2012 -
Во Полициската станица во Гази Баба синоќа е пријавено дека група од 5-6 малолетни лица оштетиле 10 возила на ул.„Антон Попов„ позади бензинската на „Макпетрол.
Малолетниците на возраст од 14-16 години ги искршиле ретровизорите на неколу автомобили.
Од страна на полицијата во Гази Баба во тек се мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.
-09.03.2012 -
Вчера нешто пред 20 часот во близина на Основниот Суд во Тетово, физички било нападнато 17- годишно момче од група од 2 до 4 лица.
Според информациите до кои дојде Сител напаѓачите без никаков повод и причина се нафрлиле врз момчето и почнале да го удираат.
Во инцидентот тој се здобил со полесни телесни повреди.
Инцидентот најверојатно има меѓуетничка димензија бидејќи нападнатото момче било од македонска, а напаѓачите од албанска националност.
МВР ја потврдува информацијата. Велат дека тетовската полиција ги превзема сите неопходни мерки за расчистување на случајот
Сметам дека билансов за оваа година, им предочи дури и на најзакоравените безрбетници и wannabe либерали, од неалбанска провиненција, дека всушност поимот изолиран случај се однесува на нивниот mind-set.