Crazy in Love
Here's looking at you kid.
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 23.859
- Поени од реакции
- 25.413
Извор: http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=88167Еворкомесарот за проширување Штефан Фуле ја прекрсти Македонија во Скопје.Во своето официјално соопштени за средбата со македонската вицепремиерка Теута Арифи, ниту еднаш не ја спомнува државата под нејзиното име, ниту пак под референцата Поранешна Југословенска Република Македонија. Фуле во соопштението за медиумите државата ја именува само под името на главниот град Скопје. Неговиот портпарол за Канал 5 вели дека тој без никаква намера тој го изоставил името на државата.
„Се сретнав со вицепремиерката Теута Арфи и имавме многу конструктивна дискусија. Зборувавме за плановите на владата во Скопје кои мерки планира да ги преземе со цел да донесе клучни реформи во блиска иднина. Стартуваме со пристапниот дијалог на високо ниво во Скопје на 15-ти март. Тоа ќе даде поддршка на нашите односи и ќе ја зајакне нашата соработка во однос на реформската агенда, верувам дека патот за одење напред е чист.“
Случајно или не, Фуле во своето соопштение не пишува за европскиот пат на Македонија туку за европскиот пат на Скопје. Но, ова не треба да не загрижува - вели неговиот портпарол Питер Сано кој го напишал соопштението. Тој за Канал 5 вели дека станува збор за новинарски текст и дека без никаква намера го изоставил името на државата.
„Нема грешка во соопштението објавено вчера по средбата меѓу еврокомесарот Фуле и вицепремиерката Арифи. Соопштението на веб станицата е новинарски текст кои ги содржи сите потребни информации и сите информации се коректни. Би ги советувал да се фокусираат на суштината од дебатата а тоа е дека вашата земја треба се подготвува за високиот пристапен дијалог“, вели Питер Стано портпарол на еврокомесарот Фуле.
Ова не беше случај во европскиот парламент. Фуле во својот говор на трибината посветена за иднината на Македонија пред вицепремирката Арифи и европратениците државата ја именуваше под привремената референца.
Срцки бе срцки!