jamajka
mode: Calm
- Член од
- 28 април 2007
- Мислења
- 19.499
- Поени од реакции
- 27.318
http://kajgana.com/sad-al-kaeda-saka-da-profitira-od-situacijata-vo-sirija
Прашање број еден, што е поразлична Сирија од Либија, Тунис, Мароко, Египет (Арапската пролет) каде што истите сили се бунтуваа и добија по конкретна подршка од западот. Интересна ми е цела ситуација, пак некако во центарот на настаните ми е Иран. Толку многу се збори негативно за Иран, а неговите против неговите непријатели се војува (Талибан, Садам, Ал Каеда). Неговите пријатели не добиваат воена интервенција, како и другите од Арапската пролет. Дали тоа го спремаат Иран да изигра некоја клучна улога во регионот? Дали најавите за Курдска држава во северен Ирак кажуваат дека турболенциите ќе се насочат кон север во Турција. Што и да е, атипичното однесување на САД во однос на ситуацијата во Сирија покажува некоја позадина, која по извесно време ќе исплива на површина.Белата куќа вчера вечер соопшти дека глобалната терористичка мрежа Ал Каеда се обидува да извлече корист од ситуацијата во Сирија, признавајќи дека тоа е една од причините поради кои Вашингтон не го разгледува прашањето на вооружување на противниците на сирискиот претседател Башар ал-Асад.
Портпаролот на американскиот претседател Барак Обама, Џим Карнеј, соопшти дека САД знае дека „Ал Каеда и другите екстремисти се обидуваат да извлечат полза од ситуацијата предизвикана од бруталната агресија на Асад спрема опозицијата“, Меѓутоа тој признава дека САД „немаат јасни сознанија во која мерка екстремистите соработуваат со сириската опозиција“.
„Нашиот став, не само од таа причина, е дека не е дојдено времето за дополнително милитизирање на ситуацијата во Сирија“, го цитира AFP портпаролот Карнеј.
Истовремено, американската државана секретарка Хилари Клинтон, гостувајќи во емисија на телевизиската мрежа CBS News, исто така, предупреди дека вооружувањето на сириската опозиција може да оди на рака на Ал Каеда и Хамѐс.
На 12-ти февруари, американскиот центар за следење исламистички интернет ресурси SITЕ соопшти дека лидерот на глобалната терористичка мрежа Ал Кaеда, Ама ал-Завагири во видео пораката „Напред сириски лавови“ го обвини сирискиот режим за злосторства над своите граѓани и ги пофалува оние коишто се побуниле против владата. Истовремено тој ги повика Сиријците да не им веруваат на Западот и на Турција.
Истовремено, весниците од американскиот медиумски концерн „McClatchy“, повикувајќи се на неименувани американски функционери, пишуваа дека ирачкиот огранок на Ал Каеда најверојатно е виновен за нападите со автомобили бомби извршени пред три седмици врз објектите на безбедносните сириски служби во вториот по големина град во Сирија, Алепо, во коишто загинаа најмалку 28 луѓе, а 235 беа ранети.
Сириските власти соопштија дека според начинот на кој се извршени самоубиствените напади од 23-ти декември во кои загинаа најмалку 30, а беа ранети 55 лица, најверојатно зад нив стои глобалната терористичка мрежа Ал-Каеда.
Претседателот Башар ал-Асад неколкупати досега предупреди за вмешаност на Ал Каеда во бунтот со кој се бара негово заминување од власта, а американските медиуми сега пишуваат дека тие тврдења може да добијат поткрепи со споменатите напади.