Тинејџер претепан во центарот на Тетово
09.03.2012 - 11:03 |
Вчера нешто пред 20 часот во близина на Основниот Суд во Тетово, физички било нападнато 17- годишно момче од група од 2 до 4 лица.
Според информациите до кои дојде Сител напаѓачите без никаков повод и причина се нафрлиле врз момчето и почнале да го удираат.
Во инцидентот тој се здобил со полесни телесни повреди.
Инцидентот најверојатно има меѓуетничка димензија бидејќи нападнатото момче било од македонска, а напаѓачите од албанска националност.
МВР ја потврдува информацијата.
Велат дека тетовската полиција ги превзема сите неопходни мерки за расчистување на случајот
as allways - МВР „работи“ на случајот и на откривање на сторителите. - добро бе ке кажат еднаш барем ПРОНАЈДЕНИ СЕ СТОРИТЕЛИТЕ па макар и излажале?