Верски вести II

Статус
Затворена за нови мислења.

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
.

“Албанските имами се здружуваат во швајцарија“​
Во швајцарија, неделава што измина проби вест која се однесува на самоорганизирана акција за здружување на албанските имами . Тие таму направија унија на албанските имами, со цел да понудат едно здружение на модратни имами и ислам, во таа држава.​
>> Ние не сакаме да му опонираме на ицс (исламскиот централен совет) << - изјави Рејхан Незири, но, сепак ицс и нејзиниот претседател (конвертитот) Nikolas Blanco не ги застапуваат потребите на модератните муслимани. Тие на пример бараат одвоен школи, додека ние се чуствуваме добро во швајцарскиот школски систем ... Исто така, мнозинството на албанските жени не носат нити во швајцарија нити во татковината шамии, ...​









.

...





,,,

Насила во „Сули-ан“
Ако не ни се врати сопственоста над објектот „Сули-ан“ во Старата скопска чаршија, ќе бидеме принудени насила да влеземе во нашиот имот. Вакви скандалозни чекори на окупирање на државен имот, во случајот во објект на Министерството за култура, во кој се наоѓа Ликовната академија, најавува поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи, зашто бил незадоволен од темпото на процесот на денационализација. На истиот начин, како што вели Реџепи, го зазеле и „Капан-ан“.
- Подготвени сме да правиме отпор до недоглед. Сѐ додека Владата не се коригира од своите дискриминирачки претензии, нема излегување од „Капан-ан“. Истата форма на дејствување ќе се случи и со „Сули-ан“ ако не ни се врати така како што треба да ни се врати - заканувачки рече Реџепи.

.
.

Факт е дека кураишкиот ислам на овие простори е насилно дојден и секоја педа земја е насилно завземена!
Тој факт бил и ќе остане за довека, без разлика како некои милуваат да го филуваат.
Спремањето пак на кураишите насилно да “повратат“ земја која пред стотици години исто така од христијаните насилно ја зграбиле, ниеден нормален човек не би требало да зачуди, бидејќи тоа е типичниот дух на таа идологија од самиот нејзин почеток. .:(


.
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
.
"Руската црква го поддржува Путин "​
Една недела пред изборите во русија, рускиот патријар Кирил го поддржува Владимир Путин и отворено кажува дека во него гаи надеж дека ќе ги заштити христијаните во земјите кадешто се угнетувани, а истовремено ќе ја зачува русија од силите кои сакаат да дојдат на власт и на кои конзумот им е најважното ...​





.

.

sto znaes ti za kurejskata tradicija ?
...

i dali na vistinskiot muhamed bog mu dal kniga kuran?

zarem imame vistinski i lazen ? :pos:
.
Вистинскиот Св. Мухамед имаше послание до Арапите, со коешто кураишите неможеја да се помират поради љубомората кон евреите и затоа тоа консеквентно го уништуваа (палеа)!

Денешниот куран е верзијата на утман, кој што бил еден од најжестоките противници и фалсификатори на вистинскиот Св. Мухамед и познат како најревен уништувач на оригиналното послание до Арапите!

Нивната (кураишка) цел е духовна и политичка доминација врз евреите и целиот свет!


п.с. Првата мисија на Св. Павле - одкако беше повикан од Милоста БОЖЈА - не беше случајно исто така до Исмаилитите во Арабија, за кои 6 столетија после Христос беше испратен и вистинскиот Св. Мухамед да ги повика кон Евангелието на Милоста БОЖЈА!


.


.

.


.
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
"Демократијата во служба на религијата"​
Парламентарните избори во Иран покажуваат како демократијата може да биде манипулирана од религијата.​
Во оваа земја на парламентарните демократски избори неможе секој да се кандидира. Пред се’ не оние кои не сакаат потполно да подклекнат на режимот и неговата идеологија ...​
Реформаторските партии и движења повикуваат на бојкот ...​






.

i samo tolku imas da ni kazis za vistinskiot muhamed,
Не, но не сте спремни нити толку да прифатите и носите, како би сте поднеле повеќе?

Кога ќе се ослободите од јаремот и квасецот кураишки, но истовремено ќе останете во вера на ЕДИНСТВЕНИОТ, тогаш автоматски ќе почне да ви се отвара Вистината!


Што се работи за вистинскиот Св. Мухамед, тој бил женет само со една единствена жена, не убил никого, не прогонувал никого, не водел војни ... никогаш не се нарекувал како БОЖЈИ пратеник нити се израмнувал со прачистата Инкарнација на Мудроста БОЖЈА - Исус Христос -, туку се наречувал (како и сите вистински Светци) само еден нејзин слуга!


pa togas zasto ne veruvate deka muhamed e pratenik bozji ?
zboruvam od hristijanski gledna strana/
da recete nie go priznavame muhamed deka e posleden verovesnik bozji, ...


.

Тогаш би верувале во лагата на љубоморните кураиши, бидејќи Мудроста БОЖЈА (Која што ЕДИНСТВЕНИОТ за спасение на сите ја отелотвори во Исус Христос) е вистински последниот, кој беше и пак ќе дојде!

Лека ноќ и Мирот БОЖЈИ нека е над сите

Амин

,
 
Член од
28 ноември 2011
Мислења
246
Поени од реакции
106
Реакција на шејх Јусуф Естес по повод „Античката библија“ откриена во Турција




Низ медиумите во поглед на новопронајденетиот „спис“ е објавен текст со следна содржина:
„Во една верзија од евангелието , кажано е дека тој му вели на свештеникот: „Како ќе се вика Месијата? Мухаммед е неговото благословено име, а во друго, Исус негира дека е Месија, и твди дека тој или таа треба да е Ишмаелит, термин користен за арапи“, тој додал.(Агенции)

Јусуф Естес[1] одржал говоркој се однесува за таканаречена „древна библија“ која докажува дека Мухаммед е Месијата- а се наоѓа во Турција, итн, итн..
Во името на Аллах Милостивиот Сомилосниот , нека е салават и селам на Мухамемд саллалалху алејхи ве селем...
Тоа што го наоѓаме во овие ограничени стихови што ги имаме добиено од страна на медиумите нема сомнеж дека ова е фабрикувано – целта е дискредитирање на Исламот и муслиманите.
Планот е како изгледа да сите муслиманисе возбудат , да сето ова го промовираат по Фејсбук и разни форуми, за едино да добијат одговор од некои „експерти“ кои ќе докажат дека целава работа е невистинита и фалсикувана. Ова ја разорува вистинската „дава“(повик) на исламот, ги прави муслиманите да изгледаат „глупаво“ и во очите на младината уште повеќе да предизвика оддалечување од Аллах.
Да дадам краток осврт на тоа што е досега собрано и верифицирано, иншаАллах:
Да започнам, приметете дека тврдењето -„Месијата“ ќе се вика Мухаммед (нека е Божји мир врз него)?
Ова е проблем.
Куранот јасно кажува дека Исус е Месијата (што значи „помазаник“, преведено од старогрчки како„христос“ и на англиски(македонски) како „христос“ .)- (повеќе на овој линк)
Мухаммед , нека е Божјиот мир врз него, од страна на Аллах во Куранот се нарекува „Ресул“(Пратеник) а не Месија.
Следна поента – кажува, „Мухаммед е неговото благословено име..“
Повторно ова му контрира на Куранот. Јасно е дека во поглавјето Ес Сафф, стих 6-ти, Аллах вели дека Исус а.с. кажал „Хува исмаху Ахмед“( Неговото име ќе биде Ахмед), но не и Мухаммед.
Ова е различна форма на неговото име , и едно од имињата за кое се сложуваме .
Како и да е погрешно е- бидејќи Аллах не кажал дека Исус ќе го користи името „Мухаммед“.
Следна поента: „Исус негирал дека е Месија???“
Сите муслимани знаат дека Иса а.с. бил и е – Месијата на Аллах.
Така е наречен во Куранот.
Друга поента„..ќе тврди дека тој или таа..“
Од кога било која од прифатените списи содржи референца за пратеникот или гласникот на Аллах?(никогаш)
„Месијата“ од Стариот Завет се однесува на машко бебе родено од девица на Хебрејски и зборот е во машки род, а не женски.
Па како би можело пророштвото во Стариот завет, пророштвото во Новиот завет, и исполнувањето на Последниот Завет(Куранот), сите да бидат погрешни во поглед на полот на „Месијата“?
Зарем преведувачите незнаеле Арапски, хебрејски, Арамејски јазици?
Значи воопшто не бил доведен под прашање полот на „Месијата“
Само еден стих укажува дека некој се играл со списите, затоа што неможет истите да содржат толку очигледна контрадикторност.
Книгата неможе сериозно да се смета некое античко откритие, освен како антички отпад.



Шејх Јусуф Естес
Islamnewsroom

www.povikkonvistinata.org


[1] Јусуф Естес(род.1944) е американски муслимански предавач и учител кој конвертирал во ислам 1991. Од 1962 до 1991 активно се занимавал како црковнен музичар и евангелистички проповедник. Сега врши исламска евангелизација или Давах и активно се занимава со повик во исламот преку медиуми и други благородни цели.
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
.

“Вестервеле бара ослободување на Јусуф Надархани“​
“Менувањето на религијата не е злосторство и луѓето кои тоа го прават не треба да се затвараат“ - изјави германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле.
Тој енергично се заложува за ослободувањето на иранецот Јусуф Надархани, кој одкако ја прифати верата Христова беше затворен од страна на иранските власти. ...​

http://www.dradio.de/kulturnachrichten/2012022614/7/









.






Реакција на шејх Јусуф Естес по повод „Античката библија“ откриена во Турција




Низ медиумите во поглед на новопронајденетиот „спис“ е објавен текст со следна содржина:
„Во една верзија од евангелието , кажано е дека тој му вели на свештеникот: „Како ќе се вика Месијата? Мухаммед е неговото благословено име, а во друго, Исус негира дека е Месија, и твди дека тој или таа треба да е Ишмаелит, термин користен за арапи“, тој додал.(Агенции)

Јусуф Естес[1] одржал говоркој се однесува за таканаречена „древна библија“ која докажува дека Мухаммед е Месијата- а се наоѓа во Турција, итн, итн.....

.

Ајде сега воздржисе и непукни од смеа. :ROFLMAO:

А бе не од авион, не од месец, ... од секаде човек може да ја види прозирноста на кураишките следбеници, кои поради тешкиот камен кој им е пред очи и околу врат, самите не можат да ја видат!


Господ нека им даде се’ што е најубаво :)

Амин

.

.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Археолозите тврдат дека нашле коски од Исус

Отриени ли се Исусови остатоци во гробница во Ерусалим или е само скапа археолошка манипулација? Библиографот Џејмс Табор и познатиот режисер на документарни филмови Симча Јакобовичи тврдат дека во една древна Ерусалимска гробница, покрај тоа што откриле неколку саркофази кои датираат од првиот век, пронашле и посмртни остатоци од Исус и неговото семејтво.

Нивното истражување започнало откако добиле дозвола од израелските власти да отворат дупка на крипта со помош на рака-робот. На неа поставиле камера со чија помош откриле неколку саркофази кои биле изработени од креч. Гробницата во која се откриени контроверзните саркофази датира од седумдесетите години по Христос, а оддалечена 60 километри од локацијата која дотогаш била препознатлива како семејната гробница на Исус.

Ваквиот расплет на состојбата би можел да ја фрли на колена верата стара два милениума. Многу теолози и археолози оваа теорија ја отфрлиле како невистинита.

http://www.sitel.com.mk/dnevnik/svet/arheolozite-tvrdat-deka-nashle-koski-od-isus
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
.





"Специјален статус за Христијански симболи"​
Швајцарскиот национален совет прифати со 87:75 гласови една парламентарна иницијатива, каде што се бара христијанските симболи да имаат специјален статус во употребата на јавниот живот.​
Оваа иницијатива ја пласираше парламентарката Ида Гланцман (христ/народна партија) одкако во последно време насилно беа одстранувани христијански симболи.​
Ваквите обиди во иднина ќе бидат противуставни, ...​









...
ako ti navistina veruvas vo sveti muhamed, togas navistina zosto hristijanite go negiraat na vistinskiot sveti muhamed, daj objasniim na site hristijani da veruvaat vo sveti muhamed, kako sto ti tvrdis.. dali oni ke se slozat so vas.:pos:



.

Затоа што лажно го преставувате, му препишувате работи кои никогаш не ги рекол нити ги сторил, ... прекумерно обожавате книга која е инфицирана со љубоморниот квасец кураишки и се противи на Совршениот БОГ во Името и Срцето Исусово!!

Денот доаѓа кога сите ќе ја увидат и ќе се поклонат на Совршената Вистина, чиј центар е Духот и Мудроста БОЖЈА во Христа, а не камен, слика, склуптура, ... кон која се поклонуваат самопрогласените!

Денот на Радоста доаѓа!


.


Археолозите тврдат дека нашле коски од Исус

Отриени ли се Исусови остатоци во гробница во Ерусалим или е само скапа археолошка манипулација? Библиографот Џејмс Табор и познатиот режисер на документарни филмови Симча Јакобовичи тврдат дек...


Оваа антихристијанска (дез) информацја веќе ја имавме минатата недела! .:D


.
"Jacobovici Simcha овојпат ги најде коските на Апостолите и евентуално дури и Исусовите"​
Бившиот претседател на конгресот на еврејските студенти - Jacobovici Simcha - не престанува со сензационални “пронајдувања“!​
Одкако пред извесно време објави дека ги “нашол“ клинците со кои бил закован Исус, тој деновиве се огласи со нов “сензационален пронајдок“: гробот со коските на Исусовите први следбеници, а можеби - како што нагласуваат од неговиот табор - дури и со посмртните останки на Исус!​
.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Член од
14 август 2006
Мислења
45.262
Поени од реакции
84.360
Во напад врз христијански села во Нигерија убиени 16 луѓе


Полицијата соопшти дека 16 луѓе се убиени откако сточари од северниот, претежно муслимански дел на Нигерија нападнале неколку христијански села во централниот дел од државата, во најновиот од низата судири за земја.
Портпарол на полицијата изјави синоќа дека убиствата се случиле во неделата наутро во северниот дел од државата Бенуе. Тој додаде дека сточари од Хауса Фуланија запалиле куќи во христијански села.
Поради слични судири околу 5.000 луѓе се отселија од државата Бенуе во декември минатата година.
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
.


“Против радикалните десничари“​
Во германија одкако (од страна на радикалните десничари) едно заплашувачко писмо беше упатено на една еврејска и две муслимански заедници, христијаните (католоците и евангелистите), евреите и муслиманите се здружија со цел да се бранат. За таа цел е формиран интеррелигиозниот центар Tempelhofer Feld.

.

Pa ne znaes deka za niv ne se voopsto bitni Muslimanskite zrtvi ?
....
.

Секоја жртва е премногу, без разлика од која нација, традиција, деноминација, ... потекнува таа!


Пред да почне војната во бивша југославија, еден човек кој и’ припаѓа и ја величи кураишката традиција со една известна радост во очите се фалеше дека морало да тече крв за да било на свадбата повесело! .:(

Кога го слушнав тоа, веднаш знаев од кого е тој така инфициран и дека самиот не е свестен за сопствената инфекција!

Одкако почна да се лее крв и крвожедниот младиќ (и компанија) направија тоа што направија, насмевката му одмина, а јас не сакав (и не сакам) да го подсетувам на неговите глупави верувања! :(




.
abe muslimani imat mnogu pa neka umiraat,, ne se bitni mnogu nivnite zivoti.,, ... .

.

Христијани има уште повеќе, затоа ли нивните животи треба уште помалку да се вредни? .:(




Верувањата и ревнувањата во кои се смета за светиња да се жртвуваат своите животи и животите на сопствените деца, воопшто не потекнуваат од чистиот Извор!


Без разика кој религија го прави тоа!


.
 
M

Muranyi

Гостин
Мажите во Авганистан добија дозвола да си ги тепаат жените




И додека целиот свет го прославува празникот на жената во духот на нејзината еманципација и рамноправност, авганистанските жени ги враќаат еден чекор наназад со законското дозволување нивните мажи да ги тепаат.
Оваа одлука ја донесе претседателот на Авганистан, Хамид Карзаи, кој пред два дена го стави својот потпис на документот на Советот на улемите. Со тој документ на мажите во Авганистан им се дозволува во одредени ситуации да кренат рака на својата жена. Според претседателот Карзаи, новите правила се во согласност со исламските закони и биле донесени заедно со авганистанските групи за правата на жените.
Според Кодексот на однесување, жените не смеат да патуваат без машка придружба и не треба да контактираат со мажи во училиштата, пазарите или на други јавни места. Тепањето на сопругите е забрането единствено ако нема причина која е базирана на исламските закони.
Колку и да си мислиме дека сме цивилизирани и рамноправни, секогаш постои нешто што ќе го докаже спротивното. И додека денес една жена се радува на подарената роза од сопругот, друга ќе се плаши дали тој повторно ќе удри, а законот нема да ја заштити.
извор:http://www.bezpardon.mk/mazhite-vo-avganistan-dobija-dozvola-da-si-gi-tepaat-zhenite/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=mazhite-vo-avganistan-dobija-dozvola-da-si-gi-tepaat-zhenite
 
Член од
23 декември 2011
Мислења
980
Поени од реакции
1.365
M

Muranyi

Гостин
„Дискриминаторска комедија“ околу делото на Данте Алигиери

Прочуеното дело на Данте Алигиери, „Божествена комедија“, би можело наскоро да биде исфрлено од училишните програми ширум светот, на барање на организацијата „Геруш 92“ (Gherush92), која се бори за заштита на човечките права, пренесува Дејли телеграф

„Делото на Данте е навредливо и дискриминаторско и неговото место не е во денешните училишни програми“, изјавила за Дејли телеграф Валентина Серени, претседателка на организацијата „Геруш 92“, која соработува со САД во областа на човечките права и дискриминацијата.

Според нејзините зборови, Данте, покрај другото, исламот го прикажува во еретичко светло, а Евреите ги опишува како алчни луѓе.

Уште една од проблематичните точки, според мислењето на оваа организација е описот на хомосексуалноста како неприродна појава. Серени потсетува дека во делото на Данте, хомосексуалците, како и останатите содомисти, ги чека вечниот огнен дожд во пеколот.

„Ние не заговараме цензурирање на книгата ниту нејзино палење, но сакаме да се земе во предвид дека ‘Божествената комедија' е отворено расистичко, исламофобично и антисемитско дело“, додава претседателката на организацијата.

Од групата „Геруш 92“ објаснуваат дека учениците најчесто не го познаваат доволно историскиот контекст, туку само слепо ги примаат дискриминаторските информации. Затоа тие предлагаат „Божествената комедија“ да се исфрли од училишните програми или да се посвети дополнително време за објаснување на „проблематичните“ делови.

Меѓутоа, јавноста во Италија на оваа вест реагирала со негодување. Во одбрана на прочуениот писател застанале бројни културни организации, актери кои играат во бројни театарски претсатави според делото на Данте, па дури и некои организации за заштита на правата на хомосексуалците.

Франко Грилини, претседател на организацијата која ги штити правата на хомосексуалците „Гејнет“, изјавил дека забраната на „Божествената комедија” е „претерано политички коректен потег”.

Џорџо Рембадо, претседателот на Здружението на учители на Италија, смета дека е погрешно делото на Данте да се оценува според критериумите на денешницата.

„Литературните дела мораат да бидат сместени во одреден историски контекст”, изјавил Рембардо, додавајќи дека елиминирањето на делото на Данте Алигиери од училишните програми е бесмислен потег.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.262
Поени од реакции
84.360
Да се урнат сите цркви на Арапскиот Полуостров!

Големиот муфтија на Саудиска Арабија бара да се урнат христијанските храмови.
Големиот муфтија на Саудиска Арабија изјави дека сите цркви на Арапскиот Полуостров треба да се урнат. Неговата изјава предизвика бес меѓу христијаните низ Блискиот Исток.

Големиот муфтија шеикот Абдул Азиз бин Абдула ја даде контроверзната изјава како одговор на прашањето на претставник на кувајтски невладини здруженија. Кувајтски парламентарец во февруари побара забрана за изградба на нови цркви, но до сега не доби поддршка од мнозинството застапници за тој предлог. Невладината организација Друштво за оживување на исламското наследство го праша големиот муфтија што велат исламските закони по тоа прашање.

Големиот муфтија, кој е највисок функционер на исламската религија во Саудиска Арабија, го цитираше пророкот Мухамед во делот дека на Арапскиот Полуостров може да постои само една религија. Потоа дојде до заклучок дека е важно за Кувајт, кој е дел од Арапскиот Полуостров, да ги уништи сите цркви на своја територија, пишува РТ.

Кувајтскиот застапник Осама ал-Мунавар на „Твитер“ во февруари напиша дека планира да предложи закон според кој би се урнале сите цркви во државата. Но, подоцна се откажа од таквиот радикален предлог, и кажа дека постојните цркви може да останат, но дека треба да се забрани изградба на сите свети објекти, освен оние муслиманските.

Друг застапник го поддржа и го изнесе аргумент дека во Кувајт има премногу цркви во однос на бројот на христијани. Во Саудиска Арабија сите религии освен исламот се забранети и не постојат цркви, иако на малото малцинство христијани теоретски им е дозволено дејствување и практикување на религијата во својот дом.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.262
Поени од реакции
84.360
Христијаните се почесто прогонувани во муслиманскиот свет




Објавени имиња на затворените христијани во Иран


Лицата кои од ислам конвертирале во христијанство во Иран се соочуваат со двојно повеќе закани и притисоци од страна на исламската република, пренесе иранската христијанска новинска агенција „Mohabat News“
Според „Mohabat News“ во Иран ситуацијата на религиските малцинства е влошена – и оние религиски малцинства чии права се признаени во Уставот (меѓу кои Еврете и Христијаните) се подложени на дискриминација. Затворите низ целата земја се преполни со луѓе кои се држат зад решетки и далеку од своите сакани само поради тоа што се дисиденти.

Во 2011 година пораснал бројот на апсења, притворања и притисокот врз оние кои ќе се одвратат од исламот и ќе ја прифатат христијанската верата.

Во текот на минатата година, притисокот врз христијанските преобратеници продолжи до тој степен што покрај врз црквите, на удар се најдоа свештените лица кои мораше да се откажат од својата мисија по наредба од страна на безбедносните власти.

Со тоа, тие се надеваа дека можат да ги спречат луѓето или христијански преобратеници да одат во цркви. Бранот на повикувањето и апсењата значително се зголеми по Божиќ и Нова Година.

Нападите по Божиќ беа втората фаза на притисок врз христијаните. Тие беа по наредба на врховниот лидер, Али Камнеи, кој даде зелено светло за справување со било каков вид на различни размислување, освен исламски принципи.

Очигледно е дека нема слободни медиуми во Исламската Република. Така, овие акции кои се финансиски поддржани од страна на службите за разузнавање и Револуционерната гарда кои длабоко влијаат на судскиот и владејачкиот систем и начинот на кој тие ги третираат христијаните.

Најзагрижувачки е фактот што ниту една организаци или судски орган нема право да ги чуе нивните жалби.

„Mohabat News“ објави имиња на лица кои се преобратени од муслимани во христијани, а кои беа уапсени во текот на последната персиска година, во согласност со документираните извештаи.


Северен Иран

На14 -ти март 2011 година, на патот од Саламас до селото наречено Бороушкаран, Салех Јахангирзадех, Хамид Најафи заедно со неговата сопруга, Махар Најафи беа уапсени од страна на безбедносните органи кога отишле во таа област на одмор по повод Новата Персиска година.



Техеран

Abbas Sarjalou-Nejad - беше уапсен вечерта на 1-ви април 2011 година. Голем број на разузнувачи во цивилна облека го нападнаа неговиот дом, го уапсија и префлија на непозната локација. Агентите го испрашуваа, брутално го претепаа и вршеа тортура врз него.

Ms. Mitra Zahmati - беше уапсена и префрлена во затворот Евин во 2009 година. Потоа таа беше сместена во општото одделение од затворот. Судот ја осуди на две ипол години затвор, а казната беше потврдена од Врховниот суд. Во моментов се наоѓа на издржување затворска казна во истиот затвор.

Ms. Maryam Jalili - беше уапсена во текот на летото 2011 година. Таа помина некое време во самица во одделението од озлогласениот затвор Евин. Беше осудена на казна од две ипол години затвор.

Ms. Shahla Rahmati - беше уапсна на 9-ти март 2011 година, а подоцна на 17 ноември беше осудена на две ипол годии затвор поради членство во нелегална група. Оваа пресуда беше разгледана од страна на Врховниот суд и таа беше ослободена од сите обвиненија. Беше ослободена на 20-ти декември, по 287 дена минати во притвор.

Ms. Leila Mohammadi - 30 годишната христијанка беше уапсена на 30-ти јули 2011 година во источниот дел на Техеран од страна на голем број на агенти. По 5 месеци притвор во затворот Евин, таа беше осудена на двеипол години затвор

Mr. Parviz G - беше повикан од страна на безбедносните органи поради евангелските активности на неговата сопруга, а потоа беше уапсен. Беше ослободен три дена по сослушувањето.

Ms. Fatemeh Nour - беше уапсена од страна на безбедносните агенти во септември во источниот дел на Техеран, по што беше префрлена во затворот Евин. Таа беше и студентка по уметност која беше лишена од своето понатамошно образование.

Mr. Massis Moussian - однесен од своето работно место од страна на безбедносните власти на 8-ми февруари 2012 година.

http://kurir.mk/svet/vesti/66158-Objaveni-iminja-na-zatvorenite-hristijani-vo-Iran

Гледаме дека Иран не се ништо подобри од Саудијска Арабија, кога станува збор за прогонот на Христијаните.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom