Кога некомпетентни луѓе ќе се соберат на едно место, кој филм излегува?
J.Edgar Hoover
Утнати шминки, досадно сценарио со нејасен фокус (слично како кај Benjamin Button, место да се фокусираат на битното, они тупат) и стварно не ми е јасно ова, ама ужасен артистички стил. Сфаќам дека периодов е од 1920-1960, ама тоа не значи дека треба да го направат филмот да изгледа како да е сниман во 30та година.
Ова можеби изгледа океј во кино, ама на телевизор кој е произведен 80 години подоцна, едноставно изгледа заморно за очи, недоволно детално и како да гледаш лоша кино снимка снимена со веб-камера. Морав да го завршам во 3 гледања, само заради ваквиот "избор" на артистички стил, па глава ме болеше после 30 минутно гледање.
Ме потсеќа на другиот тренд, овојпат во фотографијата, каде што користат Nikon D5000 и после милион ефекти во фотошоп за сликата да изгледа како да е направена со чкартен мобилен телефон. Кон многу глупи трендови се движи кинематографијата, имаме неверојатна технологија, а што добиваме од неа?
Прво почна со MTV "реалната" акција, па така од Борновиот Идентитет имаме "shaky camera", тоа беше океј таму, ама ја претераа во Bond и сите други филмови. Сега се случува истото со old school look, некогаш е погодено, ама 90% од времето ќе биде вакво срање.
И да, на почетните сцени на филмов, не само што е премногу темно, туку и на самите агли имаше затемнување? Поентата беше демек гледаме низ очите на Hoover?
Зашто потоа го немаше тоа низ целиот филм, туку само во првите 10тина минути...