Фуле ја прекрсти Македонија во Скопје

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Еворкомесарот за проширување Штефан Фуле ја прекрсти Македонија во Скопје.Во своето официјално соопштени за средбата со македонската вицепремиерка Теута Арифи, ниту еднаш не ја спомнува државата под нејзиното име, ниту пак под референцата Поранешна Југословенска Република Македонија. Фуле во соопштението за медиумите државата ја именува само под името на главниот град Скопје. Неговиот портпарол за Канал 5 вели дека тој без никаква намера тој го изоставил името на државата.​


„Се сретнав со вицепремиерката Теута Арфи и имавме многу конструктивна дискусија. Зборувавме за плановите на владата во Скопје кои мерки планира да ги преземе со цел да донесе клучни реформи во блиска иднина. Стартуваме со пристапниот дијалог на високо ниво во Скопје на 15-ти март. Тоа ќе даде поддршка на нашите односи и ќе ја зајакне нашата соработка во однос на реформската агенда, верувам дека патот за одење напред е чист.“

Случајно или не, Фуле во своето соопштение не пишува за европскиот пат на Македонија туку за европскиот пат на Скопје. Но, ова не треба да не загрижува - вели неговиот портпарол Питер Сано кој го напишал соопштението. Тој за Канал 5 вели дека станува збор за новинарски текст и дека без никаква намера го изоставил името на државата.

„Нема грешка во соопштението објавено вчера по средбата меѓу еврокомесарот Фуле и вицепремиерката Арифи. Соопштението на веб станицата е новинарски текст кои ги содржи сите потребни информации и сите информации се коректни. Би ги советувал да се фокусираат на суштината од дебатата а тоа е дека вашата земја треба се подготвува за високиот пристапен дијалог“, вели Питер Стано портпарол на еврокомесарот Фуле.


Ова не беше случај во европскиот парламент. Фуле во својот говор на трибината посветена за иднината на Македонија пред вицепремирката Арифи и европратениците државата ја именуваше под привремената референца.​
Извор: http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=88167

Срцки бе срцки!(y)
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.280
Ништо ново, пред извесно време господинот Муле во извештајот од Европската комисија не ја ни спомена Македонија и македонскиот јазик, сега повторно исто, пак ли сака да биде бомбардиран со писма. Се надевам дека нашите власти ќе го одбијат пристапниот дијалог, името на државата е Македонија не Скопје или адресирајте го со вистинското име или изгубете се веќе, упорно бараме да одиме онаму каде не сме пожелни, до кога само......
 
L

.Lost Angel.

Гостин
Ова тие исто ко девојка што трча по некој си коњ он ја одбива а она уште толку се затрескува по него - Така и со нашава Црна Македонија Колку повеќе бараме да биде во Еу тие не одбиваат а ние пак со надеж дека ќе бидеме во Еу :(
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.124
Поени од реакции
18.110
A изјавата на неговиот портпарол:Шо е битно како сме ве именувале, читајте ја содржината и работете како шо е напишано :tapp: Каква ароганција ееееј....почнувам да се двоумам дали домашните поддржувачи на оваа уникатна збирка предатори се при својата свест.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Лицемерието на дело.
 
G

galaxy

Гостин
По кој пат медиумиве објавуваат ваква вест? Не знам кој ги нарачува, ама е доказ дека никој во државава нема план или цел, или се очајни лицемери, и ваквите вести се само обиди да се сврти вниманието од другиот дел од текстот.
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Зошто немаме некој наш политичар со толку големи муда како Лукашенко Белорусинот и да му каже на Штефан Фуле дека е тежок морон и пе*ер...:eek:
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Случајно или не, Фуле во своето соопштение не пишува за европскиот пат на Македонија туку за европскиот пат на Скопје
А каков е европскиот пат на Битола, Охрид, Прилеп, Куманово, Тетово, Гостивар? :icon_lol:

Би ги советувал да се фокусираат на суштината од дебатата а тоа е дека вашата земја треба се подготвува за високиот пристапен дијалог“, вели Питер Стано портпарол на еврокомесарот Фуле.
А дали кога на Фуле би почнале да му се обраќаме со Муле или на Стано со Срањо ќе биде ист муабетот дека “треба да се фокусираме на суштината“ или тогаш ќе почнат со нивните стандардни жалопојки? :facepalm:
 
L

.Lost Angel.

Гостин
Зошто немаме некој наш политичар со толку големи муда како Лукашенко Белорусинот и да му каже на Штефан Фуле дека е тежок морон и пе*ер...:eek:
Политичар? зарем постојат политичари во земјава? мааа јок братче во оваа Наша Црна Македонија нема политичар да. да имеше еееех сега ќе бевме држава ама стварно држава а не вака во своја држава да бидам ко во албанија и овие овциве во нашиот театар - парламент ... да си ги држат јајцата и да изведуваат сцени ја ова направив ти ништо и цееееееел живот то јебана ствар да ја слушам :cautious:
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.718
Ваквите вести веќе и не се вести.
А ние па, ко демек навредени нешто..
 

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.313
Поени од реакции
6.167
"Абе овој нека си ја води Топки и нека не кажуе многу многу"!
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
По кој пат медиумиве објавуваат ваква вест? Не знам кој ги нарачува, ама е доказ дека никој во државава нема план или цел, или се очајни лицемери, и ваквите вести се само обиди да се сврти вниманието од другиот дел од текстот.
Кој друг дел? Сите знаеме дека потребна е уште работа и реформи за да се досреди државава и да се остранат одредени аномалии, ама не ми се верува дека велиш дека тоа што најцинично и саркастично се однесуваат со Македонија е споредна работа само за да се свртело вниманието...Од што да се сврти, кога нон-стоп истото го повторуваат, додека во своите земји не си го гледаат дворот и што таму се случува.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.280
А каков е европскиот пат на Битола, Охрид, Прилеп, Куманово, Тетово, Гостивар? :icon_lol:
Иако ми доаѓа од мака да си пукнам во колено што би рекла ти ама морам малку на хумор да свртам.

Па видете вака господине Муле:
Во однос на реформите Охрид назадува на планот на заштита на езерото од аспект на колекторскиот систем, но бележи пораст кај туристите (Холанѓаните повторно ги вративме)
Во Прилеп има повеќе засадени плантажи со тутун од изминатата година.
Куманово напредува со гасификацијата.
Тетово бележи негативни поени во однос на депонијата но забележан е напредок кај јаболката.
Гостивар за жал поради настаните кој веќе ни се познати, потфрлува во меѓуетничките односи.
Ваков одговор треба да добие кога знае да се глупира.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom