Љубовни проблеми? Потребен ти е совет? Обрати се тука!

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Нема потреба да кријам ако е за мене, што има врска тука правев со човекот муабет и немав идеја како да му помогнам...
Ќе се молам за тебе и за твоите кохонес чедо божјо.
Здраво дечки! Би сакал мала помош со мојот голем проблем. Се надевам дека голем дел од вас ќе успеат да ми помогнат со мислење, па да почнам. Пред две години случајно почнав да се гледам со една девојка. Од кога се запознавме ми кажа дека долго време сакала да ме запознае, но и било премногу срам. Ми кажа дека премногу и се допаѓам излегувавме заедно 2 месеци се гледавме секој ден, по цели денови разговаравме дали на мобилен или онлајн едноставно бевме неразделни. Се беше совршено се до еден ден кога едноставно прекина секоја наша врска од тогаш што ја имаше. Ме избриша од нејзиниот профил што и не е толку важно, едноставно се заборавивме. Престанавме да комуницираме. Но, дилемата кај мене е во тоа што кога и да се сретнеме у град таа едноставно не ме гледа како пријател туку тоа што го имавме како исто да е тука, кога се поздравуваме секогаш ме бакнува на уста постои нешто уште во нејзе. Сеа би сакал ваши мислења што би можел да биди проблемот затоа што и мене не ми е ништо јасно. Да не заборавам дека е единствена во мојот живот која ми значела нешто и сакам да ја вратам пак покрај мене. Форумџии пукајте
Случајно твое да не е твое мислењево? Од истава тема и тоа.
Yeah. Busted.
 
Expecto Patronum

Citizen Erased
Член од
13 јули 2011
Мислења
1.331
Поени од реакции
3.281
Koлку ми е смешно кога ќе прочитам како некој бара љубовен совет за некој негов "другар" или "другарка" :ROFLMAO: yeah right...
 
Член од
29 август 2010
Мислења
11
Поени од реакции
0
Да, тоа погоре е мое... А за ова другово секако дека, не ... Нема потреба да пишувам нешто за што сум добил одговор...
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Да, тоа погоре е мое... А за ова другово секако дека, не ... Нема потреба да пишувам нешто за што сум добил одговор...
Епа ти и другар ти сте се заљубиле у истата женска, сте иделе исто 2-3 месеца и исто ве заебала со тоа шо исчезнала иако и двајцата сеуште ја сакате.
И на двајцата ви препорачувам да израснете еден пар машки топки.
 
Член од
26 јануари 2012
Мислења
172
Поени од реакции
430
Дали збориш во твое име, или во име на другар ти, сеедно.
Заборави ја. Толку, не треба ние тука начин да ти најдеме.
Зошто се прашувате такви прашања, јас мислев дека мажите не анализирате. :eek:

Тешко е, никогаш не било лесно да се заборават одредени личности.
Но не можеме секогаш да се навраќаме и да се прашуваме "што би било кога би било и зошто уствари така било".
Значи штом те оставила, и или има некоја јака причина за тоа, или не те сака и тоа е тоа. Трето нема.
 
MajMyH

EngineereD Fr0m DarknesS proTected by Divini✞Y ☤
Член од
11 септември 2011
Мислења
2.630
Поени од реакции
2.256
Decki po devojceto po koe se zaletav, uspeav ednas da go nagovoram za na kino, ama se zapna i eden drugar nejzin da idi i dojde, od togas tri-cetiri dena samo se gledame skoro sekoj den ama nis posebno, e sea se mislam dajte sovet za ponatamu so da pram, nz kako mozi da reagira za bilo so oti so bivsio se ima seriozno skarano (barem taka sum informiran) pred necel mesec...some advice....kako da prodolzam ponatamu
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
TOUCH напиша:
Здраво на сите! Пишувам моментално во името на еден другар што стварно има љубовни проблеми според него, бараше од мене помош , но не сум имал такво искуство за да му помогнам... Пред 2 години се гледаше 2-3 месеци со една девојка и беа неразделни... Секој ден му беше прекрасен со што можев да видам и јас.. Едноставно двајцата беа пресреќни... После тој период неа одма преку ноќ ја снема и се изгуби целиот контакт меѓу двајцата. Низ град продолжија многу нормално да се гледаат низ дискотеки и слично и гледав дека кај неа имаше останато уште од она што го имаа, но глумеше како да не и е грижа. До ден денешен тој неможе воопшто да ја заборави, смени повеќе девојки, но неа не може да ја заборави воопшто и само за неа прави муабет и едноставно со тек на време станува премногу тажно, однадвор изгледа среќно, но внатре се срушува неговата душа... Да не должам многу дали можете да помогнете во овој проблем како би можел тој да го врати она истото од порано...
Стварно, зашто лажеш дека е за друг? Ако сакаш да излажеш, отвори нов јузер од некаде од некоја играчница и готово... како и да е...

