Македонија - внатрешни случувања (генерална дискусија)

  • Креатор на темата Shellshock nam67
  • Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
^ ^ ^ ^ ^ ^ ^ ^ ^
Доволно причини досега видовме за бојкот на следниве избори.Пошто реално тешко изводливо е протести, ова и не е така лоша опција.Е сега ќе излезат неколку души и ќе станам ненормален според нив, ама нека.Можда ќе се замислат после бојкот...ако не пробаме нема да научиме.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.068
Поени од реакции
23.519
Знаеш како функционира тоа со казнените поени,сега ке ти кажам - добиваш писмо од комисијата одиш ти велат дечко еве ти уплатница казната ти е 200 евра,ти велиш сакам казнени поени а господинот фино лепо ти објаснува дека делото веќе поминало,пресудата е донесена и е одлучено да си платиш не може да поминеш со казнени поени.
имаш ти возачка воопшто ???
мислиш тука сите се пубертетлии кои сонуваат за возачка??
мислиш тука сите се во саксија растени??
мислам дај ова е дури и под твое ниво, ама сепак ме плаши дека некој и ке ти поверува па ке зборува на друго место како го казниле и не му дале избор дали сака поени или да плати, и нормално ке испадни ептен глуп.
немој така тука и деца читаат!!

п.с и аман со тоа револуцијата, ке палеле ке жареле.
па не треба зборање многу, ете тука само на форумот сте доволно. земете соберете се и почните. можеби и другите ке ви се приклучат од кај знаете.
ако ништо друго ке се запознаете и ке пијате по едно кафе.
--- надополнето: 7 март 2012 во 20:35 ---
и јас имам казна од 300 евра и плус одземање на возачката на 6 месеци, за прекршок кој воопшто не е ни за 300 евра, а камо ли за одземање возачка, сум претркала на полна линија, на сосем празна улица, зашто тој пред мене се влечкаше со 4 упалени трепкачи, а јас ужасно се брзав. И на мојот коректен однос кон полицајците, и обраќање со господине наведено е дека сум се однесувала дрско и безобразно затоа што не сум си ја потпишала казната.... е баш ми е криво што не ги отерав у .... па стварно да има за што да речат дека сум дрска..... :mad:
да оти кога нема никој полната линија не важи.
тоа што си се брзала тие олеснителна околност:facepalm:
требаше да им речиш дека и си пиела и брзаш за на инфузија, најверојатно тоа ке помогнеше.
уште и да им речеше дека полната линија ја виде, ама за жал нив не ги виде.

прашањето е кој ти дал возачка, и тој треба да се казни!
 
Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
На темава, секој со својата мака.:icon_lol: Ајде и јас така. Сакав да цитирам неколку постови, но бидејќи ми е срам да изгледам како повеќето, си избрав друга варијанта. Ќе си кажам мене од што ми е мака. Не срам - мака.

Мака ми е од целата омраза и негативна енергија околу мене.
Мака ми е од политиката која секогаш успева да се пикне и таму кај што не ја собира.
Мака ми е од партиите кои ја водат државата, посебно актуелните на власт.
Мака ми е од телевизиите кои не можат да функционираат нормално ако не не трујат со глупости.
Мака ми е од лагите кои се станати нормален начин на комуникација.
Мака ми е од тоа што живеам во држава која не вреднува труд и се труди да го уништи секој кој сака некако да допринесе.
Мака ми е што не возам би ем дабалју после 8 години терање бизнис.
Мака ми е што луѓето на ова мало парче земја, покрај ваквите и слични преголеми проблеми сеуште успеваат да најдат сила да се мразат и плукаат помеѓу себе. Не велам дека може нешто да се смени, но треба да ги фати инает, да почнат да живеат насмеани и сложно, па така барем малку ќе си го направат животот поподнослив. А може и чудо да се случи, не се знае. Можеби кога ќе сме такви, никој не ќе се осмели повеќе да ни го расипува раатот и работите би тргнале на подобро.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
^ ^ ^ ^ ^ ^ ^ ^ ^
Доволно причини досега видовме за бојкот на следниве избори.Пошто реално тешко изводливо е протести, ова и не е така лоша опција.Е сега ќе излезат неколку души и ќе станам ненормален според нив, ама нека.Можда ќе се замислат после бојкот...ако не пробаме нема да научиме.
Со бојкот ништо не се прави..така само албанезите ќе добијат повеќе пратеници...дупла штета..иначе катастрофална грешка ќе биде ова..така се почнува..
--- надополнето: 7 март 2012 во 20:41 ---

31 јануари 2012
Мислења
75
Поени од реакции
89

Бојкот и протести се за луѓе со развиена свест, а повекето во Македонија се толку кратковиди што за едно празно ветување и газот ке го дадат, а после 4 години ке офкаат.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.292
Поени од реакции
26.177
Кој сака да се обложи со мене дека наредниве градоначалнички избори, владеачката партија ќе изгуби?
Имаш кладба однапред. Ти го одредуваш влогот. Владеачката коалиција ќе освои најмалку 2/3 од општините со доминантно македонско население. Доколку бројката е под тоа, ти добиваш.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
незнам јас мајкати што помислила кога цајканот и се јавил и кога и рекол да ужива o_O
јас во себе не верувам како што рече едно другарче кога го прочита ова а не па на цајкан.
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.743
Поени од реакции
4.506
Да знам дека странците нема да се мешат,тогаш јас сум за војна, ама кој ќе дава гаранција дека тие нема да се мешат како во 2001..
Брат без навреда ама не биди толку заостанат во размислувањето.
Со војна ништо не се решава ќе се пролее крв,ќе се уништи цела Македонија и ќе добиеме едно големо НИШТО.
Има многу начини на мирољубив начин да се решат работите кој е правилниот пат ама сите се „патриоти“ напалени на војна.
http://en.wikipedia.org/wiki/Montgomery_Bus_Boycott
Еве прочитај како црнците се избориле за нивните права кога ги дискриминирале на расна основа и сето тоа по мирен пат протестот траел цела година.
Можам да ти кажам дека само мало дете или „патриот“ може свесно да збори за војна.
Во војната нема победници секогаш народот страда.
Отвори на youtube види видеа од 2001 војната затоа што само некој што не знае што е војна може да каже такво нешто.
Јас ни на шала не би рекој ајде да војуваме толку од мене.
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Со бојкот ништо не се прави..така само албанезите ќе добијат повеќе пратеници...дупла штета..иначе катастрофална грешка ќе биде ова..така се почнува..
Зошто не?Само еден ден.И не цел.Само 12 сати.Гласачите се бојкотирани 20 години.Ние сме ги сместувале во тој парламент, во тие општини, за да ни ги подобрат условите за живот на сите.Ај шо мислат само на својот гз, туку и кеиф им е да ни го дозаебат животот.Па дај и ние еднаш да ги бојкотираме, сме заслужиле макар за толку.
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.743
Поени од реакции
4.506
Бојкот и протести се за луѓе со развиена свест, а повекето во Македонија се толку кратковиди што за едно празно ветување и газот ке го дадат, а после 4 години ке офкаат.
Брате простести се за луѓе со план.
Протест со пет дена нема да ти успее.
Ама ако се планира секој ден барем по еден час да простестираш цела година ќе се приклучат повеќе луѓе.
Целта на протестот е масовност што повеќе учествуваат толку подобро да се има организација ,да се постават барања да се простестира до крај.
Да се има инвентивност.
(Пример јсп поскапеле автобусите без основа цел месец никој да не им се вози)
И да се научи народов дека со седење на ФБ и кукање на кајгана не се гради држава.
 
Доволно си силен да оформиш организација? Доволно си силен да ги издржиш сите фарбања дека си опозиција и заканите од фамилијата на премиерот? Ако немаш храброст, тогаш отвори ги очите и смести се во групата што мрчат на кајгана. Сепак убава идеја имаш
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.068
Поени од реакции
23.519
демек ти никогаш не си го направил тоа.... нели? :pipi:

темата е сосем друга Владе.... ;)
повеќе пати од колку што памтам и затоа ке ти дадам еден совет.
финтата е да го направиш ама да не те фатат;)
ако те фатат се знае што следува. мислам откри од прва рака. и не ме држите за збор ама за полна линија нема казнени поени, не е тоа мал прекршок, потешко од тоа да згазниш само човек на пешачки.
и темата е како некој го казниле за паркирањеи дечкото се страмел од државата:tapp:.
мене само не ми е јасно како тоа полицаецот им се јавил на моб.
семејни пријатели се, многу прекршоци има правено па на памет ја знаат, на хаубата си го има телефонот напишано за во случај да треба да и се јават. мислам стварно од каде каде и се јавил полицаецот. мене кога ме бараат од полиција досега никогаш за арно не ме побарале.
и работата се сведва на тоа дека државата не чини оти некој направил прекршок и и наплатиле, што е сосем најнормална работа во секоја најнормална држава. како што споменав и порано и мене не ми се допаѓа законот за пушење, па сега каде што се можи го кршам, каде не не. како што реков финтата е да не те фатат.
 
methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
Зошто не?Само еден ден.И не цел.Само 12 сати.Гласачите се бојкотирани 20 години.Ние сме ги сместувале во тој парламент, во тие општини, за да ни ги подобрат условите за живот на сите.Ај шо мислат само на својот гз, туку и кеиф им е да ни го дозаебат животот.Па дај и ние еднаш да ги бојкотираме, сме заслужиле макар за толку.
Тоа е добро доколку имавме закон којшто вели дека доколку изборите неуспеат несмеат истите луѓе да се "закачат" на листите . Кај нас го нема тоа.... :/ Но сепак да се направат изборите неуспешни е сериозна порака до политичарите дека ВАКА ВЕКЕ НЕ ОДИ :)
--- надополнето: 7 март 2012 во 21:02 ---
Доволно си силен да оформиш организација? Доволно си силен да ги издржиш сите фарбања дека си опозиција и заканите од фамилијата на премиерот? Ако немаш храброст, тогаш отвори ги очите и смести се во групата што мрчат на кајгана. Сепак убава идеја имаш
Прво да ПРКНЕ треба организацијата па да биде обвинувана и сл. , а основниот проблем е тоа што неможе да пркне :/
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
за ваквите етнички тензии во светот измислиле едноставно решение....имињата на улиците се броеви или геогравски ознаки, а училиштата имаат име според местото во кое се наоѓаат....така никој не може да мрчи и да се расправа и да дава имиња на мртовци за кои секогаш ќе има спор

кај нас политиката е навлезена во сите пори на животот....ова со училиштата во Чаир е само уште едно мерење на тоа на кому му е поголем и кој е шериф во градот

Некој погоре спомна бојкот....можеби бојкотот не е најдобрата опција....но долго време ги бојкотирам сите избори, референдуми, политички организации....и функционира....барем не ме е*е некој на кој сум му помогнал да седне на фотеља
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom