срценце мало , се растрвожи!!
Пиле, прашањата околу христијанството и различните толкувања на Исус постојат од самиот почеток. Уште во првите децении се појавија разни верзии на Исусовата вера. Дали бил човек или бог дали бил проповедник или син божји, дал тој бил очекуваниот месаја. Првите црквени отци критикувале разни ереси, разни поинакви видувања на верата. До денешен и ден тоа трае. Црква против црква, толкување против толкување...
Дека има несогласувања в самите евангелија увиделе уште кога биле напишани, али се до некој почеток на 19 век, не било здраво да се упушташ во истражувања, испитувања и критики на евангелијата ма и на цела библија. Имало периоди кога ради тоа се одело в зандани, на маки и во смрт.
Денес не е така. Плус, денес информациите се многу порисатни и подостапни и полесни за пребарување од колку порано. Замисли пред 20-30 години кога прв пат почнав да пребарувам литература околу евангелија, религии, немаше гугле, мозила, ни интернетот не постоеше овде а компјутерите ги користеа само програмерите. Па одиш во библиотека и имаш на една страна редици регистри со наредени книги по наслов а од друга страна по автор... а не знаеш ни кој автор ни по кој наслов... па моли тетката в библиотека да те пушти помеѓу рафтови пошто таму беа наредени и по теми.. па вади од индексите на книги користени автори и литератури и пак пребарувај... па за да најдеш некој податок низ книгата требаше да ја прочиташ цела. Денес укуцај само поимот што те интересира и оп еве ти резултати ни да се замараш цел текст да го знаеш ни да го читаш. За да се дојде до вистинската прикаска за Исус треба да се знае историјата на тоа време, односите во Јудеја, економската состојба, општествената поделеност, политички односи, услови на живот, дури и начин на размислување на еден евреин, римјанин. А тоа лежи запишано низ најразлични текстови и книги. Плиниј помладиот, кој напишал прекрасни писма и описи кои те оставаат без зборови, ми даде опис краток но значаен, за христијани во негово време... Такит кој напишал колосално дело за ромските цареви, и римското општество, спомена и христијани и каков став имаше просечен римјанин за нив, Флавиј, Евзибиј, Грант, Косидовски, Брандон, Мансон, Епштајн, Зеитлн, Елијаде, Апокрифни текстви, историчари, филозофи.. се тоа помага да се создаде слика на јудеја под римска власт, положбата н аевреите, на римјаните, на нижето и вишето свештенство, нивните погледи, очекувања, цели... за да се разбере зад прикаските на евангелијата која вистина се крие... вистината за Исус, престолонаследник на евреите кој загина во борба против Рим.