Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Славниот Маркс, на пример, ни‘ понуди ( и умре, за греота...) „убава иднина„, онаа комунистичката и никогаш дочеканата, ама иднина која (требаше, нели...) да биде во овој Свет.

Христос не‘ повика да бидеме со Него во Царството Небесно, кое не е од овој Свет.
Христос е првиот комунист. Неговото учење е класичен комунизам.

п.с Не е тоа лошо;)
--- надополнето: 6 март 2012 во 14:14 ---
Да, Земјата е создадена пред Сонцето и ѕвездите, и има своја духовна логика, наспроти Кант-Лапласовата прикаска за приматот на Сонцето пред Земјата и планетите. За ова веќе сме дискутирале.
.
Духовна логика има (уствари којзнае дали има ама ај до пробам) само доколку ние сме центарот на вселената и ние сме тие за кои Господ го создал цел универзум да ни служи нам луѓето - битија направени по негов образ.

Или не е вака?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Можеби во твојата имагинација, науката тврди сосема спротивно нешто. Кој ја меша сега духовноста со материјалноста?:)
Кога Мојсеј го запишувал Постанокот, Мојсеј гледал како Бог ги создава нештата, што значи, Мојсеј точно го навел и редоследот од тоа создавање, по денови. Во тој редослед, лежи и духовната логика.

Наведи ми барем еден човек, кој видел дека Сончевиот систем е створен по било која хипотеза.
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Кога Мојсеј го запишувал Постанокот, Мојсеј гледал како Бог ги создава нештата, што значи, Мојсеј точно го навел и редоследот од тоа создавање, по денови. Во тој редослед, лежи и духовната логика.

Наведи ми барем еден човек, кој видел дека Сончевиот систем е створен по било која хипотеза.
Мојсеј го гледал ова:eek:
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Духовна логика има (уствари којзнае дали има ама ај до пробам) само доколку ние сме центарот на вселената и ние сме тие за кои Господ го создал цел универзум да ни служи нам луѓето - битија направени по негов образ.

Или не е вака?
Ќе да е така....:D...(она со „...центар на Вселената...„ го земам условно).
И ај сеа, кажи ми дека верните не биле од корист....
--- надополнето: 6 март 2012 во 14:22 ---
Мојсеј го гледал ова:eek:
Да.
Мојсеј не бил само рака, инструирана од „виша сила„, која од страв, пишува шо ќе и‘ се каже.
Мојсеј го пишувал тоа што го гледал, удостоен од Бога, ради својата (Мојсеевата) праведност.
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Да.
Мојсеј не бил само рака, инструирана од „виша сила„, која од страв, пишува шо ќе и‘ се каже.
Мојсеј го пишувал тоа што го гледал, удостоен од Бога, ради својата (Мојсеевата) праведност.
Зошто бог не го направи тоа јавно и денес еве може да стави видео на јутјуб.
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
1. Ќе да е така....:D...(она со „...центар на Вселената...„ го земам условно).
И ај сеа, кажи ми дека верните не биле од корист....
--- надополнето: 6 март 2012 во 14:22 ---


2. Да.
Мојсеј не бил само рака, инструирана од „виша сила„, која од страв, пишува шо ќе и‘ се каже.
Мојсеј го пишувал тоа што го гледал, удостоен од Бога, ради својата (Мојсеевата) праведност.
1. Не бе кој вика дека не се верните од корист.:P
Само оваа логика што ја наведов дека се во универзумов се случува токму поради нас - божјите чеда, важела до пред некој век.

Сега не е истото:( Или науката греши цело време?

2. Откај па Мојсеј толку праведен?
И зошто во последниве 2 000 години нема веќе толкави праведници? Исус е валда последниот.

Зар нема во денешно време некој толку праведен, да Бог му се отвори нему како на Мојсеј и во денешно време да ни ги пренесе неговите замисли за нашата иднина?
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Кога Мојсеј го запишувал Постанокот, Мојсеј гледал како Бог ги создава нештата, што значи, Мојсеј точно го навел и редоследот од тоа создавање, по денови. Во тој редослед, лежи и духовната логика.

Наведи ми барем еден човек, кој видел дека Сончевиот систем е створен по било која хипотеза.
А ти со Мојсеј заедно у клупа седеше па тој ти го кажа ова?
Веќе кажав кој е аргументот на науката, одамна е докажано дека планетите се создадени после ѕвездите.
Негирањето на овој факт, не само што е мешање на духовното со материјалното, туку е и очигледно терање инат.
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
А ти со Мојсеј заедно у клупа седеше па тој ти го кажа ова?
Веќе кажав кој е аргументот на науката, одамна е докажано дека планетите се создадени после ѕвездите.
Негирањето на овој факт, не само што е мешање да духовното со материјалното, туку е и очигледно терање инат.
Уште те лажат комунистите:pos:
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Зошто бог не го направи тоа јавно и денес еве може да стави видео на јутјуб.
„Ју тјјуб„ е човечка а не Божја измислица, а Бог не Е должен да исполнува човечки желби.
--- надополнето: 6 март 2012 во 14:46 ---
А ти со Мојсеј заедно у клупа седеше па тој ти го кажа ова?
.
Не, туку така исповеда Црквата. Ако добро паметам, тоа е дел од учењето од Златоустиот.
--- надополнето: 6 март 2012 во 14:48 ---
Веќе кажав кој е аргументот на науката, одамна е докажано дека планетите се создадени после ѕвездите.
.
Одамна е докажано дека ништо не е докажано, понајмалку дека планетите се создадени после Сонцето. Хипотезите „по овој „и „по оној„ се само обични бајковити прикаски за световните верници.
--- надополнето: 6 март 2012 во 14:50 ---
А
Негирањето на овој факт,

Факт е само „она„ кое може да се докаже во реално време, или во полош случај, како запис/дел од колективната меморија. Каков е тој факт, кој ѓоамити се „случил„ уште пред човековото постоење?
--- надополнето: 6 март 2012 во 14:51 ---
Само оваа логика што ја наведов дека се во универзумов се случува токму поради нас - божјите чеда, важела до пред некој век.
До кога, поточно?
--- надополнето: 6 март 2012 во 14:53 ---
Сега не е истото:( Или науката греши цело време?
Науката, било која, наспроти нејзиниот оптимизам за нејзината неограничен способност, до ден-денешен, не ни‘ даде ниту една конечна вистина, освен збирка од парцијални „вистинчиња„.

За Црквата, прифатливи се научните сознанија, кои подолго време се покажале како точни и тешко соборливи.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
е?
2. Откај па Мојсеј толку праведен?
Бог во Мојсеја нашол праведен лик...Исто како во случајот со праведниот Ное или со праведниот Јосиф, Христовиот очув.
--- надополнето: 6 март 2012 во 14:56 ---
И зошто во последниве 2 000 години нема веќе толкави праведници?
Како „нема„? Црквата е полна со Светии дури и од 20-от век...Само што за нив не учиме „у школо„, така? :D
--- надополнето: 6 март 2012 во 15:00 ---
Зар нема во денешно време некој толку праведен, да Бог му се отвори нему како на Мојсеј и во денешно време да ни ги пренесе неговите замисли за нашата иднина?
Како вели еден современ свеотогорец: „....Доколку Бог би сметал дека откривањето на иднината е за нас корисна работа, Он би ни‘ ја открил иднината...„.

Патем кажано, иднината веќе ја гледаме: доволно е да видиме што ни‘ нудат медиумите, и се‘ станува јасно!
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Науката, било која, наспроти нејзиниот оптимизам за нејзината неограничен способност, до ден-денешен, не ни‘ даде ниту една конечна вистина, освен збирка од парцијални „вистинчиња„.

За Црквата, прифатливи се научните сознанија, кои подолго време се покажале како точни и тешко соборливи.
Ова со други зборови кажано изгледа вака:

За црквата прифатливи се СИТЕ НАУЧНИ СОЗНАНИЈА, кои ја дотерале во ќош, и нема друг избор освен да ги прифати и да каже дека причината за тие сознанија е сепак Бог. Како со Биг Бенгот и Ватикан.
--- надополнето: 6 март 2012 во 15:09 ---
Бог во Мојсеја нашол праведен лик...Исто како во случајот со праведниот Ное или со праведниот Јосиф, Христовиот очув.
--- надополнето: 6 март 2012 во 14:56 ---


Како „нема„? Црквата е полна со Светии дури и од 20-от век...Само што за нив не учиме „у школо„, така? :D
--- надополнето: 6 март 2012 во 15:00 ---


Како вели еден современ свеотогорец: „....Доколку Бог би сметал дека откривањето на иднината е за нас корисна работа, Он би ни‘ ја открил иднината...„.

Патем кажано, иднината веќе ја гледаме: доволно е да видиме што ни‘ нудат медиумите, и се‘ станува јасно!
Нашол праведен ли? Та нели Мојсеј утепал дузина Египјани???? Или тоа не се важи?

Не со самонаречени светии. Барам праведници кои го измениле курсот на човештвото. Црквата е полна со тие што го инхибирале развојот.

Медиумите се ѓаолска работа, ако добро се сеќавам од порано.:P
Затоа Бог нека не ни ја открива иднината туку преку некој праведник како Мојсеј да ни го трасира патот. Да не ги слушаме медиумит еи образовниот систем. Нека с епојави и да ни го покаже патот.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Одамна е докажано дека ништо не е докажано, понајмалку дека планетите се создадени после Сонцето. Хипотезите „по овој „и „по оној„ се само обични бајковити прикаски за световните верници.
--- надополнето: 6 март 2012 во 14:50 ---



Факт е само „она„ кое може да се докаже во реално време, или во полош случај, како запис/дел од колективната меморија. Каков е тој факт, кој ѓоамити се „случил„ уште пред човековото постоење?
Ти имаше една омилена фраза, која одприлика гласеше: "простото негирање, не го докажува спротивното, само поради негирањето" (Парафразирам, ти си имаш попрефинет начин тоа да звучи црковно).
Фраза која итекако се однесува на твојов магарешки инает во случајов.
Ако науката е бајковита прикаска, а библијата факт за тебе, тогаш стварно немам коментар.
Незнам само кој од кој факт е поубедлив. Можеби оној во кој Јона престојувал три дена во утроба на кит? Или оној за дрвена арка од 150 метри која ги собрала сите видови на планетава во двојки?
Тие "бајковити (научни) прикаски" како што напоменав се темелат на тони и тони научни трудови, за процесите на нуклеарната фузија, староста на звездите и слично. И тие неможат да се оспорат и омаловажат само затоа што вие неможете да си ги усогласите своите верувања со реалноста!
И покрај тоа што самите признавате дека духовното нема врска со материјалното, се препирате и запнувате токму во доменот на науката, тврдоглаво негирајќи очигледни нешта.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Тоа Бог ни‘ го остава на наша/лична волја, без присила.
Toгаш зошто ги казнува оние кој не веруваат во него а ги наградува тие што веруваат. Зошто бог сака да веруваат во него? Кој корист има тој од тоа?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom