- Член од
- 31 мај 2011
- Мислења
- 1.424
- Поени од реакции
- 789
Проект на руски тајкун кој се граничи со научната фантастика би требало да ги направи луѓето бесмртни вградувајќи човечки мозоци во роботи.
31-годишниот Дмитриј Итсков, основач на компанијата New Media Stars, планира за десетина години во роботите да всадува човечки мозоци и да ги направи бесмртни. „Овој проект води кон бесмртноста. Луѓето кои ќе имаат совршен аватар ќе можат засекогаш да останат дел од општеството. Луѓето не сакаат да умрат“, вели Итсков.
Проектот на рускиот тајкун е стартуван пред една година, а неодамна е претставен на футуристичката конференција Global Future 2045 во Москва. На проектот работа 30 истражувачи.
Како би требало да функционира сето ова?
Во наредните неколку години, Итсков планира да развие роботи кои луѓето би можеле да ги движат со својот ум. За 10 години, тој очекува дека човечкиот ум би можел да се пресадува во роботите. Потоа, намерата му е да ги заобиколи хируршките решенија и да ја пресели содржината на човечкиот мозок во вештачки роботски мозок. Конечно, за 30 години, Русот планира да развие холограмски тела кои ќе ја содржат човечката свест.
„Холограмите имаат бројни предности, можат да одат низ ѕидови и да се движат со брзина на светлината. Тоа е навистина возбудувачки“, вели Итсков.
Колку од ова е реално изводливо?
Реален футурист или фантазер со вишок пари за трошење? Итсков признава дека планот е премногу амбициозен и вели: „разбирам дека ова се големи предизвици за научниците. Но, доколку во нешто вложите енергија и време, тоа и ќе можете да го остварите. Моментално, идејата се чини радикална, но нема засекогаш да биде така“, вели Итсков.
Видео:
Превземено од: www.kajgana.com