Не би рекла дека е така - не ме фаќај за збор за сумата, но малите претпријатија, со мал обрт на пари, не плаќаат данок, ослободени се. Така што, ради нешто друго се затворени.
И да, јас би сакала секој што не плаќа данок (фирма, човек сеедно) да си плати казна. Не може јас да плаќам, а некој да не плаќа.
--- надополнето: 8 март 2012 во 02:31 ---
И овие треба да го јадат дебело.. ама врзани се, плаќаат на инспекцијата повеќе, отколку што државата им дава плата.
Прост пример е Макстил. Ама Макстил, е спонзор на се и сешто во државава, а да не зборувам колку дебело заработиле инспекторите од него.
1.Фирмите со годишен промет до 1.000.000 денари не се ДДВ обврзници, ама точно е подлежат на други контроли.
Во таква иста фирма, пред некое време бев сведок на една случка кога
пазарни инспектори бараа декларации на производите.Сите битни работи ги провери, се беше чисто и немаше идеја за пропуст па му текна за декларации.Само не им текна дека вработените беа информирани дека
истата таа инспекција е должна да е присутна со свој претставник на граничен премин/царински терминал и ниту еден производ да не го пуштат во малопродажба, ако е без декларација на македонски јазик.После реакцијата на вработените подосаѓаа уште малку и после повишениот тон, си заминаа.Не знам дали би била иста ситуацијата ако вработените не беа информирани.
Друга ситуација во друга таква фирма, вработениот имал забораени 50 денари плус во касата.Инспекцијата му репна огромна казна по тој основ, а типот зеде кредит како би бил во состојба за плаќање на казната.
Трета ситуација, прв ден на отворање на малопродажба одма инспекцијата на врата, 10 минути после отворање.
Постојат уште многу вакви ситуации од рекла казала, ама овие кај едната лично сум бил сведок, а другите се на блиски луѓе.
2.Проблемот е таков дека Макстил и сличните на нив се секогаш во подобра позиција од малите колонијали, на пример.Најголем дел од приходите е обезбеден од таквите мали 'прекршители' и најмногу поради баналните горенаведени причини, немајќи храброст инспекторите т.е. Државата да се спротивстават на незаконските појави кај големите играчи.Во муабет со локален инспектор неговото 'жалење' беше нешто отприлика: Мене ми е наредено денес да пишам толку и толку казни.Одам кај помалите фирми, оти ако отидам кај поголеми (или кај локални бандити) ќе ме исфрлат на клоци и плус ќе настрадам на работа.