....Едноставно ќе речам сите што сте верници имате поголеми гревови од атеистите, ...
Ми наликуваш на суфист, дали грешам? Сонцето, водата и воздухот немаат врска со фамилијата и социјалата, мешаш баби и жаби. Атеистите веруваат во правилата според моралните и правните норми. Тука спаѓаат гревовите, ако убие некој правната норма односно законот ќе го затвори, тука е стравот од затвор а не од бог и пекол. Исто така по извесен период можеби ќе покаже покајание према неговото семејство а не према бога, доколку свати дека направил грев и има грижата на совест тоа е морална норма..
Скоро секогаш се трудам да појдам од предпоставката дека другиот - иако е атеист - е поблиску до совршенството, а со тоа и дека има помалку гревови од мене и од сличните на мене.
Но, ако другиот навистина е поблиску до совршенството, е појќе свестен и има помалку гревови од мене, тогаш тој автоматски има и многу поголема причина да биде благодарен за тие прекрасни дарови и да Го Слави Името на Дарителот, како што тоа го учеше и покажа Исус! Така?
Исус не Го негираше нити се воздигна над Дарителот Небесен (Отецот), туку се даде себеси во служба на грешните и несвесните, но и во служба на оние неблагодарни луѓе кои (без вистинска причина) се сметаат себеси за посвестни и помалку грешни од другите!
Или можеби мисли некој од вас дека сонцето, земјата, водата, воздухот, лебот, ... мајчиното млеко, родителите, фамилијата, социјалата, свесноста, безгрешноста, совршеноста, ... е сопствена заслуга а не (пред се’) дар на Небесниот Цар?
Да, драги пријатели, јас потполно сум сигурен во фактот дека сите оние луѓе кои - наместо да благодарат и да Го слават - Го негираат БОГА, се’уште не се толку свестни и безгрешни колку самите себеси се сметаат дека се!
Поздрав до сите пријатели и непријатели. .
.
.
....Атеистите веруваат во правилата според моралните и правните норми. ...
Етичките, моралните и правните норми потекнуваат од законите и уставот на секоја држава и не се за сите исти, немаат врска со божјите заповеди, џабе ме убедуваш.Од каде потекнуваат етичките, моралните и правните норми?
Од каде потекнува свеста, подсвеста, совеста?
Од каде потекнува сонцето, земјата, водата, воздухот?
Кој е таткото на твојот татко, ...?
Кој е учителот на твојот учител, ...?
Имаат врска со Томас Мур.Потекнуваат од неговото дело „Утопија“; каде Томас Мур го објаснува поопширно тогашниот систем на казнување на крадците во Англија кој бил проповедан од нивната црква а тоа бил: бесилка или сечење глава.Интересна книга, треба да си ја прочита.Од овој човек потекнуваат денешните институции зошто идеалите на христијанската религија се изградени по принципот на Платон за вечните идеи.Авторот всушност дава критика на христијанската религија преку ова дело и прави споредба на христијанскиот систем со муслиманскиот систем на казнување на крадци (во Иран).И за чудо, во делото испаѓа дека христијаните биле поголеми варвари и од муслиманите.Инаку од Платон потекнува и тоталитаризмот; карактеристика што е типична за христијанската религија се до појавата на чумата.Етичките, моралните и правните норми потекнуваат од законите и уставот на секоја држава и не се за сите исти, немаат врска со божјите заповеди, џабе ме убедуваш.
Совеста и подсовеста и свеста потекнува од разумот на човекот и се развива.
За сонцето, земјата, водата, воздухот има научни документарки гледај ги нема да образложувам, само ќе појаснам ниеден доказ не покажува дека овие елементи потекнуваат од господ.
Имаат врска со Томас Мур.Потекнуваат од неговото дело „Утопија“; каде Томас Мур го објаснува поопширно тогашниот систем на казнување на крадците во Англија кој бил проповедан од нивната црква а тоа бил: бесилка или сечење глава.Интересна книга, треба да си ја прочита.Од овој човек потекнуваат денешните институции зошто идеалите на христијанската религија се изградени по принципот на Платон за вечните идеи.Авторот всушност дава критика на христијанската религија преку ова дело и прави споредба на христијанскиот систем со муслиманскиот систем на казнување на крадци (во Иран).И за чудо, во делото испаѓа дека христијаните биле поголеми варвари и од муслиманите.Инаку од Платон потекнува и тоталитаризмот; карактеристика што е типична за христијанската религија се до појавата на чумата.
.Етичките, моралните и правните норми потекнуваат од законите и уставот на секоја држава и не се за сите исти, немаат врска со божјите заповеди, џабе ме убедуваш.
Совеста и подсовеста и свеста потекнува од разумот на човекот и се развива.
За сонцето, земјата, водата, воздухот има научни документарки гледај ги нема да образложувам, само ќе појаснам ниеден доказ не покажува дека овие елементи потекнуваат од господ.
Работата е тоа што ти не си вистинскиот Исус, а сите христијани не ги следат неговите дела.Поентата е ти да ги следиш делата на Христос, тоа и ти заповедува религијата.Но, сите христијани не ги прават делата што ги правел Христос зошто човекот не е совршено суштество.Тоа ти го заповедуваат всушност учењата на св.Августин, творец на првата автобиографија во целиот свет и теоријата за дуализмот кој инаку бил следбеник и почитувач на Плотин и неговиот неоплатонизам еве да ти објаснам поопширно зошто во претходниот коментар не дообјаснив.Односно сето она што го претполага христијанската религија може да се претвори во вечни платонски идеи..
Е тука имаме чест сега да бидеме во најотменото антихристијанско друштво !
Вистинскиот Христос и Неговите вистински следбеници никогаш никого не угнетувале, не приморувале, не злоупотребувале, ... не казнувале со убиство или слично, за разлика од вашите духовни предци (грчко/римските волци под јагнешко руво)!
.Работата е тоа што ти не си вистинскиот Исус, а сите христијани не ги следат неговите дела.Поентата е ти да ги следиш делата на Христос, тоа и ти заповедува религијата.Но, сите христијани не ги прават делата што ги правел Христос зошто човекот не е совршено суштество. Тоа ти го заповедуваат всушност учењата на св.Августин, творец на првата автобиографија во целиот свет и теоријата за дуализмот
.Тоа ти го заповедуваат всушност учењата на св.Августин, творец на првата автобиографија во целиот свет и теоријата за дуализмот кој инаку бил следбеник и почитувач на Плотин и неговиот неоплатонизам еве да ти објаснам поопширно зошто во претходниот коментар не дообјаснив.Односно сето она што го претполага христијанската религија може да се претвори во вечни платонски идеи.
Друго, сигурен си дека во христијанската религија нема присуство на пагански божества?
Тука ние не разговараме за следбениците на Христос, туку разговараме за верниците.
Oд една проста причина, а таа е дека слободата е загрозена на планетава земја.Што мислите зошто?
.
Баш затоа Совршенството се појави во Христос, несовршенте и непросветлените да постанат вистински совршени и просветлени!
Негледањето и одбивањето на Совршенството носело, носи и ќе носи последици со себе, гледано од индивидуален и од колективен аспект. Болките, војните, патњите, катастрофите ... се тие коишто ќе ни ги отворат очите (и ушите) и (во добриот случај) ќе не’ преобразат според Ликот (образот) на Совршениот!
Што сега(?) се радувам можеби на негативното што ми/ни се случува? Сигурно не! Само укажувам на фактот дека Совршенството го трансформира дури и негативниот дуализам, интегрирајќиго во корист на позитивниот дуализам.
Или можеби навистина мислиш дека дуализмот е нешто лошо и треба потполно да се надмине? . .
Целта на развојот (еволуцијата) е паѓањето на егоистичките (индивидуални и колективни) крпи, во кои ние несовршените (повеќе или помалку) поради неверата сме завиени (смотани) и со тоа паѓање доаѓа до појавување (преобразувањето) на Ликот БОЖЈИ - Христос во нас - кој не’ создал во мајчина утроба, кој не’ гради, не’ лечи, не’ одржува ... иако сме такви какви што сме.
Надприродна е таа Љубов!
Чеда мои, за вас пак сум во породилни маки, додека Христос не се обликува во вас!
(од Новозаветните списи)
.
Се’држител (Allumfasser) !
Покрај секој респект ... се’ што има добро и вистинито Платон, Плотин, Августин, ... се’ што е добро и вистинито кај паганите и во безкрајниот универзум, се’ потекнува од Еден и Единствен Извор: Тоа е БОЖЈОТ Логос - Тој БОЖЈИ чудесен Збор!
Или мислиш дека е случајно потполно ист повикот кој што е упатен кон Св.Августин и Св. Мухамед?
Tolle lege(латински) = Iqra(арапски) = земи и читај(македонски)!
Јас гледам поголема разлика само во јазикот (формата) а не во суштината! .
Пријатна и благословена сабота
Зашто, се’ е од *Него, според *Него и за *Него.
Нему слава во вечни векови.
Амин!
(од Новозаветните списи)
.
Дали ти навистина мислиш дека несовршените според оваа мисла можат да станат совршени?Ај наброј колку пати досега си направил грешки и колку пати си барал да ти биде опростено.Според оваа мисла тебе ти е дозволено само еднаш да погрешиш.Зарем не гледаш дека ти како верник испаѓаш на крај поголем лицемер и од мене „грешникот“?Зарем ти со ова што го напиша не испаѓаш поголем грешник од мене и од сите атеисти тука?Или пак ти само еднаш си погрешил во животот.Баш затоа Совршенството се појави во Христос, несовршенте и непросветлените да постанат вистински совршени и просветлени!
Треба потполно да се надмине и е‘ навистина погрешна работа.Платонски обликувана теорија која на крајот се покажала како неуспешна.Човекот е несовршено суштество и поради тоа постојат тие институции денеска.Институциите не постојат поради црквата.Или можеби навистина мислиш дека дуализмот е нешто лошо и треба потполно да се надмине? . .
Гледам колку ги отвори очите последниве две илјади години.Сеуште се водат војни и страдаат невини.Две најголеми религии кои проповедаат мир и слобода а на крајот самите тие ги кршат тие нивни проповедања.Негледањето и одбивањето на Совршенството носело, носи и ќе носи последици со себе, гледано од индивидуален и од колективен аспект. Болките, војните, патњите, катастрофите ... се тие коишто ќе ни ги отворат очите (и ушите) и (во добриот случај) ќе не’ преобразат според Ликот (образот) на Совршениот!
Не бе онака си прашувам чисто информативно од друга перспектива да добијам поглед.Ако мислиш дека е грев тогаш, ДА грев е .... Мислиш дека Господ ке ти се налути ако не веруваш во него? Ако имаш потреба, ако сакаш да веруваш, ако тоа на некој начин ти помага верувај во Него.... А доколку не веруваш никој ништо нема да ти направи, па дури ни Господ xD Работата е до тебе и до твојата потсвест
Не бе онака си прашувам чисто информативно од друга перспектива да добијам поглед.Па тогаш зошто темава? Ако сам за себе си гледаш ти немаш потреба да дознаеш дали е грев или не е грев.
Еве да речеме ти си атеист. Значи самото прашање дали ти сакаш да дознаеш дали ќе одиш во пеколот е апсурдно, бидејќи во твоето гледање на работите не постои нешто такво како пеколот. Исто и со другите религии/верувања/неверувања.
Не знам брат најлесно за некој или нешто е да се каже дека е глуп.Колку е глуп само насловот на темава...
Па ако не веруваш следствено, да не кажам автоматски, таквите работи за тебе се .
Насловот (размислувањево) е глуп исто како да кажеш "ке ме измокри ли дождот ако не излезам од дома".
Come to the dark side we have cookiesГркоманче ? Немам ништо грчко во моите погледи, дури немам прочитано ниедно грчко филозофско дело. Моето сфаќање за Бог е од моите човечки сетила и мозок кои ми се дадени од Него додека твоите се од една глупава книга која ти го полни мозокот со ѓубре и мислиш дека си многу паметен и религиозен а притоа мозокот не го користиш ни 2%. Гледам нешто многу си јак со црвениве букви, дали лично си го слушнал Христос или и веруваш на 2000 год. старата Библија која била минимум 100 пати преправана? Да, мојот Бог е арогантен и егоистички гад, наречи го како сакаш но барем не е лицемер како твојот кој оправдува педофилија и го уназадува човештвото. Мојот Бог нема да те прати во пеколот ако го наречеш гад и во никој случај нема да ти вети мед и млеко по смртта доколку си побожен. Нашата дискусија ќе заврши овде затоа што со твојот памет си далеку под мојот и вака само се спуштам на твоето бедно ниво. Поздрав и не ме цитирај
--- надополнето: 25 февруари 2012 во 16:18 ---
Јас сум неверник според догматските верници кои го форсираат глупавиот идеал за Господ/Алах но верувам во виша сила која ја нарекувам Бог, и не се потресувам како дотичниов доколку некој не ги дели моите ставови туку се нервирам кога некој се обидува да ми ги наметне. Работава е „come to the "light" side or die“
Ова некако не ти е на место што имаат врска грчките филизофи со бог?.
Море ти можеби навистина и самиот незнаеш дека си вонбрачно духовно чедо на грчките филозофи и филозофии?
.