Не разбирам како луѓето се трескаат по некој што не ги сака. Мислам, кога девојка “ти глуми“ дека не и е грижа, брат соочи се со вистината - не и е грижа за тебе, нема глумење.

Секогаш ми било многу тешко да се одвојам емоционално и физички од луѓе што ми тврдат дека имаат чувства за мене, ама прават глупости со коишто ме нервираат и ме тераат да бегам од нив со сила. Кога девојка ќе ми рече не ми се допаѓаш, не те сакам, неможам да те гледам, па макар глумела како што викаш, тогаш е лесно да се тргнеш од нејзе, тогаш и навредата има поинаква тежина, то ест, има леснотија... поднослива леснотија има, зашто е небитно сè што доаѓа од некој што не те цени. Сето тоа се множи со нула.

Убаво ти рече Статус Кво, среди си ги јајцата. Сите биле повредени, не си ти ни прв ни последен, а не ти е ни прв ни последен пат, пак ќе те повредат. Битното у целата работа у животот синко е... дали ти имаш розева кошула и го слушаш Маријан Стојановски. Све друго се ситници. ;)
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Decki po devojceto po koe se zaletav, uspeav ednas da go nagovoram za na kino, ama se zapna i eden drugar nejzin da idi i dojde, od togas tri-cetiri dena samo se gledame skoro sekoj den ama nis posebno, e sea se mislam dajte sovet za ponatamu so da pram, nz kako mozi da reagira za bilo so oti so bivsio se ima seriozno skarano (barem taka sum informiran) pred necel mesec...some advice....kako da prodolzam ponatamu
чим се запнала да дојде и другар не ти светна некоја сијаличка? ни една? прегорени ќе да ти се изглеа...
“три четири дена скоро секој ден“ у превод едвај двапати сте се виделе...и тоа нишо чудно онака у хол да сте се виделе, или пред школо...
колку години имаш ти кажи прво?
 
С

Сибињанин Јанко

Гостин
Вака, не барам совет туку само анализа.
Идеме со девојка ми веќе две години и пар месеца. Мојата страна: супер врска, слобода, мир, само неколку сериозни караници (за релативно долг временски период), љубомора на ниво, планови за иднина, секогаш отворени за разговор. Се во најдобра ред, како во цртани филмови. И така јас идилно расположен, ми доаѓа пред некој ден и ми вади одеднаш буквално најбанална/weird прича ever: „не се осеќам среќна во врската, некако сум ладна бла бла, немаме исти интерси, ме гуши тоа ти слушаш таква музика, јас слушам ваква; ти гледаш такви филмови, а не вакви; ти сакаш тихи места, јас гужви“. Причиниве ми изгледаат ептен нелогични. Мислам, т.е признавам дека и двајцата имаме обврски, студираме па повеќе време посветуваме на учењето. Тоа го знам и сваќам, но има време и за дружење и шетање и за учење и за се. Има луѓе што одржуваат врска на двата краја на светот па им функционира. Знам и дека имаме различни интереси, ама баш поради тоа ја и сакам. Ми останува само тоа да мислам дека сум и здосадил. Ама и монотонија во врска може да се среди. Се се постигнува во разговор и договор. Незнам, косата ми побеле.

Член од
28 февруари 2009
Мислења
284
Поени од реакции
138
Јас имам голем проблем, но незнам од каде да почнам да го образложувам. Се надевам на добар совет од вас како и секогаш. Имам дечко 2 години и нешто, нашата врска стана многу посериозна и поразлична бидејки јас бев на факлутет (во друг град) и седев кај него дома со месеци (живееме 200 км раздалечено) , значи се зближив премногу со сите станав како член во тоа семејство. Моите родители не ја дозволуваа таа врска до пред 2 месеца али сега е добро, но друго е проблемот. Дечко ми е под кирија значи потребни му се многу пари за да создаде нешто во животот, кај мене дома не иде во обзир да живееме и значи тој не замислува никаква иднина со мене. Си има во план да најде некоја од странство и да замине од тука и очекува јас да не се лутам на тоа дека му ја знам ситуацијата дома. Но мене ме остава на цедило. мене таа помисла многу ме вознемирува, мислам нормално. Другиот проблем е тоа што понекогаш не го чувствувам како дечко, не сака бакнувања, гушкања, пораки или слично, понекогаш се сомневам во неговата љубов :( и сега многу луѓе на ова ке ми речат, па што си чекала или што чекаш остави го. епа летото се чувствував слично вака можеби и полошо, тргнав на работа (шанкерка) со што и се отворија и поголеми проблеми со љубомората и така сметав дека најдобро е да раскинеме, и тоа и се случи.. 2-3 месеца од летото си фативме различни патишта, од кој јас го одбрав полошиот. Ме удри депресија, лошо друштво, паметот незнам кај ми беше кога помислувам на тие лоши работи. Дечкоми кога наслушнал ме побара и пак се вративме назад. и добро е кога сме заедно не се жалам. Но едноставно кога ке кажам или помислам нешто за заедничка иднина, веднаш иде одговорот, јас со тебе нема да останам. и тука следуваат пак повредувањата јас него тој мене, го вракаме минатото и настанува хаос ! и ме боли душава, сакам да избегам негде подалеку од сите.. :confused: што ли да правам луѓе ??????????? :(:(:(
 
S

Sattva

Ако имаш бар малку достоинство, а верувам дека имаш (прости ми поради интонацијата), нема да си дозволиш некој да се “измачува“ покрај тебе, сожалувајки те постојано, и ќе го замолиш да си оди, и тоа веднаш! Што всушност правите вие двајца заедно, кога нема никаква размена на нежности и чувства? Го очекекувате денот за разделба, не знам, женење и повторен пад во депресии?
Обиди се да издржиш сама, сама да се вратиш на вистинскиот пат. Не бегај, остани. Остани! Тие нека си заминат. Тие се тие што треба да одат. Нека одат. Нека те ослободат :) Родителите исфрли ги од приказната. Во приказната си само ти. Ниту него го нема. Погледни... го нема.
 
Но јас сметам дека се сето тоа само филмови негови, поради тоа што е разочаран од животот. Тој заминува од кога сме заедно и уште е тука. Демек чека некоја што ке му рече дојди ке ти дадам работа кука стан државјанство. пфф нема логика.. Јас му предложувам реални работи. Млади сме можеме да работиме макар и да почнеме од нула, колку толку имам подршка од дома. Незнам дали се понаша така заради неговата “машкост“ или.. :confused: но не реков дека нема моменти кога осекам дека сум му потребна ! Плус јас еднаш згрешив и му раскинав сметав дека ке биде подобро, но направив поголем хаос и излегов подолу од се. Сега сум јас подолу од него, што не знае дали сум доволно добра за да бидам негова жена.. :confused: За нигде не сум :confused:
 
Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.813
Вака, не барам совет туку само анализа.
Идеме со девојка ми веќе две години и пар месеца. Мојата страна: супер врска, слобода, мир, само неколку сериозни караници (за релативно долг временски период), љубомора на ниво, планови за иднина, секогаш отворени за разговор. Се во најдобра ред, како во цртани филмови. И така јас идилно расположен, ми доаѓа пред некој ден и ми вади одеднаш буквално најбанална/weird прича ever: „не се осеќам среќна во врската, некако сум ладна бла бла, немаме исти интерси, ме гуши тоа ти слушаш таква музика, јас слушам ваква; ти гледаш такви филмови, а не вакви; ти сакаш тихи места, јас гужви“. Причиниве ми изгледаат ептен нелогични. Мислам, т.е признавам дека и двајцата имаме обврски, студираме па повеќе време посветуваме на учењето. Тоа го знам и сваќам, но има време и за дружење и шетање и за учење и за се. Има луѓе што одржуваат врска на двата краја на светот па им функционира. Знам и дека имаме различни интереси, ама баш поради тоа ја и сакам. Ми останува само тоа да мислам дека сум и здосадил. Ама и монотонија во врска може да се среди. Се се постигнува во разговор и договор. Незнам, косата ми побеле.

Епа брат многу ти е танка работава.....сега на девојка ти,и се случува ефектот "како тоа јас си ја затуцав младоста со овој".....и така понесена од филмот кој што го живеат слободните девојки,и таа сака да си го "доживее животот".....

Е се е тоа убаво....арно ама девојката твоја,нема појма дека тие слободни девојки,кога им е депресивно и тажно,нема кој да ги гушне...и немаат кај да се јават и со искрено срце да ги ислушаат.

И така она ќе се изглупира,и ќе побара да се одвоите некој период...а можеби и за стално.....но кога ќе помине месец дена,ќе сфати дека слободните девојки се илузија.....дека префиксот слободни,не значи и среќни.

Тоа можеби и ќе биде почеток на голготата наречена "колку бев глупа,те молам прости ми".

Од тука натаму ти одлучуваш.

Ако не биде овака,дојди плукни ме.
 
S

Sattva

Гостин
Но јас сметам дека се сето тоа само филмови негови, поради тоа што е разочаран од животот. Тој заминува од кога сме заедно и уште е тука. Демек чека некоја што ке му рече дојди ке ти дадам работа кука стан државјанство. пфф нема логика.. Јас му предложувам реални работи. Млади сме можеме да работиме макар и да почнеме од нула, колку толку имам подршка од дома. Незнам дали се понаша така заради неговата “машкост“ или.. :confused: но не реков дека нема моменти кога осекам дека сум му потребна ! Плус јас еднаш згрешив и му раскинав сметав дека ке биде подобро, но направив поголем хаос и излегов подолу од се. Сега сум јас подолу од него, што не знае дали сум доволно добра за да бидам негова жена.. :confused: За нигде не сум :confused:
Никој не рече дека “на моменти“ не си му “потребна“. Ох, сите ние си имаме потреби... :)

Колку повеќе се отвораш, толку појасно согледувам дека типот не те заслужува. Не само што не е “доволно добар“ за да биде твој маж, туку, дозволи ми да констатирам дека тој, воопшто не е маж.
Што и да си направила ти (колку и да е неетички, неморално...), претпоставувам дека тој досега би требало да ти прости, штом уште е “со тебе“. (Тој знае за тоа, така?)
Ако не се чувствуваш добро и удобно во врска со тоа “дело“, да речеме, пробај да го расчистиш. Разговарај со некој вреден за доверба, “изфрли“ ја целата случка (или што и да е) на маса, колку и да се плашиш. Така полека полека ќе се средиш. Убедена сум дека еден ден ќе си простиш за тоа :)

И ќе те замолам за нешто, погледни за момент од дистанца. Набљудувај се. Види се како само го молиш. Тебе таа глетка пријатна ти е?
Не нуди му ништо веќе. Што уште можеш да му понудиш? Всушност, ова мене повеќе ми личи на “присила“, отколку на “предлог“. (“Со сила можеш само да земеш, да дадеш не можеш [...]".) Не, навистина... Погледни во сегашноста, исто толку реално, како што гледаш во иднината. Самата ќе сфатиш што имаш со него, без ние вака негативно, можеби, да ти влијаеме и да те донесеме до уште поголема конфузност. Всушност, мислам дека ти самата многу добро го сфаќаш тоа. Но, што е она што те тера да замижеш и да продолжиш да “туркаш“? Која е таа слабост, душо? ... Или можеби се повеќе? Кои се тие?

(Ахх... Среќен 8-ми Март! :))
 
Фала... но колку ке е среќен незнам :confused:

да мижам ме тера љубовта, упорноста која сум ја вложила, годините што сме ги преспале заедно :confused: но во право си се што кажа, но не сум сигурна некако, мислам дека каков и потег да направам ке згрешам, затоа и се обидувам да не правам ништо :confused: Незнам што повеке да кажам...
--- надополнето: 8 март 2012 во 16:25 ---
Само што се слушнав со мајкаму.. Ми кажа дека имал големи проблеми со татко му многу се карале :confused: можеби затоа е вака :confused:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom