Хептаграм XI
Ἱερὸς Γάμος
- Член од
- 13 февруари 2010
- Мислења
- 12.319
- Поени од реакции
- 12.336
- Локација
- Македонија
- Веб-сајт
- heptagramxi.wordpress.com
Бате ти некоја автентична кабала да не изучуваш односно тајна. Во времето до 16 век така ја криеле кабалата, сега постои "отворена кабала" и секој кој сака да ја изучува има можност и достапна е и преку нет. Имаш и бесплатни онлајн предавања. Филозофијата е 60% извадок од кабалата и 40% како јас ја гледам и разбирам. Не ми одговори претходно каде ја изучуваш ти кабалата? Кој е твојот ментор?
Мојот веќе го открив самиот јас, дај кажи нешто и за твојот можеби има повеќе информаци... Или не се открива преку нет?
Немам ментор... имам ментори... браќа и сестри кои ме упатуваат во тајните на практичната кабала. Сакаш нивни имиња?
Се што има на нет и по книги во врска со кабала, се лушпи, клифоти кажано на јазикот на рабините, ништо суштинско освен мало запознавање со тематиката... Тоа е закон и никој не го прекршил до сега. Така да, бате, разгледај си ги ти опциите што ги има по нет и „бесплатните предавања“ по нет

Како може некој да ти го предаде неговото искуство, да го нуди својот пат ако ти сам не го одиш својот пат и немаш пракса? Туѓите симболи ако немаат практична примена во твојот систем, добиваш само магловита слика на Дрвото на Животот за кое реков дека е почетокот и крајот за разбирање на работите.
Немој со тој став дека филозофијата е дел од кабалата... тоа веќе оди надвор од моето интересирање и сум против таквото тврдење.
П.С. Кабалата ја изучувам дома и во храмот

П.П.С. Што знаеш за Дрвото на Животот? Од кои автори се запозна со него?