Човекот(сонцето-огинот) треба да се врати во утробата,да помине низ тесно и се соедини со водата.
И тие да бидат едно.
Во исто момент е "свадба" и "погреб".
Го закопуваш стариот живот и "започнуваш нов".
Ставив во наводници бидејќи таму нема почеток,нема ниту крај.Истовремено си матка и плод.
Тоа е тесната порта низ која малкумина поминале.
Зошто тоа мора да биде "Закон на Телема" неможе да се присвои нештото и да се именува како нечии закон.
Сонцето не умира,но дава светлина на сите, осветлувајќи им го патот на оние кој чекорат,а не само на некој.
Не е тоа столна ламба,па на тебе ќе ти свети на друг не му свети.
Ајде од почеток!
За Големата хемиска свадба, и спојувањето на спротиставености!
Зарем не велиме ние дека оној што природно е привлечен кон анѓелот или демонот, да ја зајакнува другата врска, за да биде во рамнотежа? Зарем не велиме дека : Remember that unbalanced force is evil; that unbalanced severity is but cruelty and oppression; but that also unbalanced mercy is but weakness which would allow and abet Evil. Act passionately; think rationally; be Thyself.|
Има на многу места низ нашите книги и пракси за спојувањето на спротиставеностите. Види ја Ату XIV и нејзините мистерии.
И убаво велиме:
.’. Моите посветеници стојат исправено; нивните глави се над небата, нивните стапала се под пеколите.
ЗА делот со малкумината и некаква порта за минување. И ние се сложуваме за тие малкумината. Liber AL vel Legis svb figura CCXX вели:
Let my servants be few & secret: they shall rule the many & the known.
И портите на разбирањето се 50 и се Смрт. Бидејќи никој не го минува Хоронзон а да не умре. Тоа е веќе виша математика.
За присвојувањето: Не се присвојува ништо... тебе ти смета што постои Законот на Слободата,Животот,Љубовта и Светлината познат како Телема... Види ја
Liber De Lege Libellum . Ти не си ниту запознаен со Законот ниту пак разбираш што значи да си телемит. ТИ постојано прашуваш мешајќи ги симболите што ние ги кажуваме со некои твои разбирања кои не сакаш очајно да ги напуштиш или пак усовршиш и подобро разбереш.
The word of the Law is Θελημα.
Who calls us Thelemites will do no wrong, if he look but close into the word. For there are therein Three Grades, the Hermit, and the Lover, and the man of Earth. Do what thou wilt shall be the whole of the Law.
Дали разбираш сега?
Зборот на Законот е Телема. Зборот на Еонот е АБРАХАДАБРА! Решавај ги задачките целосно ако сакаш да имаш некоја добивка. Зошто законот на Телема? Бидејќи е нов Еон! Заборавете ги мртвите ритуали на Озирис и воскреснувачките богови, аман!
Ајде сега малку за сонцето!
Сонцето е Ѕвезда. И Сонцето не е врзано со елементот оган, туку со воздух.
Сонцето не го гледај како нешто надворешно... „Сонцето“ ги осветлува само носачите на душата! За ова има премногу зборување. Книгата на Законот би ти дала доволно информации комбинирана со коментарите на истата, познати како „Законот е за сите“.
Хадит е Огнот кој што гори во секое срце и во центарот на секоја Ѕвезда. Ако ги немаш праксите, огнот ќе изгасне и ќе те занесе мракот во долините на Хоронзон и бесконечното бладање!!!
Исто така за осветлувањето и чекорењето!
Зарем јас мал милион пати го велев ова:
.’. Секој човек мора да ги надмине сопствените пречки, да ги разобличи сопствените илузии. Сепак, други можат да му помогнат да ги оствари тие две и можат целосно да го оспособат да избегне многу лажни патеки, кои не водат никаде, а само ги искушуваат уморните стапала на неиницираниот аџија. Понатаму, тие можат да осигураат дека правилно е испробан и испитан, зашто има многумина кои за себе мислат дека се Мајстори а не ни стапнале по Патот на Служење кој води дотаму.
.’. Значи Големото Дело е едно, Иницијацијата е една, Наградата е една, макар колку различни и да биле симболите во кои е завиткано Неизговорливото. Liber LXI
Нема присвојување! Новиот Еон го освои светот. Секој е своја ѕвезда! Секој прашува, работи, се развива... се е искуство. И тоа е добро! Законот го менува светот.
Тоа што ви се дава, научете од каде доаѓа пред да обвините за злоупотреба и присвојување. Дали ти си разгледал барем нешто од праксите, да се запрашаш зошто баш тие, што со тие пракси...
Сонцето свети за сите, се сложуваме, но малкумина одат до него! Претежно заглавуваат овде на Земјата, и тоа против своја волја. Јас знам многумина кои не ја подигнале главата ноќе и да уживаат во ѕвезденото небо на Нуит. Закован им е погледот во Земјата и нејзините темни тунели.
И да, најбитното!
АЛФ! Achtung Achtung!
„Но запамти добро дека Законот доаѓа од A.'.A.'., а не од О.Т.О. Овој Ред всушност е првото од религиозни тела кои службено го прифатија овој Закон, и неговиот целокупен Ритуал беше ревидиран и преуреден во склад со таа одлука.“ - Liber CCC ( Khabs am Pekht )
P.S. Ако те буни тоа „религиозен“, ќе го објаснуваме во иднина, не е проблем!
П.П.С. Ама сум изнапишал