Kassandra

Член од
14 април 2007
Мислења
1.812
Поени од реакции
1.047
Кога ја даваа Касандра се сеќавам дека бев забавиште, тогаш не сум знаел ни да читам, само сликички гледав.Се сеќавам имавме долги коцки демек нешто како ножови.Па ајде ќе фатиме некој девојче,двајца ја држат на ѕидот а еден мава со коцки по неа.:tapp:

Дури и сега се потсетуваме со другарите за тие случки.
 

ITK

Член од
10 октомври 2008
Мислења
1.107
Поени од реакции
51
Ги имам сите епизоди, од време на време знаат да се соберат баба ми и цел комшилук за да ја гледаат :pos2: ако ја сака некој, по пп! :vozbud:
 
Член од
23 август 2008
Мислења
1.755
Поени од реакции
264
Ах Касандра Касандра... уште си ги чувам сликичките:)
Кога ја даваа Касандра јас бев во забавиште и уште не знаев да читам па затоа ја мачев мајка ми и пола комшилук да ми читаат и тоа на смени..до првите реклами чита мајка ми ,после чита некоја комшивка , па после ќе си почнат они муабет да си прават па ќе нема кој да ми чита и ќе си гледав слики само :pos2:
Памтам и во школо со децата само за тоа зборевме дури и учителката не прашуваше Гледавте ли вчера Касандра па ние сите Дааа..па муабети муабетииии...
Ех што се би дала да се врати тоа време:pipi:
 
Член од
14 јануари 2009
Мислења
359
Поени од реакции
21
:je::je:Јас не ја гледааааааааав, шалалалалааааааааааа.:je::je:

Сеуште одев на забавиште во тоа време, а мајка ми за среќа, од старт ја замрази таа серија и мене ми ја опишуваше со добро познатата реченица „Не е за деца„.

Секогаш кога одеше серијата, моите гледаа вести а јас се бавев со бојанки, буквари, предучилишни математички вежбанки, а кога ќе завршеа вестите, фамилијарно си гледавме некоја семејна комедија, или пак ќе ме пуштее да си играм на Нинтендото. А помеѓу другарите, на прераскажувањето епизоди и лудориите инспирирано од серијата само сеир си фаќав. Во секој случај, доаѓаа до една точка кога ќе им здосади и ќе смислат нешто во кое можам да се вклучам.

Нормално по неа следеа Другата во мене, Марисол, Росалинда кои имав можност барем да ги ѕирнам, и ми беше лесно на душата што не сум си го замарал мозочето со работи со кои би се бавел по пензионирање.
 
S

StereoLove

Гостин
Хехехех старите добри времиња:)

Се секавам дека кога ја даваа, по улиците немаше ни куче да се сврти а не па човек.Сите ја гледаа од мали до големи.
Па дури и кога се рагаше некое бебе ги зафати манијата родителите да ги крстат по ликовите од серијата.
Се секавам имаше и сликички од гуми за џвакање,венчиња во стилот на оние кои ги носеше Касандра.Абе нема што немаше.:)
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Кога ја даваа Касандра се сеќавам дека бев забавиште, тогаш не сум знаел ни да читам, само сликички гледав.Се сеќавам имавме долги коцки демек нешто како ножови.Па ајде ќе фатиме некој девојче,двајца ја држат на ѕидот а еден мава со коцки по неа.:tapp:

Дури и сега се потсетуваме со другарите за тие случки.
Хахаха, кај нас во школо, едно од девојчињата ќе застанеше на табла, а машките маваа со креди. Колку пати по грешка ќе ме опалеа со креда...:icon_lol:

Иначе Касандра е КЛАСИКА бре! :pos2:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: VLJ

Македонеро

Домаќин
Член од
15 декември 2008
Мислења
3.483
Поени од реакции
1.854
Прва шпанска сапуница,него имаше во Македонија дочек Кораима Торес како кралица.:tapp:
 

~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
ехее Касандра малку ептен малку се сеќавам на неа. не знам што се работеше ни пак што се работи само знам кога таа играше надвор беше штама :toe: и дома не смеев да зборнам. јас се чудев што се случува али јбг :toe: ама сепак прва шпанска серија беше..........чудо светско чудо :nesum: и да, ми текна мама и баба обавезно порано идеа од работа една од ваму друга од таму за да ја зафатат. и после другата ден тема на разговор вчера вечер шо се случило на Касандра и што ќе и се случи утре вечер :uvo:
 
Член од
11 ноември 2009
Мислења
2.809
Поени од реакции
2.631
како бре не се сеќаваме на Касандричка баби да ја мочат
ах тоа беа времиња...
 
Д

ДаркхарТ

Гостин
Аууу во екот на популарноста на серијава мајка ми беше во болница ја правеа операција. Кога си дојде кажуваше дека болничарките за времетраењето на епизодата ги носеле пациентите во некоја соба за да ја гледаат.
Јас бев прво одделение кога ја даваа и редовно ја следев, со неа се научив да читам. Сестра ми пак имаше една наставничка која во текот на целиот час им ја раскажувала епизодата што следува откако ќе ја прочитала во весник. Интересни времиња беа тоа.
 
Член од
6 декември 2009
Мислења
235
Поени од реакции
18
Ги глеам луѓево периодов од како почна Шехерезад...ги имаат истите знаци и симптоми на зависност и глупаво величење на серија како што правевме порано на Касандра. Но Касандра беше прва и оправдано беше тогаш... Интересна ми беше и мене и се фурав со еден куп менѓуши наредени на чело дека сум она :) :kesa:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